Достапни линкови

Борис Трајковски, претседател на Република Македонија. Степенот на демократијата битно ќе влијае за идно членство во НАТО


Македонија останува надвор од границите на НАТО, а алијансата останува во земјата уште некое време. Која е причината што некои коишто беа зад нас станаа посериозни кандидати за членство во евроатлатската структура?

Причините за сето ова се познати. Република Македонија од почетокот на независноста се соочуваше со проблем на непризнавање, на почетокот од целата меѓународна заедница. Потоа, сведоци сме на различни ембарга и санкции што многу влијаеше на економскиот потенцијал на нашата држава, посебно во делот на одбраната и безбедноста. Многу малку се инвестираше во тоа и затоа бевме подготвени во чекор да ги следиме овие процеси. Потоа дојде косовксата криза, па минатогодишниот конфликт кадешто беше доведен во прашање опстанокот на нашата држава. Тогаш единствената мисла на сите нас беше како да ја спасиме самата држава. Во тој период додека се занимававме со овие проблеми процесот на оценување во Вашингтон и Брисел беше при крај.

Идна стратегија на Македонија во релација со НАТО и ЕУ. Што е клучно за на земјата да се гледа како на зрела држава кандидат во годините што доаѓаат?

Очекувам дека Владата на Република Македонија ќе предложи или ќе донесе една сеопфатна стратегија во која јасно ќе бидат дефинирани обврските и роковите за реализација на таа стратегија и точно назначени институциите кои треба да работат на реализација на програмата, или она што е наша основна цел интеграција во НАТО. Сметам дека никакви ад-хок решенија, или пак нешто што може да биде употребено во функција на изборна кампања и само за таа намена да служи, а после сето тоа само на ветување да остане, а ништо конкретно притоа да не се преземе. Исто така, ние сме во период кога чинејќи ги сите тие реформски зафати дали во областа на економијата или во областа на политичкиот систем, државната администрација, преуредување на многу односи, се разбира дека постои тука, една опсервација од страна на меѓународната заедница. Меѓутоа, конечната одлука и она што ќе биде битно и што ќе влијае на едвентуално носење на одлука во Брисел ќе биде степенот на демократија во Република Македонија, или јас би рекол индексот на тој демоктратски амбиент што ќе биде создаден. Сето ова се параметри што ќе бидат одлучувачки при носењето на оценките од страна на Брисел и Вашингтон за нашето членување во НАТО

НАТО донесе одлука да остане во Македонија уште шест месеци, а ЕУ можеби потоа ќе ја преземе мисијата во Македонија. Мислите ли дека односите НАТО – ЕУ се кршат на грбот на Македонија во однос на безбедноснот ангажман?

Не би рекол. Репубублика Македонија со ништо не спореше, нито за можното присуство на европските сили на територијата на Република Македонија. Ние имавме НАТО сили, а водството на тие сили беше од европските држави, така што односот на тие сили кон институциите на државата беше на незавидно ниво. Се разбира дека ние ја сфаќаме дебатата меѓу пријателите и сојузниците. Ние гледаме дека не постои спротивност во однос на она што подразбира интенција на ЕУ за создавање на заедницата на европска безбедност и одбранбен идентитет. Наш став е дека тие требаше да се договорат уште на почетокот и дека најчувствително за нас е тие расправи да не се пренесат на нашата територија.

Што стои зад идејата за промена на границите на Балканот на можна конференција на која би учествувале и земјите од регионот?

Идеја за промена на границите по дефиниција е контраверзна. До сега на овие простори не се случило на некоја дебата да се говори за тоа. За среќа можам да кажам дека во регионот нема да има судири од пошироки размери или војна што би довела до промена на границите, а не постои ниту идеја за организирање на некоја конференција што би ги разрешила прашањата, или многу е наивно една таква конференција да ги реши сите политички и економски проблеми или она што значи контраверзии и историски противречности, туку најдобро е земјите од регионот да седнат и да понудат еден пакет на општествени реформи. Тоа е начин што ќе не доведе поблиску до Европа, а конференциите за промени на границите се во историските архиви.

Како ја гледате иднината на Македонија во контекст на идното решавање на статусот на Косово. Колку тоа ќе влијае на Македонија?

Сите анализи покажуваат дека решението околу идниот статус на Косово ќе влијаат на повеќе земји во регионот. Инаку, јас длабоко верувам, а и нема простор за некој страв дека тоа директно ќе влијае на Македонија. Тука повеќе би сакал да напоменам нешто друго, да подготвиме аргументи што ќе ја покажат нашата политичка позиција и незиното значење во регионот. Таа аргументација треба да се прикаже и одбрани пред меѓународниот фактор. Тоа што е значајно за Македонија е нашето барање за зачувувањето на територјалниот интегритет.

Како соработувате со новата влада? Дали таа го почитува професионализмот и способноста или предност имаат луѓе од политичките партии?

Јас сум против злоупотребата на функциите и мандатите што граѓаните им ги дале на носителите на политички функции. Од она што до сега го направи новата влада, сега не можам да кажам ништо. Владата го доби легитимитетот и сите оние што се политички именувани било во државната администрација или во јавните претпријатија ќе го носат најголемиот дле од одговорноста. ЗА мене останува најважен принципот на ефикасност и професионализам, а тоа мора да биде над партиската припадност.
XS
SM
MD
LG