„Не мора сите да сме по фудбал или кошарка, некој може и да танцува“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дваесегодишниот Андреј Димоски кој студира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, танцува веќе 15 години, а последниве 5 години професионално се занимава со танц. Фокусиран е на спортски танци кои се играат во танцови двојки и вели дека на патот до бројните медали имал пречки од предрасуди, но научил како да ги заобиколи и да продолжи да го следи својот сон.