Достапни линкови

Вести

Пендаровски: Загрижувачки е што се уште се живи историските неправди кон Ромите

Претседателот Стево Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски по повод 2 Август – Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите упати порака во која вели дека е загрижувачки е што денес се уште се живи историските неправди кон нив, како негирањето на геноцидот извршен врз Ромите, расизмот, антициганизмот, говорот на омраза и дискриминацијата чиј интензитет се зголемува, дури и во современите демократски општества. „Сеќавајќи се и оддавајќи почит на милионите жртви во Втората светска војна, не смееме да заборавиме и на над 4.300 деца, жени и мажи Роми, погубени во нацистичкиот логор во Аушвиц-Биркенау. Во тој ужасен период од историјата на сила беа закони кои го обезвреднуваа човековиот живот и вроденото достоинство на различни групи, меѓу кои и на Ромите. Тогашната идеологија овозможуваше експлоатирање на нивниот труд, нечовечки медицински експерименти, присилни стерилизации и на крајот, масовни убиства во логорите на смртта, вели претседателот Пендаровски.

Предизвиците на Ромите исти како и пред 30 години


Тој потсетува дека во текот на Втората светска војна се убиени над 500.000 Роми низ Европа и Балканот. „Загрижувачки е што денес се сè уште живи историските неправди кон Ромите – негирањето на геноцидот врз нив, расизмот, антициганизмот, говорот на омраза и дискриминацијата чиј интензитет се зголемува, дури и во современите демократски општества. Сето тоа ги турка Ромите на маргините и ја уназадува борбата за нивните човекови права и слободи. Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик кој ги споделува стремежите и жртвите во борбата за слободно општество. Таа коегзистенција треба да продолжи во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит“, нагласува Пендаровски. По повод Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите, во Кабинетот на претседателот се одржа комеморативна церемонија на која во дворот беше засадено дрво и беше поставена спомен плоча со натпис „Во чест и сеќавање на жртвите Роми за време на Втората светска војна“. На комеморативниот настан, беа прочитани сведоштва на преживеани припадници на ромската заедница од Втората светска војна.

види ги сите денешни вести

Србија и Романија ќе ја градат хидроелектраната Ѓердап 3

Хидроцентралата Ѓердап 1, Србија.
Хидроцентралата Ѓердап 1, Србија.

Изградбата на хидроцентралата „Ѓердап 3“ Владата на Србија ја прогласи за проект од посебно значење, соопшти Министерството за рударство и енергетика на Србија.

Министерството во соопштението од 20 мај наведува дека тој стратешки објект на реката Дунав се работи во координација со Романија и дека е еден од најголемите во регионот.

Се додава дека во Србија и Романија се формирани тимови за изградба на хидроцентралата, како и дека се завршени генералниот проект и претходната физибилити студија.

За ова денеска во Белград разговараа министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и амбасадорката на Романија во Србија Силвија Давидоја.

Најавено е дека ревитализацијата на хидроелектраната „Ѓердап 2“ треба да започне во 2025 година, откако ќе заврши реновирањето на хидроцентралата „Ѓердап 1“ и дека ќе се продолжи нивниот работен век за најмалку 30 години.

Ѓердап 1 беше пуштена во употреба во мај 1972 година, додека Ѓердап 2 е во функција од 1985 година.

Според веб-страницата на Електропривреда Србија, Ѓердап 3 се планира да биде реверзибилна хидроцентрала на 1007-от километар од Дунав. Водата ќе се зафаќа од езерото Ѓердап и ќе се пумпа во двата горни басени во периоди кога српскиот електроенергетски систем има вишок на електрична енергија. Во деновите на максимално оптоварување, таа би работела како електрана за складирање.

Планирано е сите три електрани во системот Ѓердап да имаат вкупна моќност од 2.400 мегавати.

Двете постоечки хидроцентрали се со моќност од 1.605 мегавати. Тие учествуваат со 20 отсто од вкупното годишно производство на електрична енергија во земјава.

Најавено е и дека Србија и Романија договориле меморандум за разбирање за изградба на гасна интерконекција меѓу двете земји и дека наскоро се очекува негово потпишување.

Во Москва започна судењето на театарската режисерка Беркович и на драмската писателка Петричук

Руската драмска писателка Светлана Петријчук (L) и сценската режисерка Евгенија Беркович на сослушување во Московскиот окружен суд Хамовники. 30 јуни 2023.
Руската драмска писателка Светлана Петријчук (L) и сценската режисерка Евгенија Беркович на сослушување во Московскиот окружен суд Хамовники. 30 јуни 2023.

Воениот суд во Москва го започна судењето на театарската режисерка Евгенија Беркович и на драмската писателка Светлана Петричук, кои се обвинети за оправдување тероризам.

Двете жени ја повторија својата невиност, откако судењето започна на 20 мај.

Тие беа уапсени во мај 2023 година по продукцијата на претставата „Финист - Храбриот сокол“.

Претставата зборува за Русинки кои се омажиле за мажи муслимани и се преселиле во Сирија.

Претставата, која првпат беше изведена во декември 2022 година, ја доби руската национална театарска награда „Златна маска“.

Доколку бидат прогласени за виновни, жените се соочуваат со затворска казна до пет години.

Владата предупредува граѓаните да внимаваат на лажни СМС пораки во кои се бара надомест

Содржината на СМС пораката за која Владата предупредува граѓаните да внимаваат оти станува бор за измама.
Содржината на СМС пораката за која Владата предупредува граѓаните да внимаваат оти станува бор за измама.

Владата денеска соопшшти граѓаните да внимаваат доколку добијат СМС или други пораки во кои се посочува Владата како испраќач и се бара надомест.

„Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови, станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат. Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле“, велат од Владата.

Влада фишинг напад.
Влада фишинг напад.

Владата апелира до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци.

„Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот, се наведува во соопштението.

Пекинг: Тајван е Кина, без разлика кој е таму на власт

CHINA-TAIWAN-US-DIPLOMACY-POLITICS
CHINA-TAIWAN-US-DIPLOMACY-POLITICS

Пекинг објави дека Тајван е дел од Кина, без разлика кој е таму на власт, објавија кинеските државни медиуми.

„Внатрешната политичка ситуација во Тајван на никаков начин нема да го промени историскиот и правниот факт дека двата брега на теснецот припаѓаат на една иста Кина“, објави на 20 мај портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Венбин.

Кина го смета островот со 23 милиони жители, кој има автономна влада, како дел од сопствената територија и има намера да го врати под своја контрола.

„Независноста на Тајван е во ќорсокак“, рече Венбин.

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, ја презеде функцијата во понеделникот и вети дека ќе ја продолжи рамнотежата за зачувување на суверенитетот на Тајван без формално прогласување независност.

Во својот говор на инаугурацијата, тој рече дека Пекинг мора да го почитува изборот на тајванскиот народ.

„Кина треба да престане со своите воени и политички закани“, рече Лаи во Тајпеј.

Тој изјави дека сака да разговара со Кина и дека Тајван нема да прави отстапки за демократијата и слободата.

Мирот е единствениот пат и тоа е нашата долгорочна цел“, рече новиот претседател на Тајван.

Пекинг го опиша Лаи како „опасен сепаратист“ поради неговите изјави за поддршка на независноста на Тајван.

Кинеската канцеларија за тајванските прашања соопшти дека во неговиот инаугуративен говор испратил опасен сигнал и го нарече провокација чија цел е да ја поткопа стабилноста меѓу двете страни на Тајванскиот теснец.

Србија ќе го отплаќа ЕКСПО центарот околу 30 години

Планиран изглед на изложбениот комплекс ЕКСПО во 2027 година
Планиран изглед на изложбениот комплекс ЕКСПО во 2027 година

Србија во следните 30 години ќе ја отплаќа специјализираната светска изложба ЕКСПО, што треба да се организира во 2027 година во Белград, пишува балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Во јуни минатата година, Bureau International des Expositions - BIE ја избра Србија за домаќин на меѓународната специјализирана изложба ЕКСПО Белград 2027 (EXPO BELGRADE 2027).

Веднаш потоа започна лицитацијата за тоа колку ќе ги чини граѓаните организацијата на оваа изложба.

Околу 1,2 милијарди евра, 2,5 милијарди евра, 17 милијарди евра... претседателот Александар Вучиќ, министерот за финансии Синиша Мали, министерот за градежништво Горан Весиќ дадоа различни проценки и објаснувања.

Министерството за финансии не одговори на прашањата на РСЕ врз основа на кои анализи или студии се проценети на трошоците за организирање на изложбата ЕКСПО 2027.

За разлика од проценката на трошоците, предвидувањата на владините претставници за придобивките од изложбата се синхронизирани од самиот почеток и се сведуваат на гаранции дека ЕКСПО ќе ја оживее Србија, ќе и донесе огромен профит и меѓународна репутација.

Сепак, документацијата до која дојде РСЕ преку пребарување на јавни извори и според Законот за достапност на информации дава малку поинаква слика за потенцијалот на тој проект.

ЕКСПО е „непрофитна манифестација“ и само со користење на изградениот комплекс како нов саемски простор ќе може да се оправдаат вложените средства, додека рокот на враќање на инвестицијата е најмалку 27,4 години, пишува во „Претходната студија за оправданоста на ЕКСПО и новиот саемски простор", во која РСЕ имаше увид.

Таа студија досега не беше достапна ниту за јавноста, ниту за независните институции што се надлежни за контрола на трошењето на државните пари.

Студијата, односно документот со кој се утврдува дали има социјална и финансиска оправданост за изградба на проект е нарачана од Министерството за градежништво, а студијата е изработена на 20 јуни 2022 година.

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху и на лидерот на Хамас Јахја Синвар под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападите врз Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, изјави главниот обвинител на судот Карим Кан за Си-Ен-Ен.

„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.

Кан рече дека МКС бара и налози за апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други водачи на Хамас - Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, водачот на бригадите Ал Касем и попознат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, политички лидер на Хамас.

Одлуката го става Нетанјаху „во друштво“ на рускиот претседател Владимир Путин, по кого МКС издаде налог за апсење поради војната на Москва против Украина, јави Си-Ен-Ен.

Судски панел ќе го разгледа барањето на Кан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 26 април рече дека Израел „никогаш нема да прифати каков било обид на Меѓународниот кривичен суд да го поткопа неговото вродено право на самоодбрана“.

Истрагата на Меѓународниот кривичен суд опфаќа наводи кои датираат од војната во Газа во 2014 година, како и израелската изградба на еврејски населби на окупираната територија што Палестинците ја сакаат за нивната идна држава.

Руски антивоен активист доби 25 години затвор за велепредавство

 Антивоениот активист Илја Бабурин
Антивоениот активист Илја Бабурин

Судот во Сибир го осуди антивоениот активист Илја Бабурин на 25 години затвор под обвинение за велепредавство кое произлегува од наводите дека 24-годишникот планирал да запали неколку воени центри за регрутирање.

Бабурин, кој исто така беше прогласен за виновен за подметнување пожар во музичко училиште и учество во активностите на украинската крајнодесничарска вооружена група Азов, ги отфрли сите обвиненија.

Затворската казна на Бабурин е најдолгата затворска казна што му е изречена на антивоен активист во Русија.

Десетици активисти во Русија се осудени на затворски казни за подметнување пожари врз воени центри за регрутирање откако Кремљ ја започна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Војската на Конго спречила атентат на претседателот

Претседателот на Конго, Феликс Чисекеди
Претседателот на Конго, Феликс Чисекеди

Армијата на Демократска Република Конго спречила обид за убиство на претседателот Феликс Чисекеди во Киншаса, јави Би-Би-Си.

Се наведува дека во обидот за атентат во главниот град биле вмешани конгоански и странски борци.

Генералот Силавин Екенге, портпарол на армијата на Конго, изјави дека се приведени 50 осомничени, меѓу кои тројца Американци и еден британски државјанин.

Претходно тој на државната телевизија РТНЦ изјави дека ситуацијата е под контрола.

Генералот и се обрати на јавноста неколку часа откако вооружени лица упаднаа во домот на Витал Камерхе, поранешен началник на кабинетот и близок соработник на претседателот Чисекеди. Се додава дека очевидци изјавиле дека група од околу 20 напаѓачи во воени униформи влегла во резиденцијата и дека дошло до пукање.

„Потоа двајца чувари и напаѓачот беа убиени“, рече портпаролот на Камерха.

Напаѓачите ја окупираа и Палатата на народите и канцеларијата на претседателот во центарот на градот, која беше специјално обезбедена од Републиканската гарда.

Претседателот Чисекеди досега јавно не ја коментираше ситуацијата.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачите биле членови на Движењето на Нов Заир, поврзани со Кристијан Маланг, поранешен конгоански политичар во егзил.

„Маланга беше убиен во претседателската палата откако се спротивстави на апсењето“, рече генералот Екенге.

Неговиот син Марсел Маланга е меѓу тројцата американски државјани уапсени за наводниот обид за државен удар.

Амбасадорката на Соединетите Држави (САД) во Конго, Луси Тамлин, рече дека е шокирана од наводите дека Американците можеби учествувале во обидот за пуч.

„Ве молиме, бидете уверени дека ќе соработуваме со властите на Конго додека го истражуваат ова злосторство“, напиша Тамлин во објавата на X.

Претседателот на Африканската унија Муса Факи рече дека остро го осудува обидот за државен удар.

Претседателот Чисекеди го започна својот втор мандат минатата година во декември, кога освои околу 78 отсто од гласовите на спорните избори. Речиси 20 луѓе беа убиени во насилствата пред изборите.

„Еурактив“: ЕК ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Седиште на Европската Комисија во Брисел, Белгија
Седиште на Европската Комисија во Брисел, Белгија

Портпаролот на Европската Комисија во изјава за бриселскиот портал „Еурактив“ вели дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“, во услови на нова заострена реторика меѓу Атина и Скопје.

Порталот потсетува дека новата дипломатска криза меѓу двете земји избувнала откако новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за време на нејзината инаугурација на 12 мај ја нарече земјава „Македонија“ наместо Северна Македонија, кое е официјалното уставно име по договорот за промена на името со Грција во 2018 година, познат како Договор од Преспа.

Од своја страна, Европската Комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.

„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската Комисија за „Еурактив“.

Инцидентот, како што забележува „Еурактив“, предизвика реакции низ Европа и САД, при што многумина стравуваат од заживување на 25 годишниот спор меѓу двете соседни земји.

Исламска Држава ја презеде одговорноста за нападот во Авганистан

Авганистанец пумпа вода во близина на археолошкиот локалитет на статуата на Буда во Бамијан, централен Авганистан, 18 декември 1997
Авганистанец пумпа вода во близина на археолошкиот локалитет на статуата на Буда во Бамијан, централен Авганистан, 18 декември 1997

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на вооружени мажи врз туристи во централната авганистанска провинција Бамијан.

Во нападот кој се случи на 17 мај загинаа тројца шпански туристи, а најмалку еден беше повреден, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Абдул Матин Кане, портпарол на Министерството за внатрешни работи на владата предводена од Талибанците, изјави дека четири лица се уапсени во врска со нападот.

Според Кане, покрај тројца странски туристи, загинал и еден авганистански државјанин, а повредени се четворица странци и тројца Авганистанци.

Бамијан е дом на место за светско наследство на УНЕСКО во кое се сместени останки од две џиновски статуи на Буда, кои беа урнати од Талибанците за време на нивното претходно владеење во 2001 година.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG