Мигрантката Сандра од Конго: Моите деца зборуваат македонски и сакам тука да останам

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Триесетгодишната Сандра Мембала од Конго живее во Скопје повеќе од пет години. Ова не ѝ била првично планирана дестинација кога заминала од дома како мигрантка, но откако дошла вели дека го нашла местото кое нуди подобар живот и би сакала тука да остане засекогаш. Оди на часови по македонски јазик и на работа преку „Црвен Крст“. Вели дека нашето општество добро ја прифатило неа и нејзините две деца.