Достапни линкови

Филипче: Новозаразени 67, еден починат и нов кластер во Тетово


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека во последното деноноќие биле направени 868 направени тестирања и биле регистрирани 67 новозаразени со коронавирус и дека има еден починат пациент.

Од Институтот за јавно здравје, за МИА, изјавиле дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.

Во последното деноноќие се регистрирани 25 оздравени пациенти.

Филипче изјави дека има нов кластер во Тетово, од правен субјект, и дека таму се изолирани 40 лица, а расте и бројот на заразени во Липково.

„Од 12 позитивни од Куманово, 11 се од Липково и таму се работи интензивно на терен, а во Чаир и Студеничани има голем број на заболени кои се поврзани со 10 семејства“, рече Филипче.

Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, како што претходно информира на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на КОВИД-19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Комисијата за заразни болести уште нема донесено одлука за нови рестриктивни мерки, ќе ги следи бројките и во наредните денови ќе даде предлог за евентуални локализирани карантини, информираше Филипче.

Препорачано

XS
SM
MD
LG