Достапни линкови

Неделен печат


Лустрацијата и натаму главна тема во неделниот печат. Форум донесува тема за пописот, а Фокус пишува за „бунтот“ против Љубе Бошкоски.

Бранувањата во политичката јавност околу досиејата на некои албански политичари - наводни шпиони на странски држави како да потстивна, иако се најавуваат нови досиеја, овојпат на Македонци - кодоши. Како стивнатоста да најавува бура. Ќе видиме, впрочем.

Политичка бура од реакции, повторно во албанскиот кампус, опозицискиот, се појави по најавите за попис на населението во Македонија и со содржината на Предлог-законот за попис. Ова, и воопшто недовербата меѓу двете најголеми заедници во земјава го инспирира неделникот Форум да направи интервју со Флора Кадриу, пратеничка на Нова демократија, веројатно најгласната, покрај лидерот Имер Селмани, против тоа како што се предвидува во предлог-законот, покрај другото, пописот да се одржи во април, а не во јули. „Да не' избројат толку колку што сме“, ја цитира неделникот пратеничката во насловот на интервјуто. „Ниту бараме Албанците да излезат во поголем број, ниту сакаме да излеземе во помал број од тоа што реално сме“, вели Кадриу во интервјуто и додава дека во нејзинта партија и кај Албанците постоел страв од политички манипулации со процентите поради недовербата во институциите на системот, кои и досега не го почитувале Уставот и не го почитувале шестиот амндман за правична и соодветна застапеност, зато што во Државниот завод за статистика, кој ќе го спроведува пописот, во кадровската структура биле само 4 отсто Албанци на раководните места, а првиот човек на институцијата, уште пред да почне пописот дава лажна изјава дека има 16 отсто Албанци, вели Флора Кадриу во интервјуто за Форум.

Весници

Шпионските афери и дефакторизацијата на Албанците и натаму го интересираат Глобус, кој во најновиот број објавува текст од албанскиот писател и новинар Ким Мехмети, кој покрај другото пишува дека аферата со досиејата докажувала дека во Белград се чувала нашата колективна и поединечна биографија, па Македонија станувала заложник на мрачните бункери на УДБА. Македонците се тешат со сознанието дека ако меѓу тројца Македонци, двајца се кодоши, а кај Албанците ситуацијата е уште полоша, и според тоа што го докажуваат досиејата испаѓа дека од седуммина Албанци, петмина се шпиони, пишува во овој текст во Глобус.

Фокус, иронично се прашува кој стои зад бунтот на Љубе Бошкоски, кога во јавноста се пуштија десетици афери за Бошкоски - те Љубе го предал Јохана, те Љубе шурува со Бранко, Љубе се финансира со парите на Рамуш Харадинај, Љубе е хомосексуалец, што за секој паметен значи дека Љубе нема никакви шанси кај разочараните вмровци. Чуму тогаш пукање по „мртов Индијанец?“, прашува неделникот. Од сета хистерија против Бунтот може да се заклучи дека кај Груевци се' уште постои страв од Бошкоски, а можеби тие се плашат од реакцијата на народот, кој може ненадејно да се престраши па во еден чекор да отера се' во три фини мајчини, заклучува неделникот Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG