Достапни линкови

Вести

Околу 2500 македонски државјани влегле во Србија од полноќ до 11 часот

Граничниот премин Табановце.

Околу 2.500 македонски државјани излегле од државата преку граничниот премин Табановце од полноќ до 11 часот, соопштија денеска од МВР.

„Во периодот од 00:00 до 11:00 часот на 05.06.2021 на ГП Табановце влез оствариле 805 македонски државјани, а излез оствариле 2.449 македонски државјани. Во истиот период влез оствариле 2.468 странски државјани, а излез оствариле 794 странски државјани“, соопштија од МВР.

Дел од граѓаните кои излегуваат од државата заминуваат за ревакцинација во соседна Србија. Денеска и утре и во организација на Српскиот културно информативен центар Спона околу 800 македонски државјани ќе бидат вакцинирани против Ковид19 во здравствениот центар во Врање, соопштија од Спона.

Досега околу 15 000 македонски државјани се вакцинираа во Србија. Оние кои примиле прва доза во соседната земја може да примат втора во Македонија, освен, според одлуката на македонските здравствени власти, оние кои примиле АстраЗенека, а се помлади од 60 години.

види ги сите денешни вести

Штрајк на вработените во Лондонското метро

Метро станица во Лондон (фотографија од датотека)

Лондонскиот подземен транзитен систем денеска е запрен поради штрајкот на вработените незадоволни од платите. „Ги советуваме клиентите воопшто да не патуваат со метро“, рече портпаролот на метрото во Лондон. До ова дојде еден ден по националниот штрајк на железничарите што резултираше со откажување на околу 80 насто од патничките возови. Слична акција на железницата е закажана за утре. Сето ова е дел од летната кампања според која работниците од приватниот и јавниот сектор бараат зголемување на платите поради зголемените цени на храната и енергијата.

Зголемени трошоци, исти плати - синдикатите се закануваат со тужби

Поштенските работници, адвокатите, телекомуникациските работници и пристанишните работници најавија штрајк за кон крајот на месец. Во Единбург, санитарните работници на 18 август започнаа 11-дневен штрајк токму во моментот кога туристите почнаа да пристигнуваат во градот за фестивалот „Edinburgh Fringe“. Инфлацијата во Обединетото Кралство во јули достигна 10,1 насто.

Путин и Си ќе присуствуваат на самитот на Г20 во Индонезија

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг планираат да присуствуваат на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали од 15 до 16 ноември, изјави индонезискиот претседател Џоко Видодо. Тој исто така, рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил поканет, иако Украина не е членка на Г20. Тој, наводно, потврдил дека ќе присуствува лично или виртуелно. Си не патувал на меѓународно ниво од почетокот на пандемијата ковид-19.

Заврши состанокот на Г-20, многу земји ја осудиле војната во Украина

Џакарта се соочи со притисок од Западот да го исклучи Путин поради неиспровоцираната руска инвазија врз Украина. Сепак, Индонезија се обиде да одржи неутрален став, а Видодо оваа година ги посети и Киев и Москва. Самитот на Г20, исто така, доаѓа во време на големи тензии меѓу Кина и Соединетите држави околу статусот на Тајван и кинеските претензии во Јужното Кинеско Море.

Во Австрија пет лица загинаа во силно невреме, меѓу жртвите и две девојчиња

илустрација

Австриските власти објавија дека пет лица, меѓу кои две девојчиња, загинале во силно невреме што ја погоди алпската земја. Двете девојчиња, на возраст од четири и осум години, загинале кога ненадеен силен ветер урнал дрвја синоќа на езеро во долината Лавант во близина на градот Грац на југот на земјата. Надлежните соопштија дека биле повредени 13 лица, од кои двајца потешко. Многу од жртвите биле туристи кои го посетиле популарниот туристички регион. Австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен изјави дека станува збор за „трагедија“.

Во невреме на Корзика три лица загинаа, 12 се повредени

Градоначалникот на Волфсберг, Ханес Примус, рече дека областа изгледала „како бојно поле“ по невремето. Во Долна Австрија, три жени загинаа кога гром удри во дрво во близина на централниот град Гејминг. Во исто време, невремето усмрти осум лица во Франција и Италија.

Повторно експлозии во украинскиот регион Крим окупиран од Русија

Најмалку четири експлозии во текот на изминатата ноќ биле забележани во украинскиот регион Крим, окупиран од Русија, во близина на воениот аеродром Белбек надвор од пристанишниот град Севастопол. Наметнатиот од Русија администратор на Севастопол, Михаил Развозаев, напиша на Телеграм дека противвоздушната одбрана соборила украинско беспилотно летало. Тој додаде дека експлозиите не предизвикале никаква штета. Во исто време, руски функционер во градот Керч на Крим изјави дека таму била активирана противвоздушна одбрана. Керч се наоѓа крај Кримскиот мост, високопрофилна патна и железничка врска изградена од Русија меѓу окупираниот украински регион и руското копно.

Експлозија во руско складиште за муниција во северен Крим

Кримскиот мост беше завршен во мај 2018 година и изграден по цена од околу 4 милијарди долари. Тоа беше значаен престижен проект наменет да ги зајакне претензиите на Москва за Крим што беше инаугуриран од рускиот претседател Владимир Путин. Руски воени цели на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година, беа потресени од експлозии во последните денови.

Москва: саботажа е причината за експлозиите во магацинот со муниција на Крим

Руско складиште за муниција на северот на Крим експлодираше на 16 август, во инцидент што руските власти го припишуваат на „саботажа“. Истиот ден експлодираше електрична трафостаница во областа Џанкој, иако причината за таа експлозија останува непозната. На 9 август, воздухопловната база Саки беше погодена од експлозии во кои беа уништени најмалку девет воени авиони, вклучувајќи ловци Су-30СМ и бомбардери Су-24М. Украинските власти избегнаа јавно да ја преземат одговорноста за експлозиите, но неименуван висок украински функционер беше цитиран во Њујорк Тајмс велејќи дека елитната украинска воена единица која дејствува зад непријателските линии извршила барем некои од нападите.

САД ги повикаа Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс

САД ги повикаа Белград и Приштина да го продолжат дијалогот, бидејќи средбата меѓу двете страни во Брисел вчера заврши без резултати. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција рече дека Вашингтон ја следи состојбата. „Колку што знаеме, разговорите продолжуваат. Ние, во партнерство со Европската унија, внимателно го следиме ова и ги охрабруваме двете страни ефективно да го користат дијалогот и да го продолжат“, рече Прајс. Претставникот на Стејт департментот прецизираше дека Вашингтон целосно го поддржува дијалогот, велејќи дека е неопходно да се унапреди дискусијата за нормализација на односите врз основа на претпоставката за меѓусебно признавање.

Без напредок втората рунда од дијалогот Приштина-Белград, преговорите продолжуваат

Прајс рече и дека специјалниот известувач на американската администрација за Балканот Габриел Ескобар, заедно со американскиот амбасадор во Европската унија Марк Гитенштајн, внимателно ги следат разговорите меѓу Приштина и Белград. „Ве уверувам дека дијалогот го има целосно вниманието на американските претставници. Тоа е прашање со кое самиот секретар Блинкен се занимава долго време. Тоа е приоритет кој ја вклучува целата наша организација, како на теренот, така и во САД“, рече Прајс.

Курти: Косово може да се откаже од документите доколку Србија го стори истото

За време на третата рунда од дијалогот меѓу Приштина и Белград, одржана вчера по едногодишна пауза, не беше постигнат напредок. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека двете страни не постигнале договор во врска со регистарските таблички и документите за влез-излез. Тој сепак, посочи дека Абин Курти и Александар Вучиќ се договориле разговорите да продолжат и во наредните денови.

Светски ден на хуманитарната помош

„Има една поговорка која вели: Потребно е село за да се подигне дете. Слично на тоа, потребно