Достапни линкови

Исполитизирана лустрација


Комисијата за лустрација и претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски за кој Комисијата утврди дека соработувал со тајните служби

Комисијата за лустрација и претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски за кој Комисијата утврди дека соработувал со тајните служби

Партиите ја искористија лустрацијата за меѓусебна партиска пресметка, што го доведе под знак прашање целиот процес, велат експертите.

Почетните стравувања дека ниту лустрацијата нема да остане имуна на политизација се покажуваат како реални, велат експертите. Одредени случаи наеднаш се тргаат на страна, таму каде што има цврсти основи за сомнеж таа не се спроведува, а таму каде што доказите се многу танки таа се спровердува. Не се земаат предупредувањата на ескепртите за правната издржаност на одлуките со оглед на тоа што архивите сеуште се наоѓаат и во Србија и во Црна Гора. И онака задоцнетиот ,,лов на вештерки" во наши услови претставува уште еден индикатор за демократската политичка култура на нашето општество, вели професорот Здравко Савевски.
Ако се сака да се расветлат шпионите и кодошите тогаш тоа треба да се направи не на начин кој што би личел на поранешниот систем

,,Ако се сака да се расветлат шпионите и кодошите тогаш тоа треба да се направи не на начин кој што би личел на поранешниот систем, веќе за жал мене ова почнува да ми личи како да се враќа комунизмот и мора јавноста да притисне барем малку овој процес да заличи на процес во една демократска земја."

Законот не може да биде носител на вината, тој е прилично јасен и тој и дава јасни компетенции на комисијата да го спроведе процесот и тој личи на законите донесени и во другите посткомунистички земји, вели професорот Осман Кадриу, а слабостите ги гледа во политичката волја и кај самата комисија доследно и одговорно да го спроведе.

,,Затоа што вака како што оди работата навистина се доведува во прашање и авторитетот на Комисијата и спроведувањето на законот и
Затоа што вака како што оди работата навистина се доведува во прашање и авторитетот на Комисијата и спроведувањето на законот
мое мислење како правник е дека ако вака се одвиваат работите Парламентот треба да донесе закон за ставање вон сила на овој закон, со тоа и на самата Комисија."

Додава Кадриу. Самиот легитимитет на комисијата е клучен фактор за успешно завршување на процесот на лустрација, се согласува Савевски па оттаму таа со веќе загубен авторитет во очите на јавноста е прашање колку може да го заврши процесот веќе тргнат во погрешна насока. Последната партиска пресметка на тема лустрација ја водат ДУИ и ДПА поврзана со трите доставени досеијеа на високи партиски функционери на ДУИ. Комисијата до сега утврди единствено за претседателот на Уставниот суд дека соработувал со тајните служби. Владата веќе подолго време го смета Уставниот суд за најголем кочничар на голем дел од нејзините проекти.
XS
SM
MD
LG