Достапни линкови

Ќе ја погодат ли настаните во Иран, економијата во Северна Македонија?


Тутунот е едн од производите што се извезуваат во Иран
Тутунот е едн од производите што се извезуваат во Иран

Резиме

  • Од 2020 година до ноември 2025, земјава имала увоз од речиси 91 милион евра, додека извозот кон Иран бил 2,7 милиони евра.
  • Храна и хемиски производи се меѓу најчестите производи што Северна Македонија ги увезува оттаму, додека најмногу извезува машини и транспортни уреди.
  • Додека Иран се соочува со бран масовни протести, ваквата мала трговска размена, не би требало да има големи последици врз домашната економија, сметаат економските експерти.

Додека иранското општество се соочува со најголемите антивладини протести во последните години, во кои бројот на жртви веќе се бори во илјадници, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат царини од 25% за земјите што соработуваат со Иран.

Иако мала , Северна Македонија има одредена трговска размена со Иран, при што увозот е драстично поголем од извозот. Од 2020 година до 2025 година (заклучно со месец ноември), земјава имала увоз во вкупна вредност од речиси 91 милион евра, додека извозот кон Иран бил 2,7 милиони евра, покажуваат податоците на базата на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инфографика - Увоз од Иран во Северна Македонија 2020 - 2025
Инфографика - Увоз од Иран во Северна Македонија 2020 - 2025

Бројките варираат на годишно ниво. На пример, увозот во првите 11 месеци лани бил 7,6 милион евра, слично како и во 2020. Во 2021-та бил највисок во вредност од 28,4 милиони евра. Извозот, пак, лани бил речиси 200 илјади евра, 356 илјади во 2024, додека највисок бил во 2022-та со вредност од 1,1 милион евра.

Инфографика - Извоз од Северна Македонија во Иран 2020 - 2025
Инфографика - Извоз од Северна Македонија во Иран 2020 - 2025

Малата трговска размена, значи и евентуално мали последици врз домашната економија, посочуваат дел од економските експерти и претставници на бизнис секторот.

Случувањата во Иран, според економскиот аналитичар Слободан Најдовски, „нема да се одразат нешто посебно на нашата економија во овој момент“.

„Но, како ќе се одвива ситуацијата понатаму, не само во Иран туку пошироко – бидејќи сметам дека тоа ќе има одраз во поширокиот регион околу Иран – треба да се внимава, посебно со земјите со кои имаме поголема трговска размена и стопанска соработка“, вели Најдовски за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Но, дополнително прашање е објавата на американскиот претседател за воведување царини од 25% за сите земји што соработуваат со Иран.

Како ситуацијата во иранското општество ќе се одржи врз домашната економија и дали Владата планира да наложи прекин на трговската размена со Иран по објавата на Трамп за царини од САД, РСЕ праша и до владината прес-служба. До моментот на објавување на текстот одговор не добивме.

Коментар засега нема ниту од стопанските комори во земјава.

Трамп најавата ја даде в понеделник додека Вашингот разгледува одговор на ситуацијата во Иран.

„Веднаш стапува на сила, секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 проценти за сите и за сите бизниси што ги склучува со САД“, рече Трамп во објава на Truth Social.

Трамп ги разгледува опциите за Иран додека продолжуваат смртоносните протести Трамп ги разгледува опциите за Иран додека продолжуваат смртоносните протести
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Иран, член на групата производители на нафта ОПЕК, со години е под строги санкции од Вашингтон. Извезува поголем дел од својата нафта во Кина, додека Турција, Ирак, Обединетите Арапски Емирати и Индија се меѓу другите негови главни трговски партнери.

„Оваа наредба е конечна и обврзувачка“, рече Трамп, без да даде дополнителни детали.

По неговата објава, на веб-страницата на Белата куќа немаше официјална документација за политиката, ниту информации за правната основа што Трамп ќе ја користи за да ги воведе царините, или дали тие ќе бидат насочени кон сите трговски партнери на Иран.

Северна Македонија увезува храна и хемиски производи, а извезува машини во Иран

Во првите 11 месеци од минатата година, кога увозот од Иран во Северна Македонија бил 7,6 милиони евра, најголема вредност од три и 3,8 милиони имале производите од секторите „храна и живи животни“ и „хемиски и сродни производи“, според податоците на ДЗС.

Во 2024-та, од вкупната вредност на увозот од 15 милиони евра, увозот на храна е со иста вредност, додека 6,8 и 4,9 милиони евра е вредноста на „хемиски и сродни производи“ и „производи класирани според материјалот“.

Хемиските производи се со најголема вредност од 25,8 милиони евра и во 2021 кога увозот бил најголем-28,4 милиони евра.


Инфографика - Најувезувана стока од Иран во Северна Македонија од 2020 до декември 2025 година
Инфографика - Најувезувана стока од Иран во Северна Македонија од 2020 до декември 2025 година

Кога е во прашање изворот, лани заклучно со ноември, во вкупните 193 илјади евра, најголема вредност од 174 илјади имаат машините и транспортните уреди. Следни се пијалаците и тутунот со вредност од речиси девет илјади евра.

Машините и транспортните уреди вредни 347 илјади евра се доминантни и во 2024 кога вкупната вредност на производите што Северна Македонија ги извезла во Иран била 356 илјади евра.

Во годината кога извозот кон иранскиот пазар имал најголема вредност од 1,1 милион евра на секторот „машини и транспортни уреди му припаѓаат речиси 700 илјади евра, додека 409 илјади се извезле суровини кои не се храна.

Податоци за трговската размена меѓу Северна Македонија и Иран може да се пронајдат и на глобалната Опсерваторија за економска комплексност (OEC), според која во 2023 година, земјава кон иранскиот пазар извезла стока со вредност од 414 илјади американски долари. Главните производи што биле извезени биле електрични батерии (205.000), нисконапонска заштитна опрема (102.000) и машини со индивидуални функции (32.100).

Десетици тела пред мртовечница во Техеран. Луѓето надвор од Иран немаат контакт со блиските Десетици тела пред мртовечница во Техеран. Луѓето надвор од Иран немаат контакт со блиските
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Истата година, извозот на Иран во Северна Македонија бил со вредност од 13 милиони американски долари. Главните извозни производи биле етиленски полимери (3.95 милиони), бакарна жица (2.39 милиони) и стиренски полимери (1.64 милиони).

Увозот на Македонија од Иран во 2024 година изнесувал 16.28 милиони американски долари, според базата на податоци на Обединетите Нации за меѓународна трговија – Комтрејд. Најмногу биле увезувани етиленски и стиренски полимери, полиестер и производи од полиестер, разни производи од пластика, алуминиум, бакар, зеленчук и овошје, сушено овошје, јаткасти производи, минерални масла.

  • 16x9 Image

    Александар Самарџиски

    Александар Самарџиски ја започнал новинарската кариера во дневниот весник „Нова Македонија“ во 2014 година. Потоа работел како новинар во порталот „Плусинфо“ и во интернет-изданието на „360 степени“. Од септември 2023 година работи како новинар во Радио Слободна Европа. 

XS
SM
MD
LG