Достапни линкови

Вести

Два брода тргнаа низ „привремениот коридор“ кон Украина за да натоварат жито

Илустрација, бродови со жито во Црно Море
Илустрација, бродови со жито во Црно Море

Два товарни брода се упатија кон украинските пристаништа на 16 септември, првите бродови кои го искористија привремениот коридор за да влезат во пристаништата на Црното Море и да товарат жито за африканските и азиските пазари, изјави за Ројтерс украинскиот вицепремиер Олександр Кубраков.

Минатиот месец Украина објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заробени во нејзините пристаништа од почетокот на војната во февруари 2022 година и да ја заобиколи блокадата откако Русија се откажа од договорот за извоз на жито.

Пет бродови досега го напуштија пристаништето Одеса, користејќи го коридорот до западниот брег на Црното Море во близина на Романија и Бугарија.

Договорот со посредство на ОН и Турција за житото од Црното Море беше постигнат во јули 2022 година за борба против глобалната криза со храна, влошена со руската инвазија на Украина. Украина и Русија се меѓу најголемите светски извозници на жито.
Договорот за жито помогна да се намалат глобалните цени на храната и да се обезбеди на Украина важен извор на приход за борба против војната.

Русија се повлече од договорот за жито во јули, откако објави дека не ја исполнила целта за ублажување на гладот во Африка.

Оттогаш, тензиите се зголемија во регионот, Русија ги интензивира нападите врз украинските извозни центри, а силите на Киев ги гаѓаат московските поморски пристаништа и воени бродови, пишува француската агенција за печат (AFP).

Во последниве денови, Украина изврши неколку напади користејќи поморски дронови и ракети против руската поморска флота во Црното Море во и околу полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

види ги сите денешни вести

СДСМ ја потврди претседателската кандидатура на Стево Пендаровски

Стево Пендаровски, Конгрес на СДСМ, 3 март, 2024 година
Стево Пендаровски, Конгрес на СДСМ, 3 март, 2024 година

На вечерашниот партиски Конгрес СДСМ го потврди Стево Пендаровски како претседателски кандидат за претстојните избори на пролет. Со 706 гласови „за“ од своите сопартијци Пендаровски ја доби поддршката и официјално влегува во трката за втор претседателски мандат.

На почетокот на вечерашниот Конгрес свое обраќање имаше претседателот на СДСМ и Димитар Ковачевски, кој порача дека Пендаровски „има јасна визија за просперитетот на државата и нејзина интеграција во Европската Унија“.

„Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде претседател за сите. Во неговиот мандат земјата стана членка на НАТО, сега во вториот мандат да стане членка на ЕУ“, порача Ковачевски, кој истакна дека денеска биле собрани нас 20.000 граѓански потписи за кандидатурата на Пендаровски.

„На овој начин најдобро се потврди она што го говорам две години, дека најсилната, најголема и партија која има најголема организациска способност во државата е СДСМ“, додаде Ковачевски.

По гласањето, свое обраќање имаше и Пендаровски, кој истакна дека очекува двојна победа на претстојните претседателски и парламентарни избори.

„Очекувам двојна победа. Имаме свои вредности и потенцијали и сме подобри од нив. Реалните анкети што тие не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време се променети“, истакна Пендаровски.

Стево Пендаровски третпат ќе настапи како кандидат на СДСМ за претседател на државата. Претходно тој беше кандидат во 2014, а потоа и во 2019 година кога и победи на претседателските избори.

Пендаровски е на функцијата претседател на државата од 12. мај 2019 година.

Првпат беше кандидат за претседател на државата во 2014 година, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеа да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат беше кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

И на овие избори Силјановска Давкова е негов противкандидат. И таа денеска обезбеди 10 000 потписи од граѓаните за кандидатурата, а ВМРО-ДПМНЕ и ја официјализираше поддршката вчера на конвенција на партијата.

Потписи за влез во трката за претседател на државата досега обебзедија уште пет кандидати: Лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски, Билјана Ванковска, кандидат на Левица и Арбен Таравари од коалицијата на здружената албанска опозиција „Вреди“.

Израел ги бојкотираше преговорите за примирје бидејќи Хамас одби да објави список на живи заложници

Бегалски камп Рафах на југот на Појасот Газа, 28 февруари 2024 година.
Бегалски камп Рафах на југот на Појасот Газа, 28 февруари 2024 година.

Израел ги бојкотираше преговорите за примирје во Газа што се одржаа во Каиро во неделата, на 3 март, откако Хамас го одби барањето да испрати целосен список на заложници кои се уште се живи, објавија израелските медиуми.

Делегација на Хамас, организација означена како терористичка организација од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, пристигна во Каиро на разговори кои се сметаа за последна пречка пред договорот што би ги запрел борбите на шест недели.

Меѓутоа, до вечерта израелската страна не се појави.

„Нема израелска делегација во Каиро“, пренесува Ynet, онлајн верзијата на израелскиот весник Yedioth Ahronoth, повикувајќи се на неименувани израелски официјални лица.

„Хамас одбива да даде јасни одговори, така што нема причина да се испрати израелска делегација“, се наведува во цитатот.

Вашингтон инсистираше на тоа дека договорот за прекин на огнот е блиску и дека сè треба да биде договорено до Рамазан, кој започнува за седум дена.

Но, конфликтните страни дадоа многу малку јавни индикации дека се повлекуваат од нивните претходни барања.

По пристигнувањето на делегацијата на Хамас, палестински функционер изјави за Ројтерс дека договорот „сè уште н е постигнат“. Немаше официјални коментари од израелската страна.

Извор упатен во преговорите, во саботата рече дека Израел можеби нема да се појави во Каиро доколку Хамас не претстави целосна листа на заложници кои се уште се живи. Палестинските власти изјавија за Ројтерс дека Хамас досега го отфрлал таквото барање.

Во претходните преговори Хамас избегнуваше да разговара за состојбата на поединечните заложници додека не се договорат условите за нивно ослободување.

Американски официјален претставник им порача на новинарите во саботата: „Патот до прекин на огнот сега е многу директен и јасен. Договорот е на маса. Постои рамковен договор“.

Израел се согласи со рамката и се чека одговор од Хамас, додаде овој претставник.

Договорот ќе го означи првото продолжено примирје во војната што беснее веќе пет месеци, со еднонеделна пауза во текот на ноември. Десетици заложници кои ги држат милитантите ќе бидат ослободени во замена за палестински затвореници.

Помошта би стигнала до Газа, која моментално е на работ на сериозен глад.

Борбите би прекинале навреме за да се спречи масовен израелски напад врз Рафах, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се наоѓаат втурнати во ѕид, бидејќи на јужната страна има ограда на границата со Египет.

Израелските сили би се повлекле од некои области, а жителите на Газа би можеле да се вратат во своите домови.

Сепак, договорот очигледно не го исполнува клучното барање на Хамас, кое е траен крај на војната, и не ја решава судбината на повеќе од половина од стотиците преостанати заложници - меѓу нив и израелски мажи, кои не вклучуваат условите за ослободување на жени, деца, стари лица и повредени.

Египетските посредници посочија дека овие прашања засега би можеле да бидат ставени настрана, но со уверување дека подоцна ќе бидат решени. Извор од Хамас изјави за Ројтерс дека милитантите чекаат „пакет“ решенија.

Во меѓувреме, членот на израелскиот воен кабинет, Бени Ганц, во вторник во Вашингтон треба да се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а американскиот пратеник Амос Хохштајн во понеделник ќе го посети Бејрут за да види што може да се направи за да се разреши ескалација на конфликтот на либанско-израелската граница.

Малезија бара нова истрага 10 години по исчезнувањето на авионот на летот MH370

Куп брошури со извештај за безбедносна истрага за MH370 на состанок зад затворени врати со членовите на семејствата на жртвите во Путрајаја, Малезија, на 30 јули 2018 година.
Куп брошури со извештај за безбедносна истрага за MH370 на состанок зад затворени врати со членовите на семејствата на жртвите во Путрајаја, Малезија, на 30 јули 2018 година.

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот авион на летот MH370 на Малезија ерлајнс, изјави министерот за транспорт и врски на земјата, пред десетгодишнината од сè уште нерешеното исчезнување на авионот.

Летот MH370, Боинг 777 со 227 патници и дванаесет членови на екипажот, исчезна од радарот за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг на 8 март 2014 година.

Малезиските истражители првично не ја исклучија можноста авионот намерно да скршнал од курсот. Неговите останки се појавија на бреговите на Африка и на островите на Индискиот Океан, некои од нив се потврдени дека се од тој авион, а за некои од нив се претпоставува.

Малезискиот министер за транспорт, Ентони Лок, рече дека американската компанија за истражување на подморницата Оушн Инфинити била поканета да разговара за нејзиниот последен предлог, откако двата претходни обиди беа неуспешни.

„Малезиската влада е посветена на потрагата и таа мора да продолжи“, рече Локе на церемонијата на комеморација на трагедијата на 3 март.

