Достапни линкови

Спорот за името тапка во место


Македонскиот и грчкиот премиер, Никола Груевски и Јоргос Папандреу

Македонскиот и грчкиот премиер, Никола Груевски и Јоргос Папандреу

Затишје во активностите за спорот за името. Според експертите проблемот е заглавен на подолг рок и засега нема надеж за решение.

Се приближува одржувањето на генералното собрание на Обединетите Нации, самитот на НАТО и извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија, но за најважното прашање од кои зависи евроатланската интеграција на земјава има само молк. Затишјето околу проблемот со името за експертите значи дека решение нема да биде постигнато. Во изминатиов период немаше информации за контакти на земјава со грчката страна и преговарачот Метју Нимиц. Од Mинистерството за надворешни работи велат дека нема ништо
Грчката позиција горе-долу е јасна, македонската позиција исто така во изјавите на раководителите на македонската политика и држава е очигледна то така јасна, дека се нема намера да се оди на решавање на овој многу тежок проблем
ново во преговорите. Својот став во последниве недели единствено го прeзентираше македонската дијаспора, која бара прекинување на преговорите, како и некои интелектуалци од земјава кои сметаат дека компромис не може да се постигне. Премиерот Никола Груевски тогаш ја отфрли можност за исполнување на нивните барања, но изјави дека се многу внимателни во преговорите. Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Денко Малески вели дека ако имаше некакви надежи дека нешто може да се постигне веќе тие надежи згаснуваат и станува јасно дека целиот проблем е заглавен на подолг рок и тој не гледа можност во догледно време да се најде излез од ситуацијата.
Проф. Денко Малески

,,Грчката позиција горе-долу е јасна, македонската позиција исто така во изјавите на раководителите на македонската политика и држава е очигледна то така јасна, дека се нема намера да се оди на решавање на овој многу тежок проблем на начин на кој што не притиска соседната држава, така што мислам дека на подолг рок може да сметаме дека ова прашање нема да се реши.“

Професорот Димитар Мирчев вели дека се чека на новиот предлог на Нимиц кој треба да биде презентиран некаде во септември, по кој според него ќе следат средби на Груевски со Папандреу во Атина или Скопје, но и тој не очекува да се дојде до решение.

,,Не верувам дека може толку бргу да се разреши тоа прашање меѓутоа доколку двете страни кажат за овој предлог-иницијатива што се очекува дека е основа за разрешување на прашањето, може да влијае на некои одлуки на НАТО.“

Според експертите, реконструкцијата на грчката влада и локалните избори закажани за есен нема да влијаат врз текот на преговорите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG