Достапни линкови

Рационализација на администрацијата


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Очекувањата се дека преобемната, а неефикасна јавна администрација ќе биде една од главните критики во извештајот на ЕК. И првиот човек на УСАИД во Македонија, Мајкл Фриц повикува на рационализација на администрацијата.

Јавната администрација е голема и неефикасна, неретко забележуваат меѓународни организации, експерти, дипломати, па и граѓаните. На прагот пред нов извештај од Европската комисија, оваа тема повторно се актуелизира. Според пишувањата на дел од македонските медиуми, земјава ќе добие уште еден „минус“ за администрацијата. Забелешките се на место, вели политикологот Осман Кадриу:
Имаме пренатрупаност во јавната администрација, а од друга страна и тој број што и така е преголем не дава соодветни резултати, што значи дека јавната администрација не е соодветно
пополнета.


„Имаме пренатрупаност во јавната администрација, а од друга страна и тој број што и така е преголем не дава соодветни резултати, што значи дека јавната администрација не е соодветно пополнета.“

Но, дали било кој би се нафатил да изврши „рационализација“ на вработувањата, имено дали некој би се осмелил да отпушта луѓе од телото кое во јавноста неретко се нарекуваше „гласачка машина“? Кадриу потсетува дека власта е надлежна за администрацијата:

„Па, видете не дали некој би се осмелил туку според моето мислење тоа е должност на прво место на владата. Таа ја има оваа задача и треба да биде на висина на оваа задача.“

Станува збор за тешка одлука кој би требало да се изврши, вели првиот човек на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц во овонеделното интервју за Радио Слободна Европа:
Во институциите со кои ние работиме сме забележале дека во одредени области има превработување, но во други области, каде што навистина има потреба од вешти лица нема кадри.


„Нема едноставен начин. Ако историски го погледнете начинот на кој властите се справувале со прашања за јавната администрација и „надуените“ граѓански служби, нема едноставен начин да се реши сето тоа. Мора да се ослободите од работни места. Во земји со висока стапка на невработеност, тоа е многу чувствително.“

И покрај тоа што Европската комисија веќе посочи дека јавната администрација е „надуена“, од УСАИД се соочиле со видливо уникатен проблем. Во одредени делови на ова државно тело нема доволно кадри, вели Фриц:

Мајкл Фриц
„Во институциите со кои ние работиме сме забележале дека во одредени области има превработување, но во други области, каде што навистина има потреба од вешти лица нема кадри. Тоа е делумно поради неконкурентноста на владините плати, а понекогаш има и замрзнувања на нови вработувања поради актуелната економска ситуација и состојбата на државниот буџет. Сепак, станува збор за нешто со кое државата некогаш ќе мора да се справи.“

Инаку, како што денеска пишуваат македонските медиуми, Комисијата забележува дека во администрацијата во Македонија недостигаат транспарентност и професионализам. Вреди да се спомене дека официјалната верзија на извештајот на ЕК се уште не е објавена.
XS
SM
MD
LG