Достапни линкови

Нови нелегални снимки за Мицкоски


Нови нелегални снимени аудио разговори осамнаа утрово на интернет во последниот ден од изборната кампања. Во 4 кратки аудио снимки објавени на јутјуб каналот „Обнова на режимот“ наводно се слуша гласот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во разговор со, како што индицира насловот на видеото „осумтемината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“ да не гласаат за измените на законот за јавно обвинителство, како и за предметите на СЈО.

Предметите на СЈО тема на нова аудио „бомба“ за Заев

Инаку, вчера беа објавени нелегално снимени аудиа на кои, наводно се слуша гласот на лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев, како што јавуваат медиумите, разговара за „судски комбинаторики“ за предметите на СЈО.

Во изминатиов период на други канали на Јутјуб за време на изборната кампања беа објавени дестина разговори на кои се слушаат гласовите на политичари од власта и опозицијата.

XS
SM
MD
LG