За 24 часа 830 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 830 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Пред десетина дена министерот а внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не верува оти зголемувањето на казната за неносење маска може да влијае, туку дека треба да се подигне свеста кај граѓаните за заштитата од коронавирусот.