Кафеанџиите се пожалија дека владините мерки за помош на угостителскиот сектор се недоволни и селективни и нема да ги користат. Рекоа дека досега се отпуштени околу 15 илјади вработени од угостителско-туристичкиот сектор и дека отпуштањата ќе продолжат. Не сакаат кредити, туку владата да се погрижи за отпуштените работници. Во овој сектор има 6000 фирми со околу 20 илјади вработени.
Реакцијата на кафеанџиите предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи: Продавате пиво за 150 денари, возите џипови, се правите газди, а немате две плати да им дадете на луѓето, коментираат едни.
На големиве скопски газди, фирмите за 15 дена им пропаднаа, па бркаат од работа и намалуваат плати. Ете, колку ГОЛЕМИ биле. Ситни души.
— Srekjko Popovski (@srepop) April 8, 2020
Истиве кафанџии на чело со Тренд, што сега кукаат, (инаку ги заболе органот за вработените) за отприлика месец дена ќе продаваат кафе 150 и пиво 300 ден. Нека трепка ова!
— GK (@KG_OhriT) April 8, 2020
Нема оправдување за потегот на угостителите. Да не сакаш да ги задржиш вработените на кој државата ќе им дава два месеци минимална плата. Они не сакаат ни придонеси да платат, они сакаат државата све да им плати. Они не биле погоден сектор, туку со одлука затворен сектор.Багра! pic.twitter.com/SGgGmTGNbP
— Gandalf the Red (@_redgandalf_) April 8, 2020
Овие т.н. газди на кафичи и кафани во Битола се стварно сиромашки имат само 2 3 коли 1 2 џипој по 2 3 станчиња и по 1 2 куќи
— ТУТУНОБЕРАЧИТЕ 2.0 (@busime1508) April 8, 2020
Колку треба да си искључен од реалност да мислиш дека у време на пандемија ќе добиеш симпатии од народот со тоа што се закануваш дека ќе бркаш луѓе од работа ако не е по твое?
— Ljubiša (@Sulimanovic) April 8, 2020
Искрено кафанџии и газди на бутици ич не ме замараат. Вработените на црно што работат по 60ч секако. Вработените би требало да се спасат газдите робовладетели и неплаќачи на данок нека шетаат Тирол.
— Jovan P ⛅🍀 (@jp_wanderer) April 7, 2020
Е бе кафанџии, само плачете сега, а праевте милиони до пред еден месец и сите бевте со, џипови од мин 50к евра. Сега плачите државата да ги покрива трошоците за вработените или ќе ги одјавите на крај на месец.Тамам да видиме што луѓе сте, допрва ќе трпите од нас ради понашањево
— 22 (@Aaquaariuss) March 25, 2020
Значи сектор угостителство нека олабаат малце со драмиве, за еден месец да отоворат кафани за 2 недели цел профит ќе го вратат. Ебате газдите, резервираа маси однапред за 2 недели, сега неможат пола месец да издржат. Има други сектори што се многу позасегнати у моментов
— lanister_cersei (@lanistercersei1) April 8, 2020
Други веќе прават црни листи на угостителски објекти кои го отпуштиле персоналот и повикуваат на бојкот на тие локали што ќе отпуштаат работници.
Ајде да направиме една црна листа од кафичи, ресторани и кафани кои ги отпуштиле вработените во овие кризни времиња и ги оставиле на цедило кога им е најтешко. Кој знае нека пишува!
— Дечкото со Точакот (@bajkerot) April 8, 2020
Напрајте список кои кафани бркаат вработени, па кога ќе помине ова да се видиме!Да ги прашам од што ќе живеат кога ќе им бидат празни кафеаните!
— Г-ин Ковид _19 (@Coyote_1902) April 8, 2020
Со кое право овие излегоа да бараат повеќе пари од државата и Буџетот??Па не се тоа од Марс пари, од даноци мои и твои пари се.Ако не се способни месец, два да опстанат и да поделат плати на вработените, одма нека затворат.А на тие што ги познав, у кафана веќе не им стапнувам. pic.twitter.com/84RSkmZAEm
— Homer (@Murec4) April 8, 2020
Кафанџии и Ресторани шо ќе ги избркаат вработените а у меѓувреме ке реновираат ЌЕ ГИ ЛЕПАМ СЕКОЈ ДЕН НА ТЛ... жив чоек да не им влезе у кафаните, шупци алчни... Ако имаш за плочки и сепариња ќе имаш и за персоналот што рани дечиња со платата !
— Бапчо (@TheFitzzz) March 28, 2020
Драги кафанџии, после вашиве плачки, моја нога во кафана не ви влегува.Покажавте кое дно сте. Пивото после и по 50 денари ќе го продавате, ама ќе немате за кого.
— 22 (@Aaquaariuss) March 25, 2020
Трети, пак, повикуваат, по завршувањето на кризата, државата да не биде толку попустлива кон угостителите.
сега е право време за нов закон за угостителство- нема пушење- нема користење тротоари и тревници- нема отварање локали во згради во кои има станари физички лица
— Jovan P ⛅🍀 (@jp_wanderer) April 8, 2020
Да се потсетиме дека Владата го нормализираше пушењето во „затворени тераси“ и го наруши јавното здравје баш за да им угоди на кафанџиите. Play stupid games, win stupid prizes.
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) April 8, 2020
Што е следно од кафеанџиите, ќе ја срушат сивата економија?
— Astérix (@SendvicSoVegeta) April 8, 2020
После коронава да се донесе закон кафаните, кафичите и дискотеките да НЕ СМЕАТ да стават цена повисока од 100% маржа на производот од влезната фактура!!! #кафани #кафичи #дискотеки
— Sovetnikot 🎩 (@JamesonNaEks) April 8, 2020
И покрај сите олеснувања, угостителите постапија како што постапија. Кога ќе помине сето ова, на ред е владата и градовите да им дадат уште некое "олеснување". Сакаш маси надвор? 1000€ месечно ПО СТОЛ! Ебати газдите неизживеани, 1 месец плата шо не можеш да дадеш!
— Д%27Џокер (@danieldeni) April 7, 2020
Сепак, има и поинакви размислувања. Дел од граѓаните коментираат дека работите не се толку црно-бели. Се плаќаат кредити, се плаќаат кирии, а прометот е нула. Никој не сака да ги отпушти работниците, ама нема со што да им плати.
Додека не отвориш нешто свое и водиш бизнис, секоја “ескпертиза” ти е рамна на парче тоалет папир.
— Алегорија (@alegorija) April 8, 2020
Не го земаш фактот дека некој реинвестира, гради, доградува нешто? Дека некои кафани имаат и други кредити? Плус даночниот биланс се прави до 15 март и секоја кафана треба да доплати данок од добивка и месечни аконтаци на ддв и данок од добивка. Кириија? Најмал проблем се платите
— Даскало (@Talesot) April 8, 2020
За жал, голем дел од коментарите се со потсмев токму на барањата на приватниците. Многу барале. Зошто да им се помогне и сл. Затоа што 30г. плаќаат придонеси, даноци, казни, полнат фондови. Затоа!Ќе биде многу жално кога ќе останат десетици илјади на улица, невработени. Јбг!
— Chone(vacha) (@Chonetina) April 7, 2020
Глеам се бунат скапи биле цените по кафаните, па кој ве тера да идете по кафани кога сте клошари и сакате да праите шема со 100ден од на баба пензијата
— Вентор (@Nagasakiakiaki) April 8, 2020
Владата, пак, смета дека мерките што ги предложи се доволни и оти кафеанџиите уценуваат. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека државата субвенционира минимална плата за сите вработени, а фирмите треба да ги платат само придонесите. Јасно е дека дел од нив се постојано во обид да работат на црно и постојано се креативни во изнаоѓање решенија како да избегнат плаќање давачки кон државата, рече Бектеши. Кафеанџиите, пак, се жалат дека условите се така поставени што е речиси невозможно да се добијат овие пари.
Најава за отпуштање и отпуштање се две различни работи. Ова е само притисок на угостителите да добијат повеќе. Нема ни 1500 отпуштања да има.
— Aleksandar Bajkov 🔱 (@abajkov) April 7, 2020
Сепак, дел од луѓето се свесни дека првиот ден кога ќе се укине забраната, кафулињата, кафеаните и рестораните ќе се наполнат со луѓе.
И да, угостителите најбрзо ќе се опорават од ова. Уште првиот ден ќе бидат полни сите локали
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) April 8, 2020
Коа ќе се укине #СедиДома , прв ден отворени кафани.Народот: pic.twitter.com/6PTXuwunMy
— Чичко Стоилко (@cicko_stoilko) April 8, 2020
Не би рекла дека ќе бараат гости, на првото ослободување,полни ќе бидат баш оние кои се најаскапи,кои ги узурпираа сите тротоари,паркови. Ние сме таков народ не одиме таму каде што треба,туку таму каде што ќе бидеме видени. Не сите газди на кафани имаат пари за да го поминат ова.
— Bibby (@BibbyB) April 7, 2020
Како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, владата ја забрани работата на сите кафеани, кафулиња и ресторани на 14 март. Досега во земјава се регистрирани 617 инфицирани од вирусот, а 29 луѓе починаа од болеста.