Одбраната на Мијалков бара истрага за Маричиќ поради мешање во судството

Одбраната на обвинтиот поранешен шеф на УБК Сашо Мијалков бара од Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас за Министерот Бојан Маричиќ, поради мешање во работата на судската власт. На денешната прес конференција адвокатскиот тим на Мијалков посочи дека со објавувањето имиња на судии, министерот за правда директно се вмешал во работата на судската власт чија независност е гарантирана со уставот. Тие се сомневаат дека тој имал директен контакт со некој од судиите кои одлучувале за притворот на Мијалков.

Одбраната на Мијалков со писмо до израелска Амбасада

„Министерот за правда не е дел од некаква естрада за да може на начин на кој што ги искажува и пласира своите размислувања преку Фејсбук, а кои што повеќе се одраз на некаква емоција на антипатија, Јас имам такво чувство, да задира во системот на вредности кои Уставот јасно ги дефинирал. Со своето однесување, тој го повреди уставниот принцип. Нејасно е како министерот можел и од каде ги добил информациите, за тоа кој судија како гласал. На овој начин одбраната доаѓа до заклучок дека министерот имал линк со некој од судиите кои што го информирале, кршејќи ги одредбите од ЗКП,“, вели адвокатот Љупчо Шврговски кој беше порано шеф на Обвинителството.

Пинг-понг со притворот на Мијалков – слика за македонското судство

Во средата Апелациониот суд ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра на Мијалков со која тврди дека нема да бега и тој требаше да излезе од притвор кој му беше одреден за предметот Трезор. Но,неколку часа подоцна обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара повторно притвор за Мијалков но за предметот „Плацеви на Водно“, по што Основниот суд додели нови 30 дена притвор.

Мијалков беше притворен во предметот „Трезор“, каде што е првостепено осуден на 8 години затвор. Против него се води истрага за предметот „Империја“, обвинет е во случајот „Плацеви на Водно“, а првостепено е осуден и за незаконското масовно прислушување во случајот „Тврдина-Таргет“ на 12 години затвор.

На 22 февруари му беше определен притвор на Мијалков, но тој „исчезна“ и 24 часа беше недостапен за полицијата у судот. Потоа сам се појави со образложение дека не избегал, туку имал симптоми на коронавирус и затоа се самоизолирал.