Куала Лумпур веќе го ангажираше Оушн Инфинити во 2018 година да го пребарува јужниот дел на Индискиот Океан, нудејќи и на американската компанија 70 милиони долари доколку го најде авионот.

Малезија, Кина и Австралија ја прекинаа двегодишната, вредна 130 милиони долари потрага, уште во јануари 2017 година.

Локе најави дека Малезија ќе разговара за соработка со Австралија за повторно започнување на потрагата, откако предлогот на американската компанија ќе добие зелено светло од владата на Малезија.

На летот имало повеќе од 150 кинески патници, а нивните роднини бараат отштета од Малезија ерлајнс, Боинг, производителот на неговиот мотор Ролс Ројс, како и од осигурителната компанија Алијанц.

Независниот синдикат на полицијата бара усогласување на платите со новото покачување на минималната плата

Полиција, Северна Македонија (Илустрација)
Полиција, Северна Македонија (Илустрација)

Гранскиот независен синдикат на полицијата (НСП) од Владата и нејзиниот Економско-социјален совет (ЕСС) бара платите на полицијата да бидат усогласени со новото зголемување на минималната плата во државата.

Претседателот на НСП, Гоце Делчев, на прес-конференција ги повика министрите во ЕСС, кој секој март се состанува со синдикатите и работодавците за покачување на минималната плата, да ја имаат предвид и полицијата зашто според документите што се подготвуваат, рече, за нив не е предвидено покачување на платите.

„Апелираме до сите членови во ЕСС да се земе предвид, да се изнајде решение со секое покачување на минималната плата да се направи покачување и на платата во полицијата. Бидејќи и ние сме исто како и сите останати службеници во државата без разлика што сме третирани со посебни закони. Покачувањето на минималната плата треба да се вкомпонира и за полицијата, тука ги вклучувам и шумската, судската и затворската полиција. Но, најголем проблем е огромниот број во полицијата кои се директно засегнати од немањето покачување на платата врз основа на покачување на минималната плата“, рече Делчев.

Од 20.184 денари со новото зголемување, истакна Делчев, минималната плата ќе изнесува 22.500 денари.

„Разликата од тие околу 2.430 денари е основа која НСП ги бара да биде порамнување врз основа на покачување на минималната плата“, додаде претседателот на синдикатот.

Тој истакна и дека тие ова барање години наназад го доставуваат до МВР, но дека „ова Министерство не е тоа што го прави покачувањето и е незначителен фактор“.

„Покачувањето го бараме од Владата односно од Економско-социјалниот совет кое е тело што расправа, разгледува и донесува одлука на ниво на држава за сите плати“, додаде Делчев.

Папата бара населението да има безбеден пристап до хуманитарна помош во Газа

Папата во обраќање во Ватикан на 3 март 2024 година.
Папата во обраќање во Ватикан на 3 март 2024 година.

Папата Франциск повика на населението во Појасот Газа да му се гарантира „безбеден пристап“ до хуманитарна помош.

Според проценките на Обединетите Нации (ОН), гладот му се заканува на населението на таа територија, која е под блокада и израелски напади од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската организација Хамас, која САД и Европската унија (ЕУ) ја сметаат за терористичка и која е под блокада.

„Секој ден во моето срце со тага го носам страдањето на жителите во Палестина и во Израел, поради тековните непријателства“, рече папата на 3 март, по молитвата на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Го охрабрувам продолжувањето на преговорите за итен прекин на огнот во Газа и целиот регион, така што сите (израелски) заложници да бидат ослободени и вратени кај нивните роднини кои нервозно ги чекаат и цивилното (палестинското) население да може да има безбеден пристап до хуманитарната помош што и е итно потребна“, рече папата и апелираше за итен прекин на непријателствата.

Распределбата на помошта во Газа се претвори во драма на 29 февруари кога десетици луѓе загинаа под околности кои се уште не се јасно утврдени.

Во таа прилика луѓето се упатиле кон камионите со хуманитарна помош, создавајќи метеж, израелските војници пукале, а според информациите, во метежот повеќе луѓе биле прегазени токму од тие камиони.

Израелската војска на 3 март објави дека Палестинците биле убиени во стампедо, а не од истрели.

Во меѓувреме, претставниците на Хамас, Катар и САД се состануваат на 3 март во Каиро, во нов циклус преговори со цел да се воспостави примирје во Појасот Газа, објави египетскиот провладин медиум Ал Кахера.

Во текот на помалку од пет месеци од војнат вкупно 30.140 Палестинци се убиени во израелската офанзива во Појасот Газа, сопшти на 3 март Хамас, кој контролира поголем дел од територијата.

Војната беше поттикната од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, кога беа убиени повеќе од 1.600 израелски цивили, а околу 250 лица беа киднапирани. За време на прекинот на огнот на крајот на ноември беа ослободени 105 заложници во замена за 250 палестински затвореници.

Шехбаз Шариф е новиот премиер на Пакистан

Шехбаз Шариф на прес-конференција во Лахоре, февруари 2024 година.
Шехбаз Шариф на прес-конференција во Лахоре, февруари 2024 година.

Шехбаз Шариф денеска, на 3 март, беше избран за нов премиер на Пакистан на гласање во Националното собрание формирано по парламентарните избори, чиј резултат го оспоруваат приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан.

Шехбаз Шариф (72) веќе беше премиер од април 2022 до август 2023 година.

Тој е избран со 201 глас „за“ и 92 „против“, три недели по изборите одржани на 8 февруари, обележани со силни сомнежи за проневера. Гласовите против беа за Ајуб Кан, кандидат поддржан од поранешниот премиер Имран Кан.

Имран Кан, кој е во затвор од август, тврди дека изборите биле наместени на срамен начин, на иницијатива на моќната армија, за да се спречи враќањето на неговата партија на власт.

За да се вратат на власт, Шехбаз Шариф и неговата партија, Пакистанската муслиманска лига (ПМЛ-Н), мораа да постигнат коалициски договор со својот историски ривал, Пакистанската народна партија (ППП) на Билавал Буто Зардари и неколку други помали партии.

За возврат, поранешниот претседател Асиф Али Зардари (2008-2013), сопруг на убиената поранешна премиерка Беназир Буто и татко на Билавал, беше номиниран од партијата ЈПП за заеднички кандидат за претседател.

Денешната парламентарна седница помина бурно, одбележана со размена на навреди меѓу приврзаниците на многу популарниот Имран Кан, кој беше претходник на Шехбаз Шариф како премиер во периодот од 2018 до 2022 година, пред да биде сменет со гласање за недоверба на владата.

Шехбаз Шариф, помладиот брат на Наваз Шариф, кој и самиот беше премиер три пати, треба да положи заклетва на 4 март за нов петгодишен мандат. Сепак, ниту еден пакистански премиер никогаш досега не го завршил тој петгодишен мандат како претседател.

Шест вооружени лица убиени во престрелка во Ингушетија, тврди Русија

Специјалци на улиците на Карабулак за време на операцијата на 2 март 2024 година.
Специјалци на улиците на Карабулак за време на операцијата на 2 март 2024 година.

Шест вооружени лица се убиени во престрелка со полицијата во градот Карабулак во руската севернокавкаска област Ингушетија на 2 март, соопштија тамошните истражни органи.

Националниот антитерористички комитет во соопштение наведе дека убиените мажи биле „група борци кои планирале злосторства во областа на тероризмот“.

Руските власти тврдеа дека лицата биле поврзани со терористичката организација Исламска држава. Независниот канал База на Телеграм на 3 март објави дека само петмина од убиените мажи биле вооружени, додека шестиот бил случаен минувач. Базата извести и дека се ранети тројца полицајци. Ова не може да се потврди независно.

Како што јави рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), во градот Карабулак во Ингушетија вечерта на 2 март непознати вооружени лица се судриле со полицијата. Националниот комитет за борба против тероризмот соопшти дека службениците за спроведување на законот се борат против „група милитанти кои планираат терористички злосторства“.

Според последните информации, убиени се шест лица кои се забарикадирале во куќа и пукале во специјалците. Идентитетот на жртвите беше претходно утврден. Тие наводно биле поврзани со терористичката група Исламска држава, забранета во Русија и во многу земји ширум светот.

На видеото од местото на настанот се слушаат звуци на поединечни експлозии и пукање од митралези, по што граната влетала во станбена зграда, а експлозијата е снимена на видео, јави Кавкаската служба на РСЕ.

Базата утрото на 3 март објави дека еден случаен минувач бил убиен за време на пукањето. Нема официјална потврда за оваа информација.

Лидерот на Ингушетија, Махмуд-Али Калиматов, ги повика жителите на регионот да останат смирени и да им веруваат само на официјалните информации.

Во неделата, на 3 март, околу 11 часот по московско време, агенцијата ТАСС објави дека активната фаза на операцијата е завршена.

Од сабота навечер до недела напладне во Карабулк се одвиваше антитерористичка операција.

Ова значи дека во текот на тој период органите на прогонот можеле да вршат задолжителни проверки на документи, да ја ограничат комуникацијата, да поставуваат блокади на патиштата и да имаат право да „отстранат поединци од одредени области “ - односно, да ги иселат луѓето од нивните домови, како и да се одземат возилата на организациите и да се ограничи сообраќајот на улиците.

Тоа произлегува од одлуката на оперативниот штаб на Ингушетија. Жителите од куќата во која се одвивала акцијата се евакуирани и сместени во локалната училишна зграда.

Се бара притвор за осуммина приведени по вчерашната акција на МВР за шверц на дрога, двајца веќе се во затвор

Зградата на ОЈО во Скопје (Илустративна фотографија)
Зградата на ОЈО во Скопје (Илустративна фотографија)

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денеска од МВР, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Оттаму додаваат и дека станува збор за вчерашната акција на МВР под кодно име „Чибук“, а осомничемните се теретат дека сториле кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни спстанци“.

„Во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина и притоа беа приведени 8 лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со 193 вакумирани кеси со наркотична дрога марихуана во количина од 99 кг и 630 грама“, се вели во соопштението.

Од обвинителството велат дека се работи за повеќемесечна предистражна постапка, преку која се утврдила дека во периодот од октомври 2023 до март 2024 година, осомничените се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба.

Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица.

„Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за осумтемина осомничени. Останатите двајца осомничени се наоѓаат на издржување на затворската казна во КПД Затвор Прилеп од каде го сториле кривичното дело што им се става на товар“, се додава во соопштението од Јавното обвинителство во врска со акцијата „Чибук“.

МВР вчера соопшти дека е сузбиена криминална група, како и тоа дека се приведени 10 лица, но не беа откриени повеќе детали.

Израел тврди дека стампедо убило повеќе Палестинци за време на испораката на помош во Газа

Луѓето земаат храна од камион во северна Газа, 2 март 2024 година.
Луѓето земаат храна од камион во северна Газа, 2 март 2024 година.

ИДФ тврди дека „поголем број“ Палестинци се убиени или повредени во спорен смртоносен инцидент во близина на камион со хуманитарна помош во северниот дел на Газа, кои загинале како последица на „стампедо“.

„Предупредувачки истрели беа испукани за да се „растера стампедото“ западно од градот Газа во четвртокот“, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

„Откако нашите сили почнаа да се повлекуваат, неколку разбојници им пријдоа на нашите сили и претставуваа непосредна закана за нив. Војниците им одговорија на неколку поединци“, додаде Хагари.

Сепак, неговото сведочење го оспоруваат медицински лица од околните болници, Палестинци, кои велат дека биле застрелани, како и од Министерството за здравство во Газа со кое раководи Хамас, палестинска организација која САД и Европската унија ја прогласија за терористичка организација.

Во изјавата на Хагари не се споменуваат забелешките на портпаролот на израелската Влада Ави Химан, кој рече дека „десетици“ луѓе биле убиени од камионите со хуманитарна помош кои „се судриле“ во толпата.

Палестинците и Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, тврдат дека израелските војници отвориле оган врз толпата која дошла да набави храна и лекови. Министерството соопшти дека загинале повеќе од 100 луѓе.

Шефот на градската болница Ал Авда рече дека 80 отсто од вкупно 176 пациенти примени по инцидентот се со прострелни рани. Останатите, 34 од нив, се повредени во стампедото предизвикано од пукање, изјави д-р Мохамед Салха.

На 2 март, тимови на Обединетите Нации (ОН) и Светската здравствена организација прегледаа голем број пациенти со прострелни рани во болницата Ал Шифа. Околу 70 тела и 700 повредени лица биле примени во болница тој ден, соопшти персоналот.

Пендаровски и Силјановска-Давкова ги собраа граѓанските потписи за потврда на своите кандидатури

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова (Илустративна фотографија)
Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова (Илустративна фотографија)

Актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој денеска на конгресот на СДСМ ќе ја официјализира својата кандидатура за втор мандат, како и кандидатката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, денеска ги собраа потребните 10.000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурите.

„Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението се додава и дека продолжува собирањето потписи ќе продолжи во текот на наредните часови и денови.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ, информираа дека нивниот кандидат, професорката Гордана Силјановска-Давкова, до 12 часот денеска собрала над 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата.

Силјановска Давкова вчера беше и официјално избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, откако доби 444 делегатски гласа на Конвенцијата на најголемата опозициска партија.

Вечерва, со почеток од 18 часот пак, на конгрес на СДСМ, се очекува поддршката од своите сопартијци да ја добие и претседателот Стево Пендаровски, а од претходно веќе пет кандидати ги собраа потребните потписи.

Постапката за собирање потписи почна на 23 февруари, а ќе трае до 8 март до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG