Резиме
- Претседателот Доналд Трамп изјави дека Иран ги одложил планираните егзекуции на демонстрантите, повикувајќи се на извори, но не даде детали.
- Групите за човекови права известуваат за над 2.400 убиени демонстранти, а 18.000 приведени.
- Тензиите остануваат високи бидејќи САД разгледуваат можна воена или друга акција против Техеран.
Иран ги запре егзекуциите на демонстрантите, изјави претседателот Доналд Трамп, цитирајќи „многу важни извори од другата страна“, но тензиите продолжија низ Блискиот Исток бидејќи можноста за воена акција на САД против Техеран останува.
„Тие рекоа дека убивањето е запрено и дека егзекуциите нема да се случат - денес требаше да има многу егзекуции и дека егзекуциите нема да се случат - и ние ќе дознаеме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа на 14 јануари.
„Ни беше кажано од добар извор и се надевам дека е вистина.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Иранка ги опишува неселективните убиства за време на задушувањето на протестите
Иранските власти спроведоа една од најбруталните репресии досега откако луѓето низ целата земја излегоа на улиците на антивладини протести, што се смета за еден од најголемите предизвици за клерикалното владеење од Исламската револуција во 1979 година.
Независниот американски монитор за човекови права HRANA соопшти дека според неговите потврдени и проверени податоци на 14 јануари, бројот на жртви во протестите се искачил на 2.435 демонстранти, а повеќе од 18.000 други се уапсени. Но, таа и други извори велат дека вистинскиот број на убиени е веројатно неколку пати поголем.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Видео од мртовечницата во Техеран го открива обемот на смртоносната репресија
Во светлината на извештаите за насилната репресија, Трамп неколку пати предупреди дека Соединетите Држави може да интервенираат за да ги запрат убиствата, а воедно ги повика Иранците да продолжат со своите протести.
Информациите за ситуацијата на теренот се тешки за добивање и проверка, бидејќи властите го прекинаа целиот пристап до интернет веднаш по демонстрациите со првичните причини од лошата економија и валутата во слободен пад, кои започнаа кон крајот на декември.
„Иранското затемнување на интернетот го надмина 156-часовното ограничување, отворената тишината се продлабочува по бруталното задушување“, рече надзорниот орган NetBlocks во објава рано на 15 јануари.
„Во меѓувреме, вакуумот на информациите преку интернет, се засилува со прорежимските сметки, лажни содржини со вештачка интелигенција и други агенди.“
Групите за човекови права објавија дека еден притворен демонстрант, 26-годишниот Ерфан Солтани, ќе биде погубен на 14 јануари, шест дена по неговото апсење под обвинение за „водење војна против Бога“ поради неговата улога во протестите.
Трамп доцна на 13 јануари во интервју за CBS News изјави дека ако властите ја извршат егзекуцијата „ќе се случат некои работи“.
Видете и ова: Какви опции, воени или други, имаат САД против Иран?Норвешката група за човекови права „Хенгау“, повикувајќи се на роднини на Солтани, доцна на 14 јануари изјави дека егзекуцијата не се случила, иако остануваат „сериозни загрижености“.
„Во разговор со роднините на Ерфан Солтани, Хенгау дознал дека неговата смртна казна, која претходно му беше најавена на неговото семејство дека ќе се изврши во среда (14 јануари), не е извршена и е одложена“, се вели во соопштението.
„Поради тековниот прекин на интернетот и строгите ограничувања на комуникацијата, не е можно да се дадат дополнителни информации за ова прашање“.
Трамп не прецизираше какви мерки би можеле да преземат САД против Иран и кога, но на некои вработени им беше советувано од Вашингтон да ја напуштат главната американска воздухопловна база во регионот откако Техеран ги предупреди соседните земји во кои се сместени американски трупи дека ќе возврати врз американските бази доколку Вашингтон ги спроведе своите закани.
Веб-страницата за следење на летови Flightradar24 на 14 јануари соопшти дека Иран издал известување до воздухопловците (NOTAM), најавувајќи го затворањето на својот воздушен простор за сите летови освен меѓународни летови до и од земјата на кои ѝм е дадена дозвола.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Трамп ги разгледува опциите за Иран додека продолжуваат смртоносните протести
Исламското раководство на Иран ги издржа претходните протести, но најновите немири доаѓаат во време кога Техеран сè уште се опоравува од минатогодишната војна со Израел - кога САД се придружија на низа воздушни напади насочени кон нуклеарните постројки на Иран, а неговата регионална позиција е ослабена од ударите врз регионалните сојузници.
Се смета дека Трамп размислува за опции, вклучувајќи ограничени воени напади, поконцентрирана кампања на напади против Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) или невоени потези како што се целосна економска блокада или сајбер напади за нарушување на комуникациските системи и системите за донесување одлуки на иранските безбедносни агенции.
Новинар во Иран, кој успеал да испрати извештај до Радио Фарда на РСЕ на 13 јануари, изјавил дека возач на такси со кој разговарале зборувал за безбедносните сили кои напаѓаат медицински центри, киднапираат ранети демонстранти и ги убиваат оние кои не можеле да бидат транспортирани.
Неговите тврдења не можеа независно да бидат потврдени од РСЕ, но тие се совпаѓаат со извори за човекови права и други извештаи од земјата за сериозноста на задушувањето на протестите и „масовното убивање“ на демонстранти.