Општина Охрид ќе направи сè што може за Охридскиот маратон годинава да се одржи, а од догодина сака да ја преземе организацијата за да се спречат идни проблеми, изјави денеска охридскиот градоначалник Кирил Пецаков по координативниот состанок во општината, откако едно од најстарите спортски натпреварувања во Македонија беше откажано во 5 до 12 поради немање пари.
Најголем предизвик сега е дали воопшто ќе дојдат пливачи, затоа што тие вообичаено се канат најмалку еден месец пред натпреварувањето за да имаат време да потврдат. Општината почнала да ги испраќа поканите од вчера.
„Без пливачи нема настан“, категоричен е Пецаков.
Тој рече дека за организацијата се потребни околу 50 илјади евра што ќе ги обезбеди општината.
Две или три години имало неисплатен награден фонд за пливачите.
Општината ќе ги замоли познатите македонски пливачки ѕвезди да помогнат да се поканат пливачите.
Не можеш на 17 Август да кажеш дека Охридски маратон нема да се одржи! Има пливачи кои го планираат во агенда за крајот на Август.Блокирана сметка и лошо финансиско работење не е од вчера?@SPendarovski треба да отвори наменска сметка и да го оддржи ко што е ред. После укини го
— Jas (@BrlaBrla) August 18, 2022
Претходно, охриѓани почнаа да се организираат на социјалните мрежи да соберат пари и да помогнат да се организира Маратонот.
Ако Стево @SPendarovski не може , да го пингаме @avucic може тој ќе даде пари за Охридски маратон pic.twitter.com/vhRRD3MN6s
— Moon Pearl (@roze_______) August 18, 2022
Пишете му на Вучич, после струја, жито, вакцини и останати работи, може ќе даде и пари за Охридскиов маратон?!
— Командант Марк (@milanzng) August 18, 2022
Маратонот, кој вообичаено се одржува во последната недела од август, вчера беше ненадејно откажан во 5 до 12.
Претседателот на Македонската пливачка федерација Горан Стојановски го известил претседателот на државата Стево Пендаровски дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој традиционално се одржува под покровителство на претседателот.
Нејасно е за колку пари се работи. Наградниот фонд на маратонот во изминатите години се движел од 10 до 25 илјади долари.
Откажување на едно од најзначајните традиционални спортски натпреварување, на само една недела пред одржувањето, предизвика гневни реакции од охриѓани, од спортската, но и од целокупната политичка јавност. Оваа година се навршуваат 60 години од првиот Охридски маратон одржан во 1962 година.
ОРидски маратон , га прогласуем за УМРЕНО.
— 🔻 ТОТОШКА 🔻 (@Totoska666) August 17, 2022
Охриѓани веќе се нудат сами да соберат пари за организација на маратонот.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека државата има 100 илјади евра за прослава на Рамковниот договор, но нема пари за Охридскиот пливачки маратон.
Арбериа Дизајн нека добие тендер за организација на Охридскиот маратон :)
— Јаковљевић🇲🇰🇷🇸 (@v1adimir7) August 17, 2022
60 годишна традиција ПРЕКИНАА. Дали ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ја чини државата ПОВЕЌЕ од ПРОСЛАВАТА ЗА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР т.е ПОВЕЌЕ од 100 000 евра ? pic.twitter.com/zM52A5mzOU
— OnePick (@onepickright) August 17, 2022
Други, пак, иронизираат со предлози каде би можел да се одржи маратонот.
Охридскиот пливачки маратон бил откажан од жал да не се мачат пливачите толку многу, гревота биле
— LaLinea (@JasTheGreaTTT) August 18, 2022
Други се шегуваат што ќе ни се такви работи.
И Охридски Маратон и Струшки Вечери на Поезијата, све тоа би затворил, глупости и простотилак.
— Xhonathan (@VStevk) August 18, 2022
Има маратон, кој сака да плива. pic.twitter.com/g0eBOmoba5
— Вујкото Ване (@Vujkoto_Vane) August 18, 2022
Охридскиот пливачки маратон за првпат се одржува во 1962 година на патеката Пештани – Струга долга 36 километри. Победува Египќанецот Абдел Латиф Абу Хеиф во машка и македонската пливачка легенда Атина Бојаџи во женска конкуренција. Наредната 1963 година, маратонот не се одржува поради скопскиот земјотрес, па продолжува од 1964 до 1966 година. Охридскиот пливачки маратон се возобновува во 1992 година и се одржува на 30 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. Први победници се Павел Рамдисек од Словачка и Македонката Теодора Раптис. Оттогаш се одржува 30 години без прекин. Маратонот беше дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), но оваа година не е во календарот.
Бугарскиот пливач Петар Стојчев има 11 победи на маратонот, а Холанѓанката Едит Ван Дајк има четири победи во женска конкуренција.
Маратонот има проблеми со пари цела деценија.