Слободна Европа на македонски низ годините

Илустрација

„Зборува Радио Слободна Европа - програма на македонски јазик.“

Со овие зборови на 1 септември 2001 година започна емитувањето на програмата на Радио Слободна Европа на македонски јазик од студиото во Прага.

Оттогаш во овие речиси 25 години постоење низ него беа емитувани десетици илјади емисии во кои продефилираа илјадници соговорници - политичари, аналитичари, бизнисмени, пејачи, уметници. Но, најмногу обични граѓани за кои нашиот медиум беше отворен.

Илјадници стории, стотици радио емисии и телевизиски интервјуа, десетици проекти, и најмалку 50-тина медиумски работници поминаа низ редакцијата на Радио Слободна Европа на македонски јазик во изминатите години колку што постоеше на македонската медиумска сцена.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

20 години Радио Слободна Европа на македонски јазик

По децении присуство, медиумот кој важеше за еден од ретките конзистентни извори на проверени и независни информации го завршува своето работење, оставајќи празнина на медиумската сцена.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Емисија во 12 часот.

Причината за затворањето на македонскиот сервис на радио Слободна Европа лежи во буџетската состојба на медиумот. Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус изјави дека затворањето на македонскиот сервис е загуба за публиката што ја опслужува.

„Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

Претходно, беше донесена одлука за затворање и на сервисите во Бугарија, Романија. И тие прекинуваат со емитување на 31 март. Во декември минатата година беше затворен и унагрскиот сервис на Радио Слободна Европа, како и бирото во Црна Гора.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

15 години РСЕ на македонски јазик

Слобода, објективност и професионалност се вредностите што ги споделуваа сите вработени и провејуваа низ сите медиумски производи. Редакцијата ѝ понуди на публиката содржини кои беа препознавани како релеватни, објективни и независни.

Новинарите во изминативе речиси три децении во РСЕ ги исполнија највисоките стандарди на објективно новинарство и известување со фактите, недопрени од притисок или од обиди за влијание.​

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието

Во изминативе 25 години стекнавме доверба и кај публиката, и кај останатите медиуми. Македонските медиуми речиси секојневно нè цитираа.

Радио емисиите се работеа во Прага и Скопје и беа емитувани на локални радио станици. Низ гласовите на Гоце Атанасов, Љупчо Наќев и Зоран Ќука, граѓаните добиваа навремени и точни информации за политичките случувања во земјава и светот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

За кого чукаат тапаните?

Во време на политичка поларизација, преку теренската работа на новинарите дознаваа за протести против системските пропусти, мигрантската криза, за етничките тензии, за судските процеси на поранешни функционери и за потребата од унапредување на човековите и граѓански права и слободи.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Шок бомби за растерување на демонстрантите пред Собранието

Еден од најпрепознатливите новинарски производи на Радио Слободна Европа беше неделното интервју кое редовно беше преземано од националните телевизии во земјава и од сите медиуми.

Видете и ова: Можна креативна дипломатија во Виена

Пред камерата на РСЕ зборуваа многу македонски функционери, премиери, претседатели, странски амбасадори, политичари и аналитичари.

Видете и ова: Филипче: Се поткопува довербата во здравството


Видете и ова: Борис Трајковски, претседател на Република Македонија. Степенот на демократијата битно ќе влијае за идно членство во НАТО

Гостуваа и странски дипломати како генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, поранешните и актуелни еврокомесари како Штефан Филе, Јоханес Хан и Каја Калас.

Видете и ова: Столтенберг за РСЕ: НАТО ќе донесе економски просперитет

Но најважното се слушаше гласот на граѓаните.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

10 години РСЕ на македонски

Работата беше надополнета и со истражувачки стории, кои беа препознаени од медиумските куќи во земјава, но и од граѓаните и публиката.

Видете и ова: Руски олигарх под санкции профитира од македонски брзи кредити
Видете и ова: Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евра

Голем дел од своето дигитално постоење, Радио Слободна Европа го посвети и на теми и приказни што ги интересираат младите. Со проектот Моја порака кој беше дел од Нова генерација на младите им помогнавме да се слушне нивниот глас. Јавноста ја запознавме со нивните предизвици и успеси.


Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Алдин, средношколец со оштетен вид: „Го сакам животот и сакам да помагам“

Камерата на РСЕ ја „улови“ и радоста на децата со попречености во домовите на згрижувачките семејства во Крушево.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Згрижувачки семејства во Крушево - отворени домови и отворени срца за лицата со попреченост

Реакцијата вложи сериозни напори да ги направи видливи тие што општеството ги има исклучено.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Made in Idrizovo: Везење надеж зад решетки

Пишувавме и за обидот на стотици хумани граѓани да му ја исполнат роденденската желба на основецот Леон, кој има аутизам, за весел роденден со многу гости и подароци.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Инклузивниот роденден на Леон како лекција по емпатија

Основната мисија на РСЕ е промоција на демократски вредности и институции, унапредување на човековите права со известување и вести во земји каде што слободното новинарство е попречувано од Владата или не е целосно воспоставено. Но, и специјални проекти, како на пример: за младите Нова генерација, за состојбите во здравството, њузлетерот „Што треба да знаете“, поткастот „Зошто“ и многу други...

Видете и ова: Не знам, не знам, министер за нешто!

Згаснувањето на РСЕ значи загуба на еден глас на објективноста и медиум кој беше доказ дека новинарството може да се работи со интегритет. Веста за затворањето предизвика реакции кај новинарската заедница и граѓанскиот сектор, каде што се оценува дека станува збор за значајна загуба за медиумскиот плурализам во земјата.