Бројот на новозаразени во последното деноноќие се искачи на 76

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19, а не 67 како што беше соопштено во текот на денот. Новата бројка следува по резултатите кои биле добиени од приватните лаборатории. Според последниот биланс најмногу од зарзените се во Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во последното деноноќие биле направени 868 направени тестирања и биле регистрирани 67 новозаразени со коронавирус, а 25 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.