Достапни линкови

Вести

Незадоволните земјоделци ги блокираа улиците во Брисел пред самитот на ЕУ

илустрација
илустрација

Незадоволните земјоделци со околу илјада трактори ги блокираа улиците околу седиштето на Европската Комисија во Брисел, каде се одржува самитот на Европската Унија, соопшти белгиската полиција.

Конвои од трактори на гневни земјоделци, по неколкунеделни протести низ ЕУ, влегоа во белгискиот главен град рано наутро со громогласни мотори, петарди и сирени додека европските лидери ги слушнаа нивните проблеми со прекумерните трошоци, правила и бирократија.

Портпаролот на полицијата за АФП изјави дека земјоделците, главно од Белгија, се држат настрана од местото каде што се собираат 27-те лидери на Европската Унија.

Иако се очекува самитот на ЕУ да се фокусира на обезбедување финансиска помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, фармерите веројатно ќе ја турнат својата мака на неформалната агенда на 27-те лидери.

Повеќето од демонстрантите се млади и семејни земјоделци кои го чувствуваат растечкиот товар на повисоките цени на енергијата, поевтината странска конкуренција која не мора да се придржува до строгите правила на ЕУ, инфлацијата и климатските промени кои ги поплавија или изгореа посевите.

Слични протести се одржуваа низ ЕУ во поголемиот дел од неделата. Земјоделците блокираа повеќе сообраќајни артерии низ Белгија, Франција и Италија во средата додека се обидоа да ја нарушат трговијата на главните пристаништа и другите витални економски линии.

Земјоделците кои дојдоа во Брисел во четврток (1 јануари) инсистираа дека нивниот протест ќе биде мирен. Протестите имаа непосреден ефект во средата, бидејќи Европската Комисија ги објави плановите да ги заштити земјоделците од евтиниот извоз од Украина за време на војната и да им дозволи на земјоделците да користат дел од земјиштето што не можеа да го користат од еколошки причини.

види ги сите денешни вести

Израел продолжува со борбите против Хамас, посредниците повикуваат да се прифати планот за примирје

Пожар на северот на Појасот Газа.
Пожар на северот на Појасот Газа.

Израел на 2 јуни продолжи со борбите и бомбардирањето на Хамас во Појасот Газа, додека посредниците ги повикаа двете страни да се согласат на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците претставен од американскиот претседател Џо Бајден.

Откако Бајден го претстави планот во петокот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистираше на тоа дека Израел ќе ја продолжи војната што беснее од 7 октомври додека не го уништи Хамас - којшто САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, и не ги ослободи затворениците.

Самиот Нетанјаху, кој ја предводи кревката десничарска коалициска влада, на домашен терен е под силен притисок од две страни. Десетици илјади демонстранти кои бараат ослободување на заложниците повторно се собраа во саботата во Тел Авив за да го повикаат Нетанјаху да склучи договор за примирје, додека сојузниците на десничарските екстремисти се заканија дека ќе ја соборат владата доколку го направи тоа.

Опозицискиот лидер Јаир Лапид му понуди на Нетанјаху спасување со ветување дека ќе ја поддржи владата доколку постигне договор за прекин на војната што беснее речиси осум месеци.

Дотогаш борбите продолжија во Појасот Газа во текот на ноќта и во неделата. Израелската војска соопшти дека извршила повеќе воздушни напади покрај копнените борби, а палестинските власти пријавија повеќе смртни случаи.

Израелската војска соопшти дека погодила „30 терористички цели, вклучително воена инфраструктура, складишта за оружје и вооружени терористички ќелии кои претставуваат закана за копнените трупи на ИДФ (Израелските одбранбени сили)“ низ Појасот Газа.

Во врска со новиот предлог, Нетанјаху во саботата рече дека условите на Израел за завршување на војната не се променети и дека тие вклучуваат уништување на капацитетите на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување дека Газа повеќе не претставува закана за Израел, додека палестинската радикална група рече дека „позитивно гледа“ на како што рече Бајден во петокот, израелскиот план.

