Достапни линкови

Угостителите ги одбија мерките од Владата: Така повеќе ќе се задолжиме


Архивска фотографија - Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство

Угостителите од земјава, кои по стапувањето на сила на уредбата на државата и мерките за заштита од вирусната инфекција не работат, на заедничка прес конференција во рамки на Туристичко- угостителската комора на Македонија, соопштија дека нема да ги користат владините мерки за помош, бидејќи, како што велат, така доплнително ќе се задолжеле.

Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство, денеска изјави дека средстават кои тие нема да ги користат, можат да бидат пренасочени дирекно кон сите кои остануваат без работа или во сектори каде владата мисли дека ќе се постигне ефект.

„По долго исчекување и детална анализа на сите најавени мерки, а во правец на зачувување на дејноста, како субјекти од дејноста угостителство, преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе и дозволиме директно за нив да им покаже грижа државата. На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да не задолжуваат со кредити за придонеси и другите натрупани трошоци“, изјави Ангеловски.

Угостителите велат дека сите мерки кои се моментално донесени и предложени, само ќе им ги зголемеле долговите после кризата.

„Се што ни е понудено во овој момент е во вид на заем од Владата и тоа недоволен само за нето плата, ова никој од нас нема да може да го издржи. Наместо тоа, очекувавме дирекна, безусловна и правична помош од страна на институциите, но не ја добивме“, рече Ангеловски.

XS
SM
MD
LG