Достапни линкови

Белорусија воведе варијабилен курс на националната валута


илустрација
Белоруската централна банка соопшти дека вовела вариабилен курс на националната валута, со што е овозможена ефективна девалвација. Вториот човек на банката Николај Лузгин изјави дека комерцијалните банки ќе можат да тргуваат со белоруската валута по курс кој ќе се одредува на пазарот на валути. Варијабилниот курс ќе влијае на работата на банките, но за сега не се познати можните ефекти од оваа одлука во малопродажбата. Девалвацијата на белоруската валута беше препорака од Меѓународната заедница за намалување на негативните ефекти од светската економска криза во белоруската економија.
XS
SM
MD
LG