Посредниците во разговорите за примирје САД, Катар и Египет во саботата изјавија дека „ги повикуваат и Хамас и Израел да го финализираат договорот што ги отелотворува принципите наведени од претседателот Џо Бајден“.

Бајден во петокот рече дека израелската понуда во три фази ќе започне со шестнеделна почетна фаза во која израелските сили ќе се повлечат од сите населени области на Појасот Газа и дека тоа ќе вклучи „ослободување на голем број заложници“ во замена за „стотици палестински затвореници“ кои се во израелските затвори.

Израел и Палестинците потоа ќе преговараат за траен прекин на огнот, а примирјето ќе трае се додека преговорите се во тек, рече Бајден.

Нетанјаху ја оспори презентацијата на планот од Бајден, инсистирајќи дека според „точниот план предложен од Израел“, преминот од една фаза во друга е „условен“ и дизајниран да му овозможи да ги задржи своите воени цели.

Од друга страна, израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич и министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, лидерите на двете екстремно десничарски партии во парламентот, брзо предупредија дека ќе ја напуштат владата доколку го прифати предлогот за примирје.

Лапид, поранешен центристички премиер, сепак, рече дека владата „не може да го игнорира важниот говор на Бајден“ и треба да го прифати предложениот договор, ветувајќи дека ќе го поддржи Нетанјаху доколку неговите екстремно десничарски коалициски партнери се повлечат од примирјето.

Израелскиот претседател Исак Херцог во неделата изјави дека му рекол на премиерот дека ќе му даде „целосна поддршка за договорот што ќе овозможи ослободување на заложниците“.

Зеленски најави учество на 100 земји на мировниот состанок за Украина во Швајцарија

СИНГАПУР – Претседателот на Украина Володимир Зеленски (во средината) за време на средбата со двопартиската делегација на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. Сингапур, 1 јуни 2024 година
СИНГАПУР – Претседателот на Украина Володимир Зеленски (во средината) за време на средбата со двопартиската делегација на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. Сингапур, 1 јуни 2024 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 2 јуни во Сингапур изјави дека повеќе од 100 земји и организации најавиле присуство на мировниот состанок за Украина во Швајцарија којшто ќе се одржи на средината на јуни.

Зеленски се состана со странските лидери во Сингапур, бидејќи пристигна еден ден порано годишниот безбедносен самит „Дијалог Шагри-Ла“ каде што се обидува да добие меѓународна поддршка пред швајцарската мировна конференција кон крајот на овој месец.

Русија не учествува на настанот во Сингапур откако ја започна инвазијата врз Украина пред две години, а Кина исто така рече дека нема да присуствува.

Зеленски и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров разговараа повеќе од еден час со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, откако САД оваа недела ги намалија ограничувањата за употребата на американскоот оружје од Украина и им дозволија на украинските сили да напаѓаат цели во Русија.

Претставник на Пентагон рече дека Остин ја потврдил посветеноста и „силната поддршка“ на САД за Украина и дека двете страни ветиле дека и понатаму ќе го „зајакнуваат (нивното) стратешко одбранбено партнерство“.

Зеленски претходно на маргините на конференцијата се сретна со двопартиска делегација на Претставничкиот дом на САД и рече дека двете страни „укажале на важноста да ѝ се дозволи на Украина да користи американско оружје за напад на воени цели на руска територија во областите што граничат со Харковската област“.

Зеленски рече дека „покренато е и прашањето за дополнително зајакнување на притисокот со санкции врз Руската Федерација“.

Украинскиот претседател се сретна и со новоизбраниот претседател на Индонезија, Прабов Субјант, кој на истиот самит минатата година предложи индонезиски план за ставање крај на војната во Украина.

Украинската војска на 2 јуни соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 24 од 25 руски беспилотни летала во текот на ноќта, додека земјата се обидува да се опорави од еден од најголемите напади врз енергетската инфраструктура на Украина што се случи еден ден претходно.

Во Србија се одржуваат белградски и локални избори во 89 градови и општини

Гласање на локалните избори во Белград, 02.06.2024 година.
Гласање на локалните избори во Белград, 02.06.2024 година.

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, вклучително Белград, Нови Сад и Ниш. Во Белград се повторуваат изборите, откако на претходните кои беа одржани во декември, никој немаше мнозинство да формира власт.

До 11 часот во Белград гласале 14,3 отсто од гласачите, во Нови Сад 18,2 отсто и во Ниш 12,9 отсто. Ова се први проценки за излезноста што ги објавија ЦеСИД/Ипсос.

Споредено со излезноста на изборите во 2023 година, излезноста во сите овие градови е поголема, пренесе РТС.

На инсистирање на опозицијата, белградските избори се спорени со другите локални самоуправи каде не беа одржани во декември, а беа планирани за есен.

Дел од опозицијата ги бојкотира изборите во Белград, сметајќи дека изборните услови не се подобрени, додека за учеството на изборите во другите градови и општини најмногу одлучуваа месните комитети.

Спојувањето на изборите во Белград и другите градови и општини е овозможено со измените на Законот за локални избори, со кои се сменија роковите за нивно распишување.

Донесени се и измени на Законот за единствен избирачки список со кои се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Ограничувањето се однесува на оние кои го промениле живеалиштето од 3 јули 2023 година до 3 јуни 2024 година.

Овие измени на законот беа договорени меѓу пратеничките групи на предлог на опозицијата.

На крајот на април, врз основа на препораките на ОДИХР беше формирана Работната група за подобрување на изборниот процес, која ја сочинуваат членови на власта и опозицијата, како и претставници на малцинствата и невладиниот сектор.

По вонредните парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини одржани во декември, ОДИХР даде 25 препораки за подобрување на изборниот процес.

Поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад во трката за наследник на Раиси

Махмуд Ахмадинеџад ја поднесува кандидатурата во Техеран на 1 јуни.
Махмуд Ахмадинеџад ја поднесува кандидатурата во Техеран на 1 јуни.

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад се приклучи на листата на кандидати за претседателските избори, на која се избира нов претседател по смртта на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

Државните медиуми во неделата објавија дека шеесет и седумгодишниот Ахмадинеџад, долгогодишен противник на реформистите, се пријавил на изборите, објави Радио Фарда РСЕ.

Својата кандидатура ја најавија и поранешниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој е под санкции на САД, Вахид Хаганиан, градоначалникот на Техеран Алиреза Закани и долгогодишниот поранешен претседател на иранскиот парламент Али Лариџани.

Иранските институции кои контролираат кој може да се кандидира за функцијата, му забранија на Лариџани и на другите потенцијално конкурентни кандидати да се кандидираат против Раиси на претседателските избори во 2021 година.

Пријавувањето на кандидатите за изборите на 28 јуни завршува на 3 јуни. Советот на чувари на Уставот ќе ја објави конечната листа на кандидати на 11 јуни по завршување на процедурите за проверка.

Ахмадинеџад имаше два мандати помеѓу 2005 и 2013 година. Неговиот втор мандат беше проследен со жестоки протести поради спорниот реизбор во 2009 година и бруталното задушување на демонстрантите од страна на властите.

Пред неговата смрт, поранешниот обвинител Раиси се сметаше за потенцијален наследник на 85-годишниот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој ја има крајната политичка и верска моќ под иранскиот свештенички систем.

Отворена истрага против седуммина за улична продажба на дрога

Јавното обвинитлество.
Јавното обвинитлество.

Јавното обвинителство соопшти дека спроведува истражна постапка против седум лица осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, откако вчера беа уапсени 28 лица во акција на полицијата во Скопје „ засузбивање на училно дилерство на дрога“.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во вчерашната акција кај уапсените пронашла кокаин, амфетамин, марихуана, големи суми пари за кои полицијата се сомнева дека се од продавање на дрогата, како и ваги и други предмети.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), двајца од седуммината се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за три лица, како и предлог за мерки на претпазливост за уште тројца од осомничените.

Од обвинителството наведуваат дека од декември 2023 година имало координирани активности на повеќе полициски единици и дека се преземале истражни дејствија по наредби на јавен обвинител, по кои во текот на вчерашниот ден резултирале со претреси на повеќе локации, а кај осомничените кои се на возраст меѓу 28 и 50 години, била пронајдена наркотична дрога и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од улична продажба на дрога.

За време на гласањето во Индија од топлотен удар починале 33 членови на изборните служби

Гласачите се редат пред избирачкото место во градот Варанаси во државата Утар Прадеш на 1 јуни 2024 година.
Гласачите се редат пред избирачкото место во градот Варанаси во државата Утар Прадеш на 1 јуни 2024 година.

Најмалку 33 изборни службеници во Индија починале од топлотен удар на последниот ден од гласањето во само една држава, откако делови од земјата беа погодени од високите температури, изјави висок изборен функционер на 2 јуни.

Последната фаза од шестнеделните избори во Индија се одржа за време на интензивен топлотен бран со температури над 45 степени Целзиусови на многу места. Индискиот метеоролошки оддел (IMD) соопшти дека температурата во Џанси во Утар Прадеш достигнала 46,9 степени.

Навдип Ринва, главен изборен службеник во северната држава Утар Прадеш, каде гласањето во седмата и последна фаза од изборите заврши во саботата, рече дека 33 гласачи починале поради жештините.

Меѓу починатите има и санитарни работници.

„На семејствата на починатите ќе им биде обезбеден паричен надомест од 1,5 милиони рупии (18.000 американски долари)“, изјави Ринва за новинарите.

Експертите велат дека кога човек е дехидриран, изложеноста на екстремна топлина ја згуснува крвта и предизвикува запирање на работата на органите.

Ринва пријавил посебен инцидент во кој маж кој чекал во ред за гласање во градот Бали се онесвестил додека чекал во редот.

„Гласачот е пренесен во здравствена установа, каде што е констатирана смрт по пристигнувањето“, рече Ринва.

На Индија не и се непознати високите летни температури, но научните истражувања покажаа дека климатските промени предизвикуваат топлотните бранови да стануваат подолги, почести и поинтензивни.

Хинду националистичкиот премиер Нарендра Моди, според излезните анкети, изгледа дека ќе освои трета последователна изборна победа откако гласањето заврши во саботата.

Резултатите официјално ќе бидат објавени во вторник.

Пјонгјанг испрати уште 600 балони со отпад преку границата во Јужна Кореја

Балоните со отпад испратени од Северна Кореја се прикачени на далноводи во Јужна Кореја, 29 мај 2024 година.
Балоните со отпад испратени од Северна Кореја се прикачени на далноводи во Јужна Кореја, 29 мај 2024 година.

Северна Кореја прелета преку границата уште 600 балони со отпад, соопшти јужнокорејската војска на 2 јуни.

Во областите долж границата, беше забележан персонал во заштитни костуми како собира купишта отпад кој вклучуваше сè, од отпушоци до парчиња картон и пластика.

Јужна Кореја ја нарече најновата провокација на својот сосед кој има нуклеарно оружје „ирационална“. Сепак, за разлика од неодамнешните лансирања на балистички ракети, кампањата за отпадоци не ги нарушува санкциите на ОН против изолираниот режим на Ким Џонг Ун.

Сеул предупреди на силни контрамерки доколку Северна Кореја не го прекине бомбардирањето со балони за отпад, велејќи дека тоа е кршење на договорот за примирје со кој завршија непријателствата во Корејската војна од 1950 до 1953 година.

Генералштабот на Јужна Кореја ја повика јавноста да се држи подалеку од куповите отпадоци, иако „не се пронајдени опасни материи“.

Пјонгјанг испратил околу 900 балони на југ од вторникот, соопшти Генералштабот, додавајќи дека последниот бран почнал да пристигнува доцна во саботата, при што секој час пристигнувале од 20 до 50 балони.

Балоните слетуваат во северните провинции, вклучувајќи го главниот град Сеул и соседната провинција Ѓеонгџи, дом на речиси половина од населението на Јужна Кореја.

Последната серија балони беше полна со „остатоци како што се отпушоци од цигари, отпадна хартија, парчиња ткаенина и пластика“, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја треба да размисли како да одговори на балоните со продолжување на пропагандните кампањи преку звучниците долж границата со Северна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Јужна Кореја во минатото емитуваше пропаганда против Ким на Северна Кореја, што го налути Пјонгјанг.

Активистите во Јужна Кореја, исто така, испратија свои балони преку граница, исполнети со летоци, а понекогаш и пари, ориз или УСБ-стикови натоварени со корејски драми.

Кога Пјонгјанг почна да ги испраќа балоните со отпадоци, рече дека тие се „искрени подароци“ како одговор на балоните исполнети со пропаганда испратени во Северна Кореја.

„Ако Сеул одлучи да продолжи да емитува програми против северот преку звучници долж границата, што на Пјонгјанг не им се допаѓа исто како и балони против Ким, тоа може да доведе до ограничен вооружен конфликт долж пограничните области, како што е Западното Море“, рече Чеонг Сеонг - Чанг, директор за Стратегиите на Корејскиот Полуостров во Институтот Сејонг.

Во 2018 година, за време на период на подобрени меѓукорејски односи, двајцата лидери се согласија „целосно да престанат со сите непријателски дејства еден против друг во секој домен“, вклучително и испраќање летоци.

Парламентот на Јужна Кореја донесе закон во 2020 година со кој се криминализира испраќањето летоци во Северна Кореја, но законот - кој не ги одврати активистите - беше отфрлен минатата година како кршење на слободата на говорот.

Ким Јо Јонг, сестрата на Ким Јонг Ун, ја исмеа Јужна Кореја поради тоа што се жали на балоните оваа недела, велејќи дека Севернокорејците едноставно ја користат својата слобода на изразување.

Кампањата за отпадоци дојде кога аналитичарите предупредија дека Ким тестира оружје пред да го испрати во Русија за употреба во Украина, а јужнокорејскиот министер за одбрана викендов изјави дека Пјонгјанг сега доставил околу 10.000 контејнери со оружје во Москва, во замена за руската сателитска технологија.

Преку ден сончево, навечер дожд

Сончево време во Скопје.
Сончево време во Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Реал Мадрид го победи Дортмунд за 15-тата титула во Лигата на шампионите

Тимот на Реал Мадрид слави по победата во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Тимот на Реал Мадрид слави по победата во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Реал Мадрид на 1 јуни го освои трофејот во Лигата на шампионите по рекорден 15-ти пат.

Титулата дојде по победата од 2-0 против Борусија Дортмунд во финалето на стадионот Вембли.

„Не можеп да се навикнеш на тоа? Никогаш“, рече Карло Анчелоти, кој го зголеми сопствениот рекорд на победи како тренер на пет титули

„Сонот продолжува“, рече тој.

Победата на Реал Мадрид дојде откако прво Дани Карвахал му донесе водство на Реал Мадрид од 1:0, потоа и Винисиус Јуниор ја запечати победата со погодок за 2:0.

Карвахал со глава погоди за Мадрид во 74. минута, а Винисиус девет минути подоцна го удвои водството на шпанскиот гигант.

Петтата титула во Лигата на шампионите за Анчелоти беше трета со Мадрид и сега тој има две повеќе од неговите најблиски ривали Зинедин Зидан, Пеп Гвардиола и Боб Пејсли.

Зеленски пристигна во Сингапур на дијалогот Шангри-Ла

Украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на 1 јуни пристигна во Сингапур на конференцијата Шангри-Ла Дијалог.

Таму тој планира да се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Исто така Зеленски планира да се обрати пред делегатите за поддршката за неговата земја која е зафатена од војна.

По пристигнувањето на местото на конференцијата во силно обезбедување, Зеленски во изјава на платформата за социјалните медиуми Х рече дека дошол да собере поддршка од азиско-пацифичкиот регион за мировниот самит планиран за 15-16 јуни во Швајцарија.

Зеленски претходно на 31 мај потпиша договори за безбедност и соработка со Шведска, Норвешка и Исланд додека присуствуваше на третиот самит Украина-Северна Европа во Стокхолм.

Договорите беа потпишани додека руските напади и гранатирање продолжија да предизвикуваат хаос во градовите во Украина, убивајќи цивили и оштетувајќи ја инфраструктурата.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG