Достапни линкови

Политизација на пописот


Скопје
Скопје

Надлежните со повик до политичките партии да не го користат пописот на населението за политички поени и калкулации. Државниот завод за статиска ги започна подготовките.

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми вели дека пописот не треба да се користи за политички цели. Тој се надева дека нема да се остварат заканите за бојкот на пописот.
Ова е процес што зависи исклучиво од нас самите и што треба да биде показател за капацитетот на институциите, зрелоста на политичките партии, но најважно од се и достигнатото ниво на меѓусебната доверба


,,Сметам дека политичките партии во Македонија се доволно свесни дека овој процес е многу битен за државата и за оние што тие ги претставуваат како политички партии."

И министерката за надворешни работи Гордана Јанкуловска вели дека пописот не треба да се доведува во ситуација на политички калулации и е поважен од било какви политички поени.

,,Ова е процес што зависи исклучиво од нас самите и што треба да биде показател за капацитетот на институциите, зрелоста на политичките партии, но најважно од се и достигнатото ниво на меѓусебната доверба."

Илустрација: формулар за попис
По барање на македонските власти пописот ќе го надгледуваат од канцеларијата за статистика на ЕУ „Евростат“. Директорот на институцијата Питер Еверерс вели дека Македонија мора да ги следи препораките од Унијата за спроведување на пописот, бидејќи ова е од голема важност за процесот за пристапување.

,,Не смеете да направите грешка. Ако се случат грешки тоа ќе повлече големи последици. Не можете да го повторите пописот за две години затоа што тоа е многу скапо. Затоа треба да бидете многу, многу добро подготвени."

Во посета на земјата е независниот експерт Жан Мишел Дур кој мониторирал и учествувал во спроведувањето на повеќе пописи на секаде низ светот. Тој сега ги проценува состојбите во кои треба да се одржи престојниот попис.

,,Ние како тим ќе ги разгледаме сите документи што ќе ги даде Државниот завод за статистика, ќе спроведеме неколку посети, во моментов сум сам во тимот, но тој ќе биде зголемен со дополнителен број експерти."

Дур препорачува да се направат повеќе кампањи за да се запознаат граѓаните од какво значење е попишувањето.
Ние како тим ќе ги разгледаме сите документи што ќе ги даде Државниот завод за статистика ...

Престојниот попис што ќе се одржи во април е деветти по ред во историјата на земјата и трети од осамостојувањето. Директорката на државниот завод за статистика Благица Новковска вели дека наголемо се подготвуваат да го спроведат овој скап и сложен процес.

,,Ние започнавме со подготовките, интензивни подготовки во 2008 година, а сето тоа во согласност со законот за државна статистика."

Во април 2011-та ќе се споведуваат пописи низ повеќе земји членки на ЕУ и кандидатки за членство.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG