Достапни линкови

Груевски даде отчет за изминатите четири години


Премиерот Никола Груевски на денешната прес конференција

Премиерот Никола Груевски на денешната прес конференција

Премиерот Никола Груевски, сам, без вообичаениот министерски декор во позадина речиси 90 минути говореше за сработеното.

Светската економска криза и проблемот со името поради кој нашиот пат за влез во НАТО и ЕУ е блокиран и покрај исполнувањето на критериумите од Алијансата и реформите се двата најголеми проблеми овие четири години изјви премиерот Никола Груевски во своето
Секоја дискусија која ќе се води, секој компромис кој евентуално би бил понуден, на крај ќе заврши пред вас и одлуката ќе биде ваша. Тоа право никој нема да виго одземе без оглед колку силна пропаганда да води, барем додека јас сум на чело на оваа влада.
излагање во кое даде отчет за сработеното. Ке напарвиме се што е во наша моќ да најдеме решение на проблемот што ни го наметна Грција поврзан со името и нашиот идентитет рече Груевски но со напомена да се внимава тоа да не биде на штета на националните и државните интереси. Тој повтори дека одлуки од ваков тип од висок национален интерес се носат заедно не поради немање визија и храброст туку заради основните демократски постулати.

„Секоја дискусија која ќе се води, секој компромис кој евентуално би бил понуден, на крај ќе заврши пред вас и одлуката ќе биде ваша. Тоа право никој нема да виго одземе без оглед колку силна пропаганда да води, барем додека јас сум на чело на оваа влада.“


Во своето излагање Груевски наглси дека посветено се работи за наогање решени за што побрзо зачленуавње во нато и ЕУ но дека пред нас имаме силен противник.

„Имаме сериозен противник кој е неколкукратно посилен во однос на ресурсите, во однос на изграденоста на капацитетите и во однос на неговата прозиционираност внатре во НАТО и ЕУ, како член. Тоа воопшто не е лесна битка и треба да го имаме предвид, меѓутоа, имаме за што да се бориме. Нешто што е поврзано со нас самите.“
ДУИ во првите две години не беше дел од оваа влада, беше во опозиција и според тоа оценивме дека би било и непријатно за нив да бидат денеска присутни и од таа причина.


Зад премиерот Груевски денеска во владата не беа министрите и членовите од ДУИ.

„Партијата ДУИ во првите две години не беше дел од оваа влада, беше во опозиција и според тоа оценивме дека би било и непријатно за нив да бидат денеска присутни и од таа причина, јас како премиер којшто четири години е премиер одлучив на ваков начин да ја извршам презентацијата. Инаку, односите се нормални, одлични и имаме одлична соработка.“


На економски план Груевски смета дека Буџетот има капацитет за спроведување на најавените проекти и покрај намалените приходи како резултат на светската економска криза, која го одложила, но не го прекинала нивното реализирање. Како позитивни показатели тој ги зидвои недозвлуавњето потреси во банкарството сочувавната монетарна и девизна стабилност.Рецесијата ке значи дека е минато кога ќе може да се оствари раст на БДП од 5,6 7 или 8 проценти.

Инаку тој не одговори колку изнесува долгот кон стопанството на државата велејќи дека тоа е менлива категорија. Во својот широк говор премиерот се осврна на проктите кои се започнтиа и кои се во тек во изминатите четири години од капиталните проекти до помали прокти од локалната самоуправа комуналниот живот на општините и екологијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG