Достапни линкови

Вести

Состанок на работната група за процесот „Жан Моне, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува

Работна група за учество на Дијалогот Жан Моне (архивска фотографија)

Во Собранието денеска се одржува состанок на Работната група за учество на Дијалогот „Жан Моне“.

Состанокот го свика претседателот на Собранието Талат Џафери. Во групата членуваат претставници и координатори на пратеничките групи, дискусијата е фокусирана на промена или усвојување на нов Деловник за работа на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека нема да присуствува на средбата.

Тој вели деканема да присуствува на средбата поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајминог на продолжението на „Жан Моне“ процесот.

„Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, истакна Мицевски.

За промената на собранискиот Деловник партиите долго време разговараат во рамки на процесот „Жан Моне.“

Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите на крајот на октомври рече дека доколку не се промени собранискиот Деловник и во иднина ќе останат можностите за блокирање на Собранието.

Некои закони во Собранието зе заглавени и повеќе од две години. Тоа беше нотирано во Извештајот за напредокот на Македонија на Европската комисија (ЕК), каде се наведува дека работата на Парламентот е нарушена поради политичка поларизација.

Во однос на динамиката за промена на Деловникот, Џафери наведе дека партиите треба да работат на разгледување на триесетина членови, од Член 132 до Член 160, и да се дефинираат слабостите. За тоа треба сите партии да ги усогласат ставовите, а доколку постојат дилеми за одредени прашања, тие ќе бидат оставени отворени до последната средба за нивно кончено допрецизирање, вели Џафери.

види ги сите денешни вести

Вработените во култура секој ден ќе протестираат додека не добијат повисоки плати

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, одржаа протест пред Министерството за финансии во Скопје, со барање за повиски плати.

Секојдневен протест се додека не добијат повисоки плати најавија од синдикалната организација при Министерството за култура.

На 27 март вработени во Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, одржаа едночасовниот протест пред Министерството за финансии со барање за повисоки плати.

На денешниот протест побараа и средба со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски изјави дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта - соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.

Тие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии.

Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.

Парализиран сообраќајот во Германија, работниците бараат поголеми плати

Празна платформа на главната железничка станица во Франкфурт, Германија, понеделник, 27 март 2023 година.

Во поголемиот дел од Германија на 27 март запреа возовите, авионите и јавните транспортни системи откако синдикатите свикаа на голем еднодневен штрајк поради платите.

Дваесет и четири часовниот штрајк се одрази и на товарниот транспорт преку железница и бродови, бидејќи работниците и од овие сектори се приклучија на штрајкот. Многу патници се одлучија да користат автомобили, со што предизвикаа гужви на патиштата и задоцнувања, а оние кои можеа останаа да работат од дома.

Синдикатите бараат зголемување на платите за минимум 10,5 отсто и ги отфрлија понудите на работодавачите за 5 отсто во две фази плус еднократни исплати.

Високата инфлација, забележана и на други места минатата година, тешко ги погоди работниците, рече Улрих Силбербах од Федерацијата за државни служби.

Работничките штрајкови се редовна појава во Германија и обично завршуваат со компромисен договор меѓу синдикатите и работодавачите.

Штрајк на синдикатите во Израел, се зголемува отпорот кон судските реформи на Нетанјаху

Протести во Израел откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот за одбрана, Ерусалим, 26 март 2023 година.

Прекинати се летовите од главниот меѓународен аеродром во Израел, соопшти израелската аеродромската управа на 27 април. Прекинот на летовите е во знак на протест против планираните владини реформи во судството.

Најголемата унија на синдикати во земјата повика во понеделникот на штрајк во многу сектори, со што се приклучија на движењето на отпор против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за реформите во судството, што предизвика невиден отпор од целото израелско општество.

Најголемиот синдикат во Израел претставува околу 700 илјади работници во здравството, сообраќајот, банкарството и многу други области.

Авионите во моментов сè уште ќе можат да слетаат на аеродромот Бен-Гурион, надвор од метрополата Тел Авив.

