Првата македонска меѓународна судијка во кошарка: „Ми велеа да се откажам“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дваесетидеветгодишната Ема Никочевиќ е првата македонска судијка со значка на ФИБА - Меѓународната кошаркарска федерација, што значи дека во иднина може да суди на меѓународни натпревари. Во меѓувреме, суди на околу сто домашни натпревари годишно, работи и како физиотерапевтка во спортска академија, а во Кошаркарската федерација е ангажирана околу младинските лиги. Пред камерата на РСЕ се потсети на почетоците кои не биле лесни поради стереотипите во нашето општество.