Достапни линкови

logo-print

(Не)Критичен извештај од ЕК?


Канцелариите на ЕУ во Скопје

Канцелариите на ЕУ во Скопје

ЕК денеска го објавува извештајот за Македонија. Според експертите, критиките треба да се сфатат како поттик за спроведување на реформите.

Забелешките од Европската комисија преточени во годишниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, владата не ги сфаќа сериозно, а опозицијата ги користи за да ја критикува нејзината работа, велат експертите. Во последниот извештај, земјава доби препорака да работи на унапредување на судството, да ја намали корупцијата и да создаде професионална администрација.
Власта секогаш ќе ги максимилизира тие позитивни нијанси во рамките на опишувањето на состојбите, а за разлика од нив опозицијата ќе ги максимализира негативностите од пораките, значи никако да дојдеме до тоа што е реална
ситуација.
Но, по една година, не само што реформите не се исполнети, туку во пресрет на годинешниот извештај, според најавите ќе бидат истакнати и проблемите со слободата на говор во земјава, како и сиромаштијата и ниското ниво на политички дијалог. Професорот Мерсел Биљали вели дека владата не ги прифаќа препораките за да се санираат и подобрат состојбите во земјава, туку ги користи за политички игри и маркетинг.

„Власта секогаш ќе ги максимизира тие позитивни нијанси во рамките на опишувањето на состојбите, а за разлика од нив опозицијата ќе ги максимализира негативностите од пораките, значи никако да дојдеме до тоа што е реална ситуација.“

Професор Здравко Савески вели дека владата ги занемарува забелешките со изговорот дека спорот со името со Грција е виновен што Македонија не може да влезе во Европската унија.

Зградата на Европската комисија

„Не се забележува дека дури и да не постоеше спорот со името, нашите евро-аспирации немаше да бидат лесни бидејќи имаме сериозни проблеми со демократијата и со економската ситуација.“
Ние треба тие реформи да ги направиме, заради нас самите, а потоа заради процесот, значи не би требало да мислиме дека ако ги остваруваме тие обврски ние му правиме на некој друг
услуга.

И Биљали и Савески велат дека таквиот пристап е штетен за евроатланската интеграција на Македонија, но и за напредокот на земјата.

„Ние треба тие реформи да ги направиме, заради нас самите, а потоа заради процесот, значи не би требало да мислиме дека ако ги остваруваме тие обврски ние му правиме на некој друг услуга“, вели Биљали.

„Оние забелешки што ги дава ЕУ не треба да ги спроведуваме поради Унијата, туку поради самите себе си, поради напредокот на демократијата во нашата земја“, вели Савески.

Премиерот Никола Груевски изјави дека очекува новиот извештај да биде позитивен и на Македонија да и остане препораката за отпочнување на преговори со унијата, додека од опозицијата го тврдат спротивното дека тој ќе биде негативен, бидејќи власта не направила ништо за да ги поправи слабостите посочени во последниот извештај.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG