Достапни линкови

Вести

Крај на заложничката драма во Алжир

Алжирските специјални единици го ослободиле последниот објект од окупираниот комплекс, при што загинале 11 исламистички милитанти. Државните медиуми јавуваат дека милитантите поврзани со терористичката Ал Каеда убиле седуммина заложници денеска. Алжирските власти соопштија дека 16 странци биле ослободени од заложништво, меѓу кои двајца Американци, двајца Германци и еден Португалец. .

Убиени двајца бомбаши во Авганистан

Бомбаш самоубиец и неговиот соучесник загинале во инцидент со безбедносните сили, соопштија властите во авганистанската провинција Херат. Двајцата напаѓачи биле на мотор и се движеле во правец на објектите на локалните власти кога безбедносните сили пукале кон нив. Нема други загинати и повредени во инцидентот.

Насилни протести во Баку

Полицијата во Баку се судри со продавачи кои го блокираа главниот автопат во Азербејџан во знак на незадоволство од зголемените кирии за просториите во најголемиот трговски центар во земјата. Вооружените сили употребиле солзавец кон илјадниците насобрани, откако дел од демонстрантите почнале да фрлаат камења кон полицајците. Сопствениците на трговскиот центар, за кои се шпекулира дека се поврзани со државни службеници, велат дека повеќето од насобраните се бунат против нов закон со кој се обврзуваат трговците да користат фискални каси.

Пронајдени 15 изгорени тела во Алжир

Алжирските безбедносни сили пронашле 15 изгорени тела во рафинеријата за гас која ја нападнаа милитанти поврзани со терористичката Ал Каеда, јавуваат медиумите. За сега не е јасно дали загинатите биле вработени во комплексот или милитанти кои го нападнаа објектот на 16 овој месец. Безбедносните сили воспоставија контрола над поголем дел од градбите но во неколку згради се уште има милитанти. Владата претходно потврди дека 12 Алжирци и двајца странци загинале во текот на операцијата за спасување на 17 Јануари.

Груевски понуди лидерска средба, СДСМ бараат фер избори

Премиерот Никола Груевски за медиумите изјави дека е подготвен да свика лидерска средба со цел надминување на политичката криза во Македонија. “Можеби Црвенковски сака земјава да влезе во криза, за граѓаните да бараат излез во друга партија. Тоа е лоша ментална матрица. Нему најважен му е сопствениот интерес, а на крај државниот“ вели Груевски во интервју. „Ние сме подготвени да постигнеме политички договор, но нашиот став е многу јасен: прифаќаме избори организирани според демократските критериуми, ако се фер и не отстапуваме од барањето парламентарните избори да се одржат заедно со локалните“ вели портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ за Плусинфо.

Тачи: Србија „де факто“ и „де јуре“ почна да го признава Косово

Србија „де факто“ и „де јуре“ почна да ја признава Република Косово. На северот конечно треба да има ред и закон, треба да има суд, да се спроведат слободни избори и авторитетите на Косово функциите да ги имаат на целата територија на земјата. Ова е ставот на косовскиот премиер Хашим Тачи, по постигнатиот договор со Србија за царината, што го смета за уште еден успех на косовската држава. Тачи, како што пренесува агенцијата Балкан веб, средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ ја оценил како еден добар почеток. Според него, секоја држава има Митровица или проблематичен дел во земјата, но териоријалната целост на Косово, според него, е меѓународно призната и загарантирана.

Иран тврди дека има напредок во преговорите со ОН

сателитска снимка од нуклеарниот комплекс во близија на Куом
сателитска снимка од нуклеарниот комплекс во близија на Куом
Иран тврди дека напредува во разрешувањето на нуклеарниот спор со Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации и покрај тоа што разговорите меѓу двете страни не завршија со договор. На инспекторите на Обединетите нации и понатаму не им е дозволено да извршат контрола во иранска нуклеарна база. Претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија сакаат да проверат дали иранските власти спроведуваат тестови за претворање на нуклеарната програма на Исламската република во производна линија за нуклеарно оружје. Иранските државни медиуми, од друга страна, јавија дека двете страни до одреден степен успеале да ги надминат разликите.

Обама се подготвува за инаугурацискиот викенд

Американскиот претседател Барак Обама ќе организира „Национален ден на служба“ кон почетокот на инаугурацискиот викенд, кога ќе се одбележи крајот на неговиот прв и стартот на вториот мандат. Пред неговата прва инаогурација во 2009 година Обама помогна со реновирањето на прифатилиште за проблематични тинејџери и ги посети ранетите војници во армискиот медицински центар.

Четиридневна заложничка драма во Алжир

Безбедносните сили во Алжир четврти ден се справуваат со милитантите кои окупираа комплекс за природен гас во близина на границата со Либија. Владините сили ослободија голем дел од комплексот, но милитантите се уште окупираат неколку згради. Владата соопшти дека дванаесетмина заложници биле убиени во текот на операција за спасување на 17 овој месец. Медиумите јавуваат дека осумнаесетмина киднапери биле убиени во операцијата, со што стотина заложници - вработени во комплексот успеале да избегаат. Вашингтон и Париз потврдија дека еден Американец и еден Француз се меѓу убиените заложници.

„Хјуман Рајтс Воч“ со критика за властите во Египет

Центрите на тортура во Сирија, обележани од Human Rights Watch
Центрите на тортура во Сирија, обележани од Human Rights Watch
Меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“ соопшти дека властите во Египет бесправно вратиле двајца сиријски бегалци назад во нивната родна земја. Двајца Пакистанци од Сирија исто така се во опасност од депортирање. Претставникот на организацијата Бил Фрелик рече дека властите во Египет, согласно меѓународните конвенции, не смеат да депортираат лица кои се во опасност во земјата од каде мигрираат.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG