Г-не Кедев, 2024 година ви беше година на најинтензивно искачување, со оглед дека искачивте голем број на врвови? (Лоце, Макалу, Шишапагма).
2024 година ја почнав со повторниот обид на Шишапангма на пролет и се подготвувавме да одиме, меѓутоа кинеските власти не ја отворија планината и затоа алтернативно продолживме во Непал, прво на Макалу, па на Лоце кои успеавме да ги искачиме со нашата експедиција. На Кангченџунга не успеавме дека имаше лоши временски услови, и следен беше Гашербрум 2 во Пакистан во јули месец и есенва беше искачувањето на Шишапагма. Значи четири врвови над 8.000 метри во 2024 година.
Досега освоивте 12 врвови над 8.000 метри надморска височина. Кога планирате да ги искачите последните два, со што ќе ги заокружите сите во светот над 8.000 метри?
Двата врва над 8.000 метри што остануваат да ги качам се Кангченџунга во Непал и Гашербрум 1 во Пакистан. На овие два врвови досега имам неуспешни обиди. На Кангченџунга на два пати не успеавме и оваа година немав време да продолжам после искачувањето на Гашербрум 2, на таканаречениот Г1 поради недостаток на време, имав професионални обврски во Њуделхи, Индија и морав да ја прекинам таа експедиција. Значи останува Кангченџунга, најверојатно некоја пролет, можеби оваа 2025 година, ако се собере нашата група и Гашербрум 1 во Пакистан, тоа е накаде во летниот период. Меѓутоа се зависи и од временски услови и од дозволи и од собирање на соодветна група.
Како го издржувате сето ова психо-физички, кога истовремено работите и како кардиохирург, што е професија која бара сериозно вложување?
Искачувањето на големите височини е пред се со белите дробови и со умот. Белите дробови ни овозможуваат соодветна оксигенација на организмот, а умот е таканаречената движечка сила што не искачува. Поврзаноста со професијате е ризиците. Во нашата професија на дневна основа ние се соочуваме со ризк од смрт и живееме со тој ризик. На големите височинии се соочуваме исто со ризик, меѓутоа од сопствена смрт и тука јас ја најдов допирната точка помеѓу искачувањето на големите височини и интервентната кардиологија што е моја професија.
На големите висини работите многу брзо се менуваат. Како се издржува временска неприлика или физичка истрошеност на вакви висини?
Кога одиме на искачувањето на последниот чекор кон врвот е буквално како да влегуваме во битка, во војна, и не знаеме дали ќе се вратиме живи или не, и за врме на тој чин, при последниот напор, ние се соочуваме со смртта. Многу често гледаме околу нас мртви тела, на некои што биле како нас, некои дури сме ги познавале од претходни експедиции и тоа е едно посебно чувство што ни ја враќа свесноста. Според мене, најголемиот бенефит во оваа активност е подигнувањето на свесноста. Ние многу често животот го преспиваме и го живее млаку раскомотени, во зоната на комфорот и одеднаш кога ќе се случи нешто многу ризично или стресно, тогаш на некој начин ќе се разбудиме. Престојот на големите височини, посебено во „зоната на смртта“ ни овозмужува да ги изостриме сетивата и да ја подигнеме свесноста, бидејќи суштината во животот е свесноста.
Што се случува кога ќе дојдете во таканаречената „зона на смртта“ кога се приближувате над 8.000 метри надморска височина? (Страв, возбуда…)
Тие чувства е многу тешко да се опишат со зборови, тешко е со зборови да окарактеризираме некои работи што ги перцепираме со нашите сензитивни чувства. Можеби би можел индиректно да посочам – соочувањето со ризична состојба ја буди нашата многу силна енергија која ја имаме сите во нас. Ние во нас имаме една огромна енергија која се активира во ризична ситуација. Јас тоа сум го осетил во состојба на екстремен ризик, опасност, манифестација на таа енергија и користење на таа енергија. Таа енергија многу пати ми го спасила животот.