Израелската влада дебатира дали да ја замрзне нејзината контроверзна планирана судска реформа, откако на 26 март, по смената на министерот за одбрана, Јоав Галант, во земјата избија масовни протести, објави на 27 март „Џерусалим пост“.

Десетици илјади луѓе спонтано се собраа во Тел Авив за да протестираат поради тоа што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот Галант, откако тој ја повика владата да ја прекине реформата, чии клучни елементи се очекува да бидат усвоени во следните неколку дена.

Во Ерусалим, демонстранти наводно ја пробиле блокадата во близина на резиденцијата на Нетанјаху, иако не е јасно дали 73-годишниот премиер бил дома.

Со оглед на ситуацијата, Нетанјаху свика итен состанок. Според „Џерусалим пост“, разговорите што почнаа уште синоќа продолжија до раните утрински часови.

Израелскиот претседател Исак Херцог ја повика владата да ги запре планираните контроверзни судски реформи откако земјата синоќа беше потресена од насилни протести.

„Во име на единството на израелскиот народ, во име на одговорноста, ве молам веднаш да го запрете законодавниот процес“, напиша Херцог на Твитер рано утринава, во апелот до екстремно десничарската коалициска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

САД изразија длабока загриженост и повикаа на итен компромис по избувнувањето на протестите во Тел Авив.

Владата на Бенјамин Нетанјаху, една од најдесните во историјата на Израел, во јануари предложи план за реформи кој ја подели земјата.

Реформата, која поттикна загриженост дома и во странство, треба да го зголеми влијанието на пратениците врз судовите. Нејзините критичари истакнуваат дека тоа ги загрозува демократските принципи на израелската држава.

Нетанјаху и неговите сојузници, екстремно десничарските и ултраортодоксните партии, велат дека планираната реформа е неопходна за да се врати рамнотежата на силите меѓу пратениците и Врховниот суд, кој го сметаат за политизиран.

Шефицата на албанската дипломатија Џачка во посета на Скопје

Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ољта Џачка

Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ољта Џачка на 27 март ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Таа ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со кого ќе одржи и заедничка прес-конференција.

Превидено е да има средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека министрите Османи и Џачка ќе разговараат за билатералната соработка, пристапниот процес за членство на двете држави во ЕУ, соработката во рамки на НАТО, како и за неодамна постигнатиот договор меѓу Косово и Србија.


Македонија и Албанија во пакет на 19 јули 2022 започнаа преговори за влез во Европската унија, но македонското Собрание треба да донесе уставни измени и да ги внесе Бугарите во Уставот за да почне отворањето на поглавја во преговорите со ЕУ.

Македонија одбележува три години во НАТО

Знамиња на Северна Македонија и НАТО

Авиони од сојузничките земји члени на НАТО ќе прелетаат на 27 март на македонското небо како дел од активностите со кои се одбележува третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО.

Централната свеченост за одбележување на настанот ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје.

Најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни воени вежби.

Претходно, во организација на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници ќе се одржи традиционалниот „НАТО појадок”, со учество на дипломатскиот кор, активност со која стартуваат Деновите на НАТО во државава, што ќе се одвиваат до 4 април.

На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Определбата за евро-атлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

Русија ја обвинува Украина за напад со беспилотно летало

Илустрација

Русија ја обвинува Украина дека планирала напад со беспилотно летало, откако еден дрон денеска експлодира и се урна во руски град во областа Тула. Според руското министерство за одбрана. руската противвоздушна одбрана го запрела нападот со украински беспилотно летало врз руски град, при кој три лица беа повредени, а станбени блокови беа оштетени.

Киев не одговори веднаш на барањето за коментар. Украина претходно ги негираше руските тврдења дека нејзините беспилотни летала - исто така познати како беспилотни летала UAV - летале на руска територија и предизвикале штета на цивилната инфраструктура.

Во соопштението на руското Министерството за одбрана се вели дека во нападот врз градот Киреевск, во областа Тула, на 220 километри јужно од Москва, учествувал украински беспилотно летало Ту-141 Стриж.

„Електронска единица Polye-21 презеде акција против украинскиот дрон, а како резултат на тоа неговиот навигациски систем беше исфрлен од акција“, се вели во соопштението на Министерството.

„Дронот ја загуби командата за насочување и падна во близина на градот Киреевск во областа Тула.

Новинската агенција Тасс ги цитираше локалните власти дека три лица се повредени во инцидентот, но нема сериозни повредени. Се наведува дека пет приватни домови биле оштетени.

Русија претходно објави напади со беспилотни летала во неколку градови и некои од нив на стотици километри од нејзината граница со Украина.

Тројца припадници на руските воздухопловни сили загинаа на 26 декември кога беспилотно летало за кое се верува дека е украинско беше соборено во главната база за руските стратешки бомбардери во близина на градот Саратов, откако прелета стотици километри низ рускиот воздушен простор.

Борел ја предупредува Белорусија за нови санкции поради нуклеарното оружје

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, на 26 март ја повика Белорусија да не дозволи да биде поставено руско нуклеарно оружје на нејзина територија. Тој посочи дека ЕУ може да воведе дополнителни санкции против Минск доколку го направи тоа.

„Домаќин на руско нуклеарно оружје во Белорусија би значело неодговорна ескалација и закана за европската безбедност. Белорусија сè уште може да го запре, тоа е нивен избор. ЕУ е подготвена да одговори со дополнителни санкции“, напиша Борел на Твитер.

Овие забелешките дојдоа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва планира да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, близок сојузник.

Путин изјави дека Москва постигнала договор за стационирање на тактичко нуклеарно оружје на територијата на блискиот сојузник Белорусија, која граничи и со Русија и со Украина. Тој смета дека нема „ништо необично“ во потегот и дека тој не ги прекршил постојните договори за неширење нуклеарно оружје.

Путин додаде дека Русија гради складиште во Белорусија и дека Москва нема да ја префрли контролата на оружјето на властите во Минск.

На оваа изјава реагираше НАТО и Пентагон. Во нивното соопштение е наведено дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје и дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата. Германската Влада потегот на Русија го нарече обид за нуклеарно заплашување.

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг, архивска фотографија

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„НАТО е буден и ние внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никакви промени во нуклеарната положба на Русија што би нè навело да ја прилагодиме нашата“, изјави портпаролот на НАТО, јавува новинската агенција Ројтерс.

„Повикувањето на Русија за нуклеарното споделување на НАТО е целосно погрешно. Сојузниците на НАТО дејствуваат со целосно почитување на нивните меѓународни обврски. Русија постојано ги прекршува своите обврски за контрола на вооружувањето, неодамна суспендирајќи го своето учество во Новиот договор “, изјави портпаролот на НАТО.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва постигнала договор за стационирање на тактичко нуклеарно оружје на територијата на блискиот сојузник Белорусија, која граничи и со Русија и со Украина. Руската државна новинска агенција ТАСС на 25 март го цитираше Путин како тврди дека нема „ништо необично“ во потегот и дека тој не ги прекршил постојните договори за неширење нуклеарно оружје.

„Се договоривме со белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ќе поставиме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија без да го нарушиме режимот за неширење на оружјето“, изјави Путин, јавува ТАСС.

„И тука нема ништо необично: прво, Соединетите држави го прават тоа со децении. Тие долго време го распоредија своето тактичко нуклеарно оружје на територијата на нивните сојузнички земји. Се договоривме дека ќе го сториме истото“, вели рускиот лидер.

Путин додаде дека Русија гради складиште во Белорусија и дека Москва нема да ја префрли контролата на оружјето на властите во Минск.

На оваа изјава реагираше и Пентагон. Во нивното соопштение е наведено дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје и дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата. Германската Влада потегот на Русија го нарече обид за нуклеарно заплашување.

ММФ предупредува- ризикот за финансиска стабилност се зголемени

Архивска фотографија,

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева на 26 март предупреди дека ризиците за финансиската стабилност се зголемени и ја нагласи „потребата од внимателност“ по неодамнешните превирања во банкарскиот сектор.

Таа во својот говор на форумот во Пекинг, директорката на ММФ, бугарска економистка, рече дека очекува 2023 година „да биде уште една предизвикувачка година“. Герогиева посочи дека се очекува забавување на глобалниот раст на под 3,0 отсто поради војната во Украина, монетарното затегнување и „лузни“ од пандемијата.

Путин тврди дека Русија и Кина не создаваат воен сојуз

Архивска фотографија, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг

Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со својата воена соработка. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија.

Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија своето пријателство и ветија дека ќе воспостават поблиски врски на самитот во Москва претходно оваа недела, додека Русија се обидува да напредува во, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина.

„Не основаме никаков воен сојуз со Кина. Да, ние соработуваме на полето на воено-техничката интеракција. Не го криеме тоа. Сè е транспарентно, нема ништо тајно“, додаде Путин.


Рускиот претседател исто така рече дека западните сили се обидуваат да создадат повеќе глобални сојузи, обвинувајќи ги САД и НАТО дека почнале да градат нова „оска“ слична на сојузот од Втората светска војна меѓу Германија, Италија и Јапонија.

„Затоа западните аналитичари зборуваат за фактот дека Западот почнува да гради нова оска слична на онаа што во 1930-тите ја создадоа фашистичките режими на Германија и Италија и милитаристичка Јапонија,“ оцени Путин.

Бајден -Достапна е федералната помош за областите погодени од смртоносното торнадо

Американскиот претседател Џо Бајден на 26 март издаде итна декларација за Мисисипи, со што федералното финансирање е достапно за областите најтешко погодени од смртоносното торнадо што ги погоди најсиромашните делови на САД, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а десетици се повредени.

Федералните фондови на САД се наменети за субвенции за привремено сместување и поправки, како и за поволни заеми за покривање на загубите на неосигурен имот.

Невремето на 24 март кое траеше еден час погоди неколку градови. Екипите за пребарување и опоравување на 26 март ја продолжија застрашувачката задача да копаат низ остатоците од срамнети со земја и уништени домови, комерцијални згради и општински канцеларии откако стотици луѓе беа раселени.

Невремето беше проследено и со град со големина на тениско топче и се прошири низ јужниот дел на САД со ветрови кои се движеа со брзина од 113 километри на час.


Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување.

Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба. Малиот град Ролинг Форк е уништен во торнадото кое достигна брзина од 320 километри на час. Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД.

Преговорите меѓу Косово и Србија, тема на разговори меѓу Бегај и Курти

Преговорите меѓу Косово и Србија беа главна тема на разговор на денешната средба на албанскиот претседател Бајрам Бегај и косовскиот премиер Албин Курти. Бегај високо ја оценува внимателноста и храброста што ја покажале премиерот Курти и преговарачкиот тим на Република Косово за прифаќање на европскиот план, како и за негово потпишување и спроведување.

„Нагласив дека јавната согласност и посветеноста на страните за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија и соодветниот анекс, како негов составен дел, е уште една гаранција за мирот, стабилноста, како и иднината на земјите од регионот во Европската Унија“, наведува Бегај во соопштението објавено на неговиот Фејсбук профил .


Бегај изрази уверување дека целосно ќе се почитува заложбата искажана од страните во Охрид и "ќе се изнајдат соодветни механизми овој јавен договор да се претвори во меѓународно обврзувачки и применлив договор за страните".

За време на престојот во Тирана Курти ќе се сретне и со претседателката на парламентот Линдита Никола и со премиерот Еди Рама со кого е планиран работен ручек.

Пентагон- Нема индикации дека Русија планира да користи нуклеарно оружје

Министерството за одбрана на САД на 25 март соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје по најавата на Москва дека ќе постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„Ги видовме извештаите за најавата на Русија и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, се вели во соопштението.

„Не видовме причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна позиција, ниту какви било индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје. Остануваме посветени на колективната одбрана на НАТО алијансата“, се вели во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва постигнала договор за стационирање на тактичко нуклеарно оружје на територијата на блискиот сојузник Белорусија, која граничи и со Русија и со Украина. Руската државна новинска агенција ТАСС на 25 март го цитираше Путин како тврди дека нема „ништо необично“ во потегот и дека тој не ги прекршил постојните договори за неширење нуклеарно оружје.

„Се договоривме со белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ќе поставиме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија без да го нарушиме режимот за неширење на оружјето“, изјави Путин, јавува ТАСС.

„И тука нема ништо необично: прво, Соединетите држави го прават тоа со децении. Тие долго време го распоредија своето тактичко нуклеарно оружје на територијата на нивните сојузнички земји. Се договоривме дека ќе го сториме истото“, вели рускиот лидер.

Путин додаде дека Русија гради складиште во Белорусија и дека Москва нема да ја префрли контролата на оружјето на властите во Минск.

Германија-Русија ја користи Белорусија за нуклеарно заплашување

Илустрација

Руската најава за стационирање на руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е обид за нуклеарно заплашување, оценува германската влада.

„Споредбата на претседателот Владимир Путин со нуклеарното оружје на НАТО е погрешна. Тоа не може да послужи како оправдување за чекорот што го најави Русија. Покрај тоа, Белорусија даде неколку меѓународни изјави дека нема да има нуклеарно оружје“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера соопшти дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.

„Нема ништо невообичаено во ова: САД го прават тоа со децении. Тие веќе долго време распоредуваат тактичко нуклеарно оружје на територијата на своите сојузници, рече Путин во интервју за руската телевизија.

Министерството за одбрана на САД соопшти дека е запознаено со најавата на Путин и дека ја следи ситуацијата. Оттаму велат дека не гледаат никаква непосредна причина за прилагодување на својот нуклеарен став ниту какви било индикации дека Русија се подготвува да користи такво оружје.

Договорот за неширење нуклеарно оружје (НПТ) е историски пакт насочен кон спречување на ширењето на нуклеарното оружје и технологијата за оружје, потпишан од повеќе од 190 земји и стапи на сила во 1970 година.

Во меѓувреме, на бојното поле, продолжија жестоките борби во близина на источниот украински град Бахмут, при што Русија изврши десетици напади во изминатите 24 часа, соопшти украинската војска на брифингот на 25 март.

Полицијата во Хонгконг ги следи првите дозволени протести

Полицијата во Хонгконг на 26 март дозволи мал протестен марш под строги ограничувања во еден од првите демонстрации што требаше да се одобрат по донесувањето на сеопфатниот закон за национална безбедност во 2020 година.

Неколку десетици демонстранти требаше да носат нумерирани ремени и им беше забрането да носат маски на лицата, додека полицијата го надгледуваше нивниот марш против предложениот проект за мелиорација и обработка на ѓубрето.

Барањата за други протести, вклучително и бдеење со свеќи на 4 јуни за комеморација на жртвите на репресијата на кинескиот плоштад Тјенанмен во 1989 година, беа одбиени поради протоколи за ковид- дистанцирање, јавува новинската агенција Ројтерс.

Последното од ограничувањата за ковид во Хонгконг беше укината оваа година, по одлуката на Кина да ја прекине својата политика „нулта-COVID“. Мини-уставот на Хонг Конг, Основниот закон, го гарантира правото на јавен собир.

Откако Кина го наметна законот за национална безбедност, донесен во јуни 2020 година како одговор на долготрајните продемократски протести во 2019 година, властите ги ограничија слободите и уапсија голем број опозициски политичари и активисти. Врз основа на законот за национална безбедност беа уапсени повеќе од 100 луѓе.

Некои западни влади го критикуваа законот како алатка за репресија, но кинеските власти велат дека тој ја вратил стабилноста на финансискиот центар.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG