Достапни линкови

logo-print

Ноемвриски избори?


Од вчерашниот митинг на опозицијата

Од вчерашниот митинг на опозицијата

Опозицискиот СДСМ, на вчерашниот митинг порача дека во ноември ќе бара распуштање на Парламентот, без разлика на решението за името. Во информациите за можно решение на името, аналитичарите го гледаат мотивот на промена на ставот на СДСМ кој претходно јасно кажуваше дека изборите ќе зависат од исходот на самитот на НАТО.

Официјално, се уште нема никакви најави за нова рунда преговори на медијаторот Нимиц со двете страни во спорот за името. Од она што премиерот го изјавува во своите последни изјави, комуникацијата со посредникот е интензивирана и се бараат начини да се направи исчекор. Експертите велат дека ставовите во двете држави омекнуваат, барем според изјавите на двајцата премиери, и дека
Тоа дава одредени индиции дека е возможен напредок во решавањето на прашањето до ноември.
Тоа е само еден дел од проблемот со кој се соочува Македонија, блокада во интеграциите, многу повеќе во моментов се исто така економската сиромаштија, криминалот и корупцијата, колапсот на здравството... Сето тоа укажува дека толку се големи проблемите, што не е оставен простор да се чека оваа Влада понатаму нешто да покаже.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на вчерашниот митинг најави битка за предвремени избори



Најголемата опозициона партија, барем според досегашните изјави, од разврската на ова прашање ги услови своите на наредни чекори или дека ќе побараат избори доколку и по самитот на НАТО останеме блокирани во понатамошните интеграции. По вчерашниот митинг, извесна промена на ставот - тие ќе бараат избори без оглед на исходот во ноември.

„Тоа е само еден дел од проблемот со кој се соочува Македонија, блокада во интеграциите, влезот во институциите е само еден дел од проблемот, многу повеќе во моментов се исто така економската сиромаштија, криминалот и корупцијата, колапсот на јавниот систем на здравството... Сето тоа укажува дека толку се големи проблемите, што не е оставен простор да се чека оваа Влада понатаму нешто да покаже.“

Вака Андреј Петров од СДСМ ги појаснува пораките од митингот коишто се однесуваат на нивното барање за распуштање на парламентот. Оттаму велат немаат никакви информации дека може да се реши спорот до ноември зошто процесот се води крајно нетранспарентно.

Станува збор за јасна промена на ставот кај СДСМ, вели Андреј Жерновски од ЛДП:

„Очигледната промена на ставот кај претседателот на СДСМ е јасен доказ дека и тие како партија располагаат со информациите кои
Кога веќе почнале да бараат предвремени избори, мора таа битка да ја тераат до крај.
што веќе кружат во јавноста, дека сме блиску на некој начин до решение за името и дека Груевски е влезен во фаза на ’пазар’.“

Политикологот Петар Арсовски вели дека последните изјави и атмосферата во јавноста упатува на можен напредок во спорот за името што може да биде една од причините за промената на ставот кај најголемата опозициона партија.

„Вториот дел од приказната е дека опозицијата не може, кога веќе почнале да бараат предвремени избори, мора таа битка да ја тераат до крај. Тие не можат да предвидат што ќе се случи до Самитот во ноември, дали ќе се реши прашањето или нема да се реши, па затоа мислам дека се влезени во варијанта без оглед на тоа што ќе се случи тие би оделе на предвремени избори“, изјави Арсовски.

XS
SM
MD
LG