Достапни линкови

Вести

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе биде од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 12 степени.

види ги сите денешни вести

Јужна Кореја успешно тестираше ракета со цврсто гориво

илустрација
илустрација

Јужна Кореја на 4 декември успешно изведе пробен лет на вселенска ракета со цврсто гориво што носеше сателит над морето кај островот Џеџу, соопшти Министерството за одбрана.

Тоа беше трет тест од ваков вид по тестовите во декември и март минатата година.

„Лансирањето вклучува технологија развиена во Агенцијата за развој на одбраната во земјата и вселенска ракета и сателит произведени од јужнокорејската Hanwha Systems“, се вели во соопштението на Министерството.

Компанијата посочи дека сателитот, кој ќе се користи за цивилни цели, вклучително и мониторинг на животната средина, успешно испратил сигнали до копнениот контролен центар.

Министерството го поздрави лансирањето како пресвртница бидејќи Пјонгјанг неодамна лансираше воен шпионски сателит.

Соединетите Држави и нивните сојузници го осудија лансирањето на Северна Кореја за користење ракетна технологија што е во спротивност со безбедносната резолуција на ОН.

„Успешното лансирање на Јужна Кореја ќе ги подобри разузнавачките, надзорните и извидувачките способности на земјата“, соопшти Министерството.

Северна Кореја ги осуди, како што ги нарече, „двојните стандарди“ на Вашингтон во врска со лансирањето сателити од двете Кореи.

„Северна Кореја ќе продолжи да ја извршува важната мисија за воспоставување воздушно надгледување со цел темелно да ги следи и контролира воените потези на САД и другите непријателски сили“, соопшти севернокорејската вселенска агенција, а пренесе државната новинска агенција.

Столтенберг: И НАТО треба да биде подготвен за лоши вести од Украина

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека и западната воена алијанса треба да биде подготвена за лоши вести од украинскиот фронт, без да прецизира детали.

„Војните се одвиваат во фази. Мораме да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња. Треба да бидеме подготвени и за лоши вести“, изјави Столтенберг за германскиот АРД додека западните сојузници дебатираат за воената и финансиска помош за Украина, а Москва го зголемува бројот на војници.

Рускиот претседател Владимир Путин на 1 декември потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000 на 1,3 милиони. Линиите на фронтот беа речиси непроменети во последните месеци, и покрај украинската контраофанзива во текот на летото.

За време на контраофанзивата, Украинците употребија крстосувачки ракети за да ја потиснат руската флота во Црното Море и нанесоа штета на Русија длабоко на нејзината територија, што Столтенберг ги оцени како „големи победи иако не успеаја да ја поместат линијата на фронтот“, Брисел пренесува порталот Политико, а пренесе балканскиот сервис на Слободна Европа.

Кривичен определи 48 часовен притвор за тројца осомничени за убиството на Вања

Кривичен суд Скопје (илустрација)
Кривичен суд Скопје (илустрација)

Кривичниот суд Скопје определил притвор од 48 часа за три лица од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и на П.Ж. од Велес.

Оттаму денеска (4 декември) информираат дека трите лица биле спроведени рано утринава во судот и дека судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството за притворот.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвноto јаvно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а заради постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело“, соопшти Кривичниот суд во Скопје.

Оттаму посочуваат и дека мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.

„Заради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и пред истражната постапка која е сеуште во тек, како Кривичен суд апелираме за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот Јавен обвинител“, додаваат од Кривичниот суд.

Јавното обвинителство синоќа соопшти дека по преземени опсежни мерки и активности од полициските службеници од СВР Скопје, на 3 декември во околината на Скопје било пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска.

Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември рано утрината на пат кон училиште. Според извештаите, последниот сигнал од нејзиниот телефон тој ден се изгубил спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Израелските сили го шират копнениот напад на југот на Појасот Газа

илустрација
илустрација

Израелските копнени сили се судираат со борците на Хамас низ целиот Појас Газа, соопшти израелската војска, со што е досега најјасната потврда дека е почната планираната копнена офанзива на југот на оваа палестинска енклава преполната со бегалци.

Истовремено, палестинската милитантна група Хамас соопшти дека нејзините борци се судриле со израелските војници на околу два километри од градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, пренесуваат британските медиуми.

Жителите од овој град, втор по големина во Појасот Газа, од кои многумина се преселиле за да избегаат од израелско-палестинскиот конфликт, потврдија дека се слуша тенковско гранатирање, изразувајќи стравување од нова израелска копнена офанзива.

Израелската армија претходно им нареди на луѓето да се евакуираат од некои делови од градот и предградијата, но не беше објавен нов копнен напад на југот на палестинската енклава.

„Израелските одбранбени сили(ИДФ) продолжуваат да ги прошируваат своите копнени операции против упориштата на Хамас низ Газа. Нашите сили директно се соочуваат со терористите и ги елиминираат“, изјави портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари на прес-конференција во Тел Авив.

Медиумите под контрола на Хамас рано утринава објавија дека според информации на итните служби, тројца работници на итната помош загинале во израелски напад врз северниот дел на градот Газа.

Лидерска средба во Собранието - во фокус изборите, евроинтеграциите, Изборниот законик и техничка влада

Лидерска средба на претставниците на политичките партии во Собрание (илустрација)
Лидерска средба на претставниците на политичките партии во Собрание (илустрација)

Во Собранието денеска напладне се очекува да започне средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата - владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Левица, партиите од Европскиот сојуз за промени, на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата која треба да започне во 12 часот, ќе присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Најголем дел од парламентарните партии го потврдија присуството на средбата. Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Лидерите на најголемите политички партии во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш. Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април.

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во најавата дека ќе свика лидерска средба како една од темите за разговор ги посочи евроинтеграциите, потоа датумот за изборите и Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, излегоа со став дека е прифатлива лидерска средба, но на која би се разговарало за конечно прецизирање на датумот за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ.

Ковачевски, во саботата рече дека успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе седнат на маса и нема да постои уценување од една политичка партија кон друга.

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи синоќа изјави оти смета дека е важно прашањето за уставните измени да се отвори на лидерската средба.

Министерот и портпарол на ДУИ, исто така, рече дека техничкиот премиер ќе биде на предлог на ДУИ и дека може да биде Талат Џафери, но дали ќе биде, сепак за тоа треба одлука од органите на партијата, кои, како што рече, ќе се состанат следнава недела.

Вања Ѓорчевска пронајдена мртва во околината на Скопје

Исчезнато девојче, Ѓорчевска Вања.
Исчезнато девојче, Ѓорчевска Вања.

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека по преземени опсежни мерки и активности од полициските службеници од СВР Скопје, на 3 декември во околината на Скопје било пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска.

Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември рано утрината на пат кон училиште. Според извештаите, последниот сигнал од нејзиниот телефон тој ден се изгубил спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Освен телот на Ѓорчевска, во соопштението на Обвинителството од 3 декември се вели дека во околината Велес било пронајдено тело и на 74-годишно лице од Велес со иницијали (П.Ж) кое на 24 ноември оваа година било пријавено за исчезнато, и дека за двата случи биле приведени исти лица.

„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Пет лица на 2 декември беа приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, како што изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Днеска Јавното обвинителство соопшти дека во текот на целиот ден биле преземани дејствија за обезбедување докази во врска со ичезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а дека за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување 48-часовен притвор, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.

Јавното обвинителство во соопштението на 3 декември вели дека „наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“.

Од ЈО велат дека претходно, во врска со кривичните дела, било пронајдено опожарено возило „цитроен“ и дека по извршени вештачења биле обезбедени материјални докази за инволвираност на лицата идека за што по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, се вели во соопштението, јавните обвинители издале наредби за претреси на повеќе локации, за обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и на автомобилот поврзани со настанот.

Биле сослушани лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот бил расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви.

„По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка“, вели Обвинителството.

Откако Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот на 27 ноември рано наут на пат кон училиште, последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, како што објави МВР.

БЕше објавена и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трагаше и Интерпол.

Министерот за внатрешни работи Спасовски рече дека биле преземени низа криминалистички истражни мерки во изминатиот период за пронаоѓање на девојчето.

Американски бродови нападнати во Црвеното Море

Илустративна фотографија - американски бродови во Црвеното Море.
Илустративна фотографија - американски бродови во Црвеното Море.

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во неделата во Црвеното Море, соопшти Пентагон, пренесува Асошиејтед прес.

„Свесни сме за извештаите за напади врз „USS Carney“ и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни“, соопшти Пентагон.

Британската војска претходно објави дека се сомничат нападот со беспилотни летала и експлозиите во Црвеното Море, не наведувајќи детали.

Пентагон не идентификуваше од каде верува дека дошол нападот.

Сепак, јеменските бунтовници Хути започнуваат серија напади врз бродови во Црвеното Море.

Тие исто така лансираат беспилотни летала и проектили насочени кон Израел, додека тој води војна против Хамас во Појасот Газа.

Предложен притвор за тројца од петмината приведени за исчезнувањето на Вања

Вања Ѓорчевска
Вања Ѓорчевска

Јавното обвинителство денеска соопшти дека во текот на целиот ден биле преземани дејствија за обезбедување докази во врска со ичезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а дека за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување 48-часовен притвор, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.

„Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, се вели во соопштенито на Јавното обвинителство.

Пет лица вчера беа приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, како што рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Вања исчезна во понеделникот(27.11) рано наутр,о на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

МВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол.

Спасовски рече дека биле преземени низа криминалистички истражни мерки во изминатиот период.

Документирани 250 украински споменици загрозени од војната

Катедралата „Преображение“, која беше оштетена при руски ракетен истрел. Одеса, 23 јули 2023 година.
Катедралата „Преображение“, која беше оштетена при руски ракетен истрел. Одеса, 23 јули 2023 година.

Научниците од германските градови Марбург и Хановер, заедно со украинските фотографи, документирале 250 архитектонски споменици кои биле загрозени или оштетени од руската војна во Украина.

Од почетокот на проектот во октомври 2022 година, фотографите направиле вкупно околу 3.700 надворешни и внатрешни фотографии.

Направенит фотографии се од историски и културно значајни згради во градовите, вклучувајќи ги Киев, Одеса и Запорожје, Кристијан Брахт, рече за ДПА директорот на Германскиот центар за документација за уметност и историја.

Тука спаѓа и катедралата „Преображение“ во историскиот центар на Одеса.

Тааљ беше оштетена во руските напади ова лето.

Украина - пукањето на војниците што се предале е руско воено злосторство

Фото архива - Украински трупи се спротивставуваат на руски напад врз Авдијивка. (Илустративна фотографија).
Фото архива - Украински трупи се спротивставуваат на руски напад врз Авдијивка. (Илустративна фотографија).

Украинската војска го осуди убиството на двајца украински војници кои се предале од страна на руските сили и рече дека го смета инцидентот како доказ за воено злосторство.

Снимката од инцидентот со дрон, која се појави на социјалните мрежи на 2 декември, покажува дека очигледно невооружени украински војници го напуштаат засолништето, лежејќи на земја, а потоа како се застрелани од луѓе во потемни униформи.

Наводната егзекуција, наводно, се случила во близина на селото Степове, кое се наоѓа на неколку километри од источниот украински град Авдијевка, каде што се водат тешки борби меѓу руските и украинските сили.

РСЕ не можеше независно да ја потврди автентичноста на видеото или датумот и локацијата на очигледните убиства.

Украинската комисија за човекови права Дмитро Лубинец напиша на Телеграм на 2 декември дека видеото покажува дека украинските војници се разоружани со кренати раце и дека очигледно не претставуваат никаква закана.

„Егзекуцијата на оние што се предале е воено злосторство“, напиша Лубинец. Лубинец рече дека ќе го пријави инцидентот до Меѓународниот комитет на Црвениот крст и до Обединетите нации.

Русија е широко обвинета за воени злосторства и кршење на човековите права во Украина, вклучително и таргетирање на цивили и цивилна инфраструктура, употреба на касетна муниција и тортура на украински воени заробеници.

Русија негираше дека извршила воени злосторства во Украина.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG