Достапни линкови

logo-print

Економист: Македонско преуредување


,,Главниот град добива контроверзно дотерување,, под овој наслов, угледниот Економист објавува напис посветен на проектот Скопје 2014 за кој пишува дека иако е тешко да се верува дека станува збор за нешто сериозно, сепак, тој се случува.

Има повеќе привлечности, но архитектурата не е една од нив. Преизграден по земјотресот во 1963 година кој збриша поголем дел од Скопје беше со години карактеризиран со грди бетонски блокови и чудни празни простори.

Но, годинава конзервативната влада на Никола Груевски продуцира видео снимка која ја откри целата амбиција за Скопје 2014, односно нејзиниот план за радикална реиновација на центарот на градот.

Тешко беше на оваа шема да се гледа како на нешто сериозно. Петнаесет големи згради, вклучувајќи ги и новото Министерството за надворешни работи и Уставниот суд, треба да бидат изградени од нула.

Постарите зданија, како што е Парламентот, треба да добијат куполи и други дополнувања. На главниот градски плоштад владата ќе подигне гигантска статуа на Александар Велики.

Поддржувачите на плановите велат дека, по децении стагнација, Скопје конечно ќе ја добие регенерацијата што ја заслужува, тоест
Тешко беше на оваа шема да се гледа како на нешто сериозно. Петнаесет големи згради, вклучувајќи ги и новото Министерството за надворешни работи и Уставниот суд, треба да бидат изградени од нула.
своите херои комеморирани во мермер и бронза.

Скептичните критичари, пак, саркастично прашуваат чиј триумф ќе слави Триумфалната капија.

Сепак, тоа се случува. Нови згради никнат до брегот на реката Вардар, а на неколку недели се открива и некаква нова статуа. Се подготвува и земјиштето за скулптурата на Александар Велики, која треба да биде завршена следната година.

Но, тоа не е и крај на контроверзноста. Предложената статуа на Александар ја разгневи Грција, која вели дека нејзиниот северен сосед користи симболи на грчкиот идентитет, наведува весникот, посетувајќи дека двете земји 19 години се во спор околу името.

Македонските албанци, кои, според Економист, се четвртина од населението, исто така притискаат. Ако треба да постои нова градска црква, тогаш, како што велат, зошто да нема и џамија? А ако македонските херои треба да се слават преку статуи, тоа значи дека може да се најде простор и за уште неколку Албанци, пишува весникот, наведувајќи дека во Скопје веќе има статуи на Мајка Тереза и на Скендербег.

Економист, меѓу другото, ја цитира Радмила Шеќеринска од опозицијата која оценува дека Груевски всушност поставил умна стапица. Имено, според неа, политичарите ќе се борат да ги оспорат плановите што ги нагласуваат националистичките и верските вредности и ја исмеваат Грција.

Економист цитира и извор близок на владата кој побара анонимност и кој вели дека проектот не се само начин за дотерување на стариот изглед на градот, туку исто така ги држи луѓето на работа.

,,Што се однесува до грците време е да прифатат дека Македонија е независна држава која во најмала рака може да решава за сопствена внатрешна декорација.,, го цитира Економист анонимниот извор во македонската влада.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG