Достапни линкови

Власта и опозицијата против избори во време на коронавирус

Архивска фотографија- гласање на претседателските избори
Архивска фотографија- гласање на претседателските избори

Лидерите на власта и на опозицијата денеска побараа одложување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, поради настанатата состојба со коронавирусот.

Лидерите на власта и на опозицијата денеска побараа одложување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, поради настанатата состојба со коронавирусот.

Според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доколку се одржат изборите постои ризик од ширење на коронавирусот, имајќи предвид дека граѓаните ќе мора да искачаат на избирачки места за да гласаат.

„Кога здравјето на граѓаните ќе биде обезбедно трајно ќе донесеме одлука кога да се одржат изборите. Се соочуваме со најголемиот светски здравствен предизвик. Драго ми е дека сме на иста линија со опозицијата“, рече претседателот на СДСМ.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, вели дека сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности, што значи дека треба да се одложат закажаните избори.

„Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните“, изјави Мицкоски.

По нив, соопштение испрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое се вели дека неговата партија прифаќа одложување на изборите.

„Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот“, се вели во соопштението од Ахмети.

Два часа подоцна, претседателот на државата, Стево Пендаровски, преку објава на Фејсбук, ги повика лидерите на парламентарните политички партии во земјава, како и собранискиот спикер Талат Џафери и техничкиот премиер Оливер Спасовски, на средба со една точка на дневен ред - Одложување на изборите.

Денеска попладне, кај претседателот Стево Пендаровски, ќе се одржи и седница на Советот за безбедност заради ситуацијата со корнавирусот.

Парламентарните избори инаку беа закажани за 12 април. Во Македонија има заболени лица, но и луѓе во самоизолација кои се вратија од високи ризичните земји, а има и во карантин поради контакт со заразени од коронавирусот. Ваквата ситуација, следејќи ги тенденциите во другите европски земји веројатно ќе потрае иако здравствените власти засега не дадода конкретни прогнози.

Коронавирусот е нова нормалност – тука е за да остане
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:12 0:00

Во други европски земји, кои ги очекува гласање, веќе се отвораат дебати и се прават планови како би се одвивало гласањето. Откако во Велика Британија, каде што требаше да има локални избори на седми мај тамошната изборна комисија предлoжи да се одложат тоа и се направи па тие се презакажани за во мај 2021 година. Дилемите таму беа дека иако е можно гласање по пошта дека зголемениот број случаи кои би гласале на тој начин е можно да ги оптоварат другите сервиси. Дополнителни грижи се појавувија и за лицата кои се во самоизолација или карантин и одземањето на нивното право на глас во случај на неможност да одговори системот. Во Израел, пак, се поставени посебни избирачки места за луѓето заболени со коронавирусот на кои тие гласаат со маски, а до нив стигаат со посебна придружба, а не со јавен транспорт.

На седницата викендов членови на ДИК побараа од партиите да се одложат изборите укажувајќи дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Партиските лидери, пак, по минатонеделната средба за коронавирусот заклучија дека изборите не треба да се одложат, туку дека партиите зависно од ситуацијата ќе ги редизајнираат своите кампањи при што ќе избегнуваат поголеми јавни собири, а очекувањата се дека кампањата повеќе ќе се одвива на социјалните мрежи. Но по зголемениот број заболени сите оставија простор наведувајќи дека здравјето на граѓаните е поважно од се.

Според Дарко Алексов од Граѓанската иницијатива МОСТ државата има капацитет да обезбеди безбедно гласање и во услови на пандемија, но додава дека сепак треба да се почека и да се види како ќе се одвива ситуацијата и кај нас, а и во светот. Напоменува дека владата даде препорака за дезинфекција во училиштата, градинки и универзитетски сали, а тоа се околу 90 отсто од гласачките места во земјава.

Улиците во Скопје празни, граѓаните купуваат намирници

Човек со медицинска маска на плоштадот Македонија во Скопје
1/8 Човек со медицинска маска на плоштадот Македонија во Скопје
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Луѓе се враќаат од пазарување
2/8 Луѓе се враќаат од пазарување
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Супермаркетите утринава беа преполни
3/8 Супермаркетите утринава беа преполни
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Граѓаните купуваат поголеми количини за да го изретчат одењето во продавница
4/8 Граѓаните купуваат поголеми количини за да го изретчат одењето во продавница
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Момче трча на дождливите улици
5/8 Момче трча на дождливите улици
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Градскиот трговски центар празен
6/8 Градскиот трговски центар празен
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Автобусите на јавниот градски превоз ги превезуваат ретките патници
7/8 Автобусите на јавниот градски превоз ги превезуваат ретките патници
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
На плоштадот Македонија останаа само кучињата-скитници и ретко по некој граѓанин
8/8 На плоштадот Македонија останаа само кучињата-скитници и ретко по некој граѓанин
Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Previous slide
Next slide

Овие предвремни парламентарни избори инаку беа договорени откако Македонија не доби датум за почнување преговори со ЕУ во октомври мината година иако го смени уставното име со Преспанскиот договор што требаше да ги одблокира преговорите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

This item is part of
XS
SM
MD
LG