Достапни линкови

Нова „бомба“ за Заев за наводна понуда од 6 милиони евра“


Илустрација

Нова нелегална снимка од 12 секунди се појави на нов Јутјуб канал именуван како „Зоки рекетарот “ во која наводно се слуша гласот на поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев. Во кратката снимка наводно се слуша како се спомнува адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова и некаква понуда од 6 милиони евра. Ова е втор пат денеска да се објават нелегално аудио снимки во последниот ден политичката изборна кампања.

Нови нелегални снимки за Мицкоски

Претходно, утринава беа објавени 4 кратки аудио снимки на друг Јутјуб канал именуван како „Обнова на режимот“ во кои наводно се слуша гласот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во разговор со, како што индицира насловот на видеото, „осумтемината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“ да не гласаат за измените на законот за јавно обвинителство, како и за предметите на СЈО.


Во изминатиов период на други канали на Јутјуб за време на изборната кампања беа објавени дестина разговори на кои се слушаат гласовите на политичари од власта и опозицијата.

XS
SM
MD
LG