Заладувањето на времето и почетокот на грејната сезона повторно на површина ја извади најголемата болка на граѓаните – не се дише. Се чини дека дел од нив го имаат пронајдено решението. Оние кои до пред неколку години постојано се жалеа на воздухот, откако дојдоа на власт се чувствуваат како на Швајцарските Алпи.
☠️Не е само аерозагадувањето!За се се бара АЛИБИМакрон е крив⚠️👇👇👇👇👇👇👇👇 pic.twitter.com/whgsBRqliN
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) October 30, 2019
Оние, пак, кои до пред неколку години велеа дека критиките за загадувањето се опозициска пропаганда почнаа да развиваат алергии и бронхопневмонии.
Велеа дека Југохром го загадува Тетово, па го затворија...Еве го исчистија Тетово, ама од услови за живот... pic.twitter.com/vIybO6f0wx
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) October 29, 2019
Додека партиските лидери тераат висока политика во пресрет на изборите најавени за напролет, граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека прво треба да се преживее зимата.
Сепак, ни датумот нема да го исчисти воздухот, а се чини дека и чист воздух ќе добиеме „мало сутра“.
Мнозинството, пак, бара преземање конкретни мерки и одговорност. Дел од граѓаните на социјалните мрежи потсетуваат дека актуелната власт протестираше за чист воздух, а сега велат дека проблемот е сложен и не може брзо да се реши.
Еве ги нашите соборците за чист воздух кои денеска си уживаат во фотелји. Многу брзо ги заборавија нивните заложби. pic.twitter.com/azwI2MC72c
— Пазарџиката. (@pazardzikata) October 30, 2019
Цела сегашна владеачка постава од сдсм доаѓаше со нас на протести за воздухот. Рада ветуваше брзо справување со проблемот. За жал, исто како Шарените со Мартин, и тоа било само алатка за да се дојде на власт. Ниту сакаат, ниту се способни да го решат проблемот.
— Aleksandar (@saltwatered) October 30, 2019
Точно е дека е загаден воздухот ама барем сега ПМ честичките се проевропски, а не режимски ко порано.
— ЦентарскаШмизла (@Zoran17506577) October 30, 2019
Министероф Нуредини предложил полицијата да се вклучи во фаќање на загадувачите. Дуд, какo да ти објаснам - нив луѓе им бегаат, CO2 ќе фаќале.
— Сексипл Ијрупијан (@PrepodobnaTaisi) October 29, 2019
— Госпоџа Министарка (@KODiranaVistina) October 30, 2019
Ние имаме план и ние ќе го решиме проблемот со загаден воздух кога ќе дојдеме на власт.*го решија pic.twitter.com/RJxEV7Dx07
— Водоотпорна вода (@geosinklinalno) October 30, 2019
На дел од граѓаните не им е до шега.
Дванаесет од вкупно осумнаесет државни мерни станици не мерат концентрација на штетните ПМ 2.5-честички во воздухот. Останатите шест мерни станици, за кои стои податок дека мерат ПМ 2.5-честички, денес покажуваат високо и средно загадување.На прав пат...
— Ivor Mickovski (@nezenzabar) October 25, 2019
Додека не се блокира целосно градот со протести и барикади, и не се бара детална независна истрага што е изворот на загадувањето и се спроведат конкретни мерки против тоа, ништо нема да се смени. Не може после толку години реакции на граѓаните да не се казни никој.
— Igor Trajkovski (@mkrobot) October 30, 2019
Почнуваме за неколку дена.Пинпоинт на изворот на загадувањето ќе се врши со триангулација врз климатолошка мапа.Сите податоци ќе бидат јавни и во реално време.Се%27 ќе биде појасно кога ќе ги поставиме станиците.
— Никсон (@rnixn) October 30, 2019
Премиерот ги лоцира виновниците.
Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата со загадувањето на воздухот. Затоа, дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 31, 2019