СДСМ и ВМРО--ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за новите „бомби“

Илустрација од јутјуб канал каде што се објавени нелегално снимени разговори

Владејачката СДСМ во писмено соопштение до јавноста обвинува дека последната објавена нелегална аудио снимка на која наводно се слуша гласот на лидерот на партијата и поранешен премиер Зоран Заев е лоша монтажа од, како што велат „машината за лажни вести во белиот дворец“ .

„Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот. Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција“ се вели во соопштението на СДСМ.

Нова „бомба“ за Заев за наводна понуда од 6 милиони евра“

Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција обвини дека сите рекетирани пари завршиле кај Вице и Зоран Заев. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на самиот почеток на прес конференцијата ја објави снимката од 12 секунди и изјави дека со неа, како што вели, се покажува дека Зоран Заев и Вице Заев диктирале која е сумата на рекетот која треба да биде платена и дека фатени се дека земале рекет.

„6 милиони евра, 6 милиони евра е сумата која Зоран Заев ја бара и зема преку адвокатот Димишков, имено брат на судијката Димишкова. Зоран Заев е шефот на рекетарската група која го изврши најголемиот рекет за кој слушнала јавноста во Република Македонија, “ изјави Арсовски.

Нови нелегални снимки за Мицкоски

Денеска беа објавени нелегални аудио снимки на два посебни Јутјуб канали, во последниот ден од изборната кампања. Последната од 12 секунди беше објавена на Јутјуб каналот именуван како „Зоки Рекетар“ на која наводно се слуша гласот на Заев и за наводна понуда од 6 милиони евра, наводно поврзана со адвокатот Васил Димишков.Претходно на Јутјуб каналот беа објавени 4 кратки нелегално снимени разговори на кои наводно се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение потврдија дека таков разговор се случил.

„Во однос на снимките, појаснуваме дека на „Јутуб“ се објавени само исечоци од по неколку секунди, а пак средбата и разговорот со господинот Мицкоски траеше подолго“ се вели во соопштението.

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ со осуда за новата „бомба“

Во изминатиов период на други канали на Јутјуб за време на изборната кампања беа објавени дестина разговори на кои се слушаат гласовите на политичари од власта и опозицијата.