Достапни линкови

На хартија, сите се за фер и демократски избори, велат експертите и дадаваат - потребно е ветувањата на партиските лидери да се остварат и на терен.

Во организација на Националниот демократски институт, после 10 мај, политичките партии учеснички на престојните парламентарни избори ќе потишат кодекс за фер и демократски избори. Предизборно примирје вчера потишаа и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Тие се обврзаа дека нема да шират говор на омраза, нема меѓусебно да се навредуваат и провоцираат.
Ова не е само договор за иднината, туку и самокритика на сопственото дејствување.

По 10 мај, кодекс за фер и демократски избори, ќе потпише и претседателот на СДСМ, вели секретарот на партијата Андреј Петров.

„Тоа е нешто што е апсолутна пракса во сите демократски земји и СДСМ во секој момент е спремен да потпише таков кодекс.“

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека досега секогаш биле иницијатори за донесување на кодекси за демократско однесување на изборите.

Фер и демократски избори се одраз на политичка култура на едно демократско општество, но ние сме тоа што сме, и ваквиот чекор е потребен, вели политикологот Хисен Рамадани.

„Еден ваков чекор кој би требало да покаже дека се она до сега што во реалноста се покажа, дека има недемократско поведение во текот на изборите со поддршка на политичките врвови, покажува дека сепак е еден доказ дека тие на некој начин кажуваат дека тоа што се правело до сега не чинело. Ова не е само договор за иднината, туку и самокритика на сопственото дејствување.“
Она што е проблематично е тоа што на претходните избори и веројатно на овие се остануваше само на формалното потпишување, а на терен тоа не се почитуваше.

Рамадани вели дека сепак, не треба да има поделба, прво да потпишиваат албанските партии, па потоа другите, туку се требало да биде подобро организирано.

„И ова делење на блокови во текот на договарањето за исто нешто, за иста цел, не зборува баш добро и за нив.“

Во прилог на зголемувањето на политичката култура оди потишувањето на овие акти за фер и демократски избори, вели професор Здравко Савески. Според него проблематично е тоа што тие не се почитуваат.

„Она што е проблематично е тоа што на претходните избори и веројатно на овие се остануваше само на формалното потпишување, а на терен тоа не се почитуваше од активистите на партиите, а пред се тоа зависи од лидерите кои го потпишуваат договорот, значи не стојат за својот збор.“

Кодекси за фер и демократски избори се потпишувале речиси пред сите избори во земјава.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG