„Треба да си Супермен за да се движиш низ Скопје со лице во количка“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ќе ги креваме додека можеме, но толку е силата - велат родителите на деца со церебрална парализа, кои секојдневно се соочуваат со бетонски бариери движејќи се низ Скопје со количка. Од Градот велат дека се работи на случајот, но родителите посочуваат дека на решенија се чека со години. Каде боли најмногу?