Достапни линкови

Сочувство и критики за починатиот последен советски лидер Горбачов

Михаил Горбачов
Михаил Горбачов

Лидерите и политичарите ширум светот го изразија своето сочувство за поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, чии реформи доведоа до колапс на комунизмот во Европа, кој почина на 91-годишна возраст. Други на социјалните мрежи го обвинија дека ја направи Русија сила од втор ред.

Михаил Горбачов почина на 30 август „по тешко и долго боледување“, изјавија од Централната клиничка болница во Москва за руските медиуми. Во изјавата објавена подоцна истата ноќ, американскиот претседател Џо Бајден го нарече Горбачов „редок лидер – човек со имагинација да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да ја постигне таа иднина. Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“.

Горбачов разговорот со Меркел го чува за Путин

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека Горбачов „го променил текот на историјата“, додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, наведе дека Горбачов е „Тој беше „доверлив и почитуван лидер“ кој „играше клучна улога за ставање крај на Студената војна и рушење на железната завеса“ и „го отвори патот за слободна Европа“, додаде таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Горбачов бил човек на мирот кој го отворил патот на слобода за Русите. Британскиот премиер Борис Џонсон во сочувството вели: „Во време на агресија на Путин во Украина, неговата неуморна посветеност за отворање на советското општество останува пример за сите нас“.

Олег Морозов, член на Долниот дом на рускиот парламент, или Дума, која ја претставува владејачката партија Единствена Русија, го нарече Горбачов еден од „коавторите“ на новиот светски поредок што тој го означи како „неправеден“ за Русија.

Морозов ја опиша неиспровоцираната војна на Русија во Украина како обид за промена на постсоветскиот светски поредок. Тој рече дека се надева оти Горбачов во последните денови чувствувал „каење“ за последиците од неговите постапки.

Рускиот претседател Владимир Путин, преку неговиот портпарол Дмитриј Песков, изрази длабоко сочувство за смртта на Горбачов.

Горбачов повика на нов систем на владеење во Русија

Многу Руси никогаш не му простија на Горбачов за превирањата што ги поттикнаа реформите, гледајќи го падот на нивниот животен стандард како превисока цена за демократијата.

Како застапник на политиката на зближување со Западот, тој ја доби Нобеловата награда за мир во 1990 година. Поранешниот советски лидер се очекува да биде погребан на московските гробишта Новодевичи заедно со неговата сопруга Раиса, која почина во 1999 година, јавуваат државните медиуми.

Подем и пад

Горбачов ја презеде Комунистичката партија и советското раководство во 1985 година и претседаваше со шест турбулентни години во кои се случи падот на железната завеса, повторното обединување на Германија и на крајот советската пропаст која Путин потоа ја нарече „најголемата геополитичка катастрофа на векот“. Горбачов славно ги воведе „гласност“ и „перестројка“ во обид да го одржи во живот Советскиот Сојуз.

Животот на Михаил Горбачов низ фотографии

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина на 30 август на 91-годишна возраст, зборува за време на презентацијата на неговата автобиографија &bdquo;Горбачов во животот&ldquo;, на 29 февруари 2016 година.<br />
<br />
Горбачов рече: &bdquo;Колку повеќе размислувам за мојот живот, толку повеќе гледам дека најголемите и најважните настани се случија неочекувано&ldquo;.
1/20 Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина на 30 август на 91-годишна возраст, зборува за време на презентацијата на неговата автобиографија „Горбачов во животот“, на 29 февруари 2016 година.

Горбачов рече: „Колку повеќе размислувам за мојот живот, толку повеќе гледам дека најголемите и најважните настани се случија неочекувано“.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Младиот Горбачов на 19-годишна возраст, носејќи го медалот &bdquo;Црвено знаме на трудот&ldquo; што го доби за возење комбајн на рамнините на јужна Русија.
2/20 Младиот Горбачов на 19-годишна возраст, носејќи го медалот „Црвено знаме на трудот“ што го доби за возење комбајн на рамнините на јужна Русија.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов ја предводи делегацијата на Комунистичката партија во Ставропол во 1966 година. Токму во Ставропол ја започна својата кариера во партијата што на крајот ќе дојде да ја води.
3/20 Горбачов ја предводи делегацијата на Комунистичката партија во Ставропол во 1966 година. Токму во Ставропол ја започна својата кариера во партијата што на крајот ќе дојде да ја води.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов (трет од десно) на прослава во Ставропол во 1960-тите од Октомвриската револуција. Младиот комунист брзо се искачи низ редовите на партијата.
4/20 Горбачов (трет од десно) на прослава во Ставропол во 1960-тите од Октомвриската револуција. Младиот комунист брзо се искачи низ редовите на партијата.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Со сопругата Раиса и британската премиерка Маргарет Тачер во 1984 година. Раиса почина од леукемија во 1999 година.
5/20 Со сопругата Раиса и британската премиерка Маргарет Тачер во 1984 година. Раиса почина од леукемија во 1999 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Неговата прва средба со американскиот претседател Роналд Реган, во Женева во ноември 1985 година. Горбачов беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија во март 1985 година.
6/20 Неговата прва средба со американскиот претседател Роналд Реган, во Женева во ноември 1985 година. Горбачов беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија во март 1985 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Со кубанскиот претседател Фидел Кастро во Кремљ во март 1986 година. Истата година Горбачов ја започна својата иницијатива за перестројка (реструктуирање), за која се надеваше дека ќе ги поттикне &bdquo;иницијативните и креативните напори&ldquo; и ќе помогне да стартува стагнантната советска економија.
7/20 Со кубанскиот претседател Фидел Кастро во Кремљ во март 1986 година. Истата година Горбачов ја започна својата иницијатива за перестројка (реструктуирање), за која се надеваше дека ќе ги поттикне „иницијативните и креативните напори“ и ќе помогне да стартува стагнантната советска економија.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Реган и Горбачов го потпишаа Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) во Белата куќа во декември 1987 година. Во 1988 година, пристигнаа дополнителни реформи со политиката на гласност (отвореност) на Горбачов, која овозможи поголема слобода на изразување за советските граѓани.
8/20 Реган и Горбачов го потпишаа Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) во Белата куќа во декември 1987 година. Во 1988 година, пристигнаа дополнителни реформи со политиката на гласност (отвореност) на Горбачов, која овозможи поголема слобода на изразување за советските граѓани.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов го прегрнува источногерманскиот лидер Ерих Хонекер по пристигнувањето во Источен Берлин на 6 октомври 1989 година, по повод 40-годишнината од основањето на Германската Демократска Република. Еден месец подоцна, Берлинскиот ѕид падна и источните Германци го преплавија Западот.
9/20 Горбачов го прегрнува источногерманскиот лидер Ерих Хонекер по пристигнувањето во Источен Берлин на 6 октомври 1989 година, по повод 40-годишнината од основањето на Германската Демократска Република. Еден месец подоцна, Берлинскиот ѕид падна и источните Германци го преплавија Западот.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов се ракува со папата Јован Павле Втори на првата средба меѓу шефот на Кремљ и понтифот, во Ватикан на 1 декември 1989 година.
10/20 Горбачов се ракува со папата Јован Павле Втори на првата средба меѓу шефот на Кремљ и понтифот, во Ватикан на 1 декември 1989 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов и советскиот министер за надворешни работи Едуард Шеварнадзе се сретнаа со западногерманскиот канцелар Хелмут Кол и министерот за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер во јули 1990 година за да разговараат за условите за повторно обединување на Германија.
11/20 Горбачов и советскиот министер за надворешни работи Едуард Шеварнадзе се сретнаа со западногерманскиот канцелар Хелмут Кол и министерот за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер во јули 1990 година за да разговараат за условите за повторно обединување на Германија.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Чехословачкиот претседател Вацлав Хавел се ракува со Горбачов додека разменуваат документи за повлекувањето на советските трупи во Москва на 26 февруари 1990 година.
12/20 Чехословачкиот претседател Вацлав Хавел се ракува со Горбачов додека разменуваат документи за повлекувањето на советските трупи во Москва на 26 февруари 1990 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов се ракува со присутните за време на официјалната посета на Вилнус, Литванија, на 30 јануари 1991 година.
13/20 Горбачов се ракува со присутните за време на официјалната посета на Вилнус, Литванија, на 30 јануари 1991 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов гласа во Москва на 17 март 1991 година, на референдум за да се одлучи дали Советскиот Сојуз ќе остане обединета држава или не.
14/20 Горбачов гласа во Москва на 17 март 1991 година, на референдум за да се одлучи дали Советскиот Сојуз ќе остане обединета држава или не.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Американскиот претседател Џорџ Х.В. Буш и Горбачов разменија пенкала по потпишувањето на историскиот Договор за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ), кој го намали нуклеарниот арсенал на суперсилите до една третина, во Москва на 31 јули 1991 година.
15/20 Американскиот претседател Џорџ Х.В. Буш и Горбачов разменија пенкала по потпишувањето на историскиот Договор за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ), кој го намали нуклеарниот арсенал на суперсилите до една третина, во Москва на 31 јули 1991 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Момент на понижување: По неуспешниот државен удар, Горбачов е принуден од рускиот претседател Борис Елцин да прочита список на наводни заговорници на вонредната седница на рускиот Врховен совет во Москва на 23 август 1991 година.
16/20 Момент на понижување: По неуспешниот државен удар, Горбачов е принуден од рускиот претседател Борис Елцин да прочита список на наводни заговорници на вонредната седница на рускиот Врховен совет во Москва на 23 август 1991 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов зборувајќи со рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Шлезвиг, Германија, во декември 2004 година.<br />
<br />
Горбачов ја пофали руската окупација и анексијата на Крим од Украина, наводно велејќи: &bdquo;Јас би го направил истото&ldquo;. Сепак, по руската инвазија на Украина во февруари, оценката на Горбачов за неговиот наследник, наводно, тргнала нагло надолу.
17/20 Горбачов зборувајќи со рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Шлезвиг, Германија, во декември 2004 година.

Горбачов ја пофали руската окупација и анексијата на Крим од Украина, наводно велејќи: „Јас би го направил истото“. Сепак, по руската инвазија на Украина во февруари, оценката на Горбачов за неговиот наследник, наводно, тргнала нагло надолу.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Горбачов и поранешниот претседател Роналд Реган носат каубојски шапки додека уживаа во моментот во Ранчо дел Сиело на Реган во Калифорнија на 2 мај 1992 година.
18/20 Горбачов и поранешниот претседател Роналд Реган носат каубојски шапки додека уживаа во моментот во Ранчо дел Сиело на Реган во Калифорнија на 2 мај 1992 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Со германската канцеларка Ангела Меркел на изложба во Берлин на 24 февруари 2011 година, по повод 80-тиот роденден на Горбачов.
19/20 Со германската канцеларка Ангела Меркел на изложба во Берлин на 24 февруари 2011 година, по повод 80-тиот роденден на Горбачов.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Добитници на Нобеловата награда за мир (лево кон десно) Лех Валенса, Михаил Горбачов, Фредерик Вилем де Клерк и Џими Картер на панел дискусија во Чикаго во април 2012 година.
20/20 Добитници на Нобеловата награда за мир (лево кон десно) Лех Валенса, Михаил Горбачов, Фредерик Вилем де Клерк и Џими Картер на панел дискусија во Чикаго во април 2012 година.
Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија. Но, без разлика дали е пофален од поборниците за неговата „отвореност“ или омразен од луѓето кои го гледаат колапсот на СССР како катастрофа, неговото влијание врз модерната историја беше огромно.
Previous slide
Next slide

Тој стана генерален секретар на Советската комунистичка партија на возраст од само 54 години и реши да го ревитализира системот со воведување ограничени политички и економски слободи, но неговите реформи излегоа од контрола.

Неговата политика на „гласност“ дозволи незамисливи критики на партијата и државата, но ги охрабри и националистите кои почнаа да се залагаат за независност во балтичките републики Летонија, Литванија и Естонија и на други места.

Горбачов со совет до Путин како да се симне од власт

Кога продемократските протести ги зафатија комунистичките земји од советскиот блок во Источна Европа во 1989 година, тој се воздржа од употреба на сила, за разлика од претходните лидери на Кремљ кои испратија тенкови за да ги задушат бунтовите во Унгарија во 1956 година и во Чехословачка во 1968 година.

Но, тамошните случувања помогнаа да се поттикнат аспирациите за демократија и автономија меѓу 15-те републики на Советскиот Сојуз, кој се распадна во следните две години. Горбачов беше политички изнемоштен од државниот удар во август 1991 година, кој во голем дел не успеа поради народниот отпор предводен од Борис Елцин.

Една недела подоцна, Горбачов поднесе оставка како генерален секретар на Комунистичката партија. Кон крајот на декември, неговата оставка како претседател на Сојузот на Советските Социјалистички Републики практично го означи крајот на советската империја.

Со текот на годините, Горбачов наизменично го фалеше Путин за враќањето на стабилноста во Русија и ги осудуваше неговите ограничувања врз медиумите и несогласувањето и неговата цврста контрола врз власта.

Сепак, по руската инвазија врз Украина во февруари, оценката на Горбачов за неговиот наследник, наводно, добила остар пресврт, според Алексеј Венедиктов, истакнат руски новинар кој одржувал контакт со поранешниот советски лидер.

„Можам да ви кажам дека Горбачов е вознемирен, се разбира. Тоа беше неговото животно дело“, изјави Венедиктов.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG