Достапни линкови

Најавениот попис на населението, повторно се проблематизира од дел од албанските партии. Бараат тој да се спроведе кога албанските иселеници ќе бидат во Македонија.

Кога има попис кај нас тоа се проблематизира од повеќе аспекти. Еден од аспектите кој го нагласува албанскиот блок е временскиот интервал во кој треба да се спроведе. Пописот се врши на секои 10 години и обично во април. ДПА веќе навести дека нема да учествува на пописот поради терминот на неговото одржување, а за Нова демократија спорна е улогата на комисијата. Албанските политички партии бараат пописот да биде во средината на наредната година како олеснителна околност зошто тогаш иселениците ги поминуваат годишните одмори тука, вели Професорот Осман Кадриу кој има искуство како член во Комисиите кои вршат попис:

,,Со пописот како што е познато се врши попис и на населението и на недвижниот имот, а сите тие податоци лицата можат да ги дадат кога се физички присутни тука, а не на пример преку други лица со полномошно итн."

Концептот на самиот попис мора да е задолжително во рамките на препораките кои што се даваат од страна на ОН ...



Професорот Никола Панов од Институтот за демографија смета дека основата причина поради која албанските политички партии бараат пописот да се спроведе во термин кога иселениците доаѓаат во земјава има поинакви мотиви, да се завршат државјанствата на Албанците кои живеат на Косово и дел од Албанија кои имаат двојни државјанства:

,,Процесот започна некаде околу 2003-2004 година, кога масовно почнаа да им се даваат државјанства, а особено после пребегнувањето од Косово кога беше кризата во Србија во 1995 година и сега останува околу 50-60 илјади да ги добијат тие државјанства за да се зголеми нивната популација на еден вештачки начин."

Илустрација: пополнување на формулар за попис


Во 2002-та година за време на последниот попис имаше различни толкувања во врска со процентот на Албанците. Досега се направени осум пописи на населението кај нас. Универзитетскиот професор Аница Драговиќ вели дека службите од аспект на техничка подготвеност имаат доволно анкетари и капацитет и обучени лица да го спроведат пописот. Државата не отстапува од она што е дадено во рамки на препораките а службите односно Заводот за статистика е во комуникации со институциите на меѓународно ниво. Ние како членка на ОН сме должни да направиме попис и финансиите се даваат и од ОН и различни меѓународни фондови вели проф. Драгович

,,Ги користиме податоците како држава, но тоа е една меѓународна активност. Концептот на самиот попис мора да е задолжително во рамките на препораките кои што се даваат од страна на ОН, значи мора да се почитуваат и техниките и методите и пристапот за прибирање на податоците кој е во рамките на некои меѓународни документи."

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се договорија дека пописот ќе го спроведе Државната пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика, а благ мониторинг ќе врши ЕУРОСТАТ, институција за статистика на ЕУ. Досега се направени осум пописи, а најновиот ќе чини 14 милиони евра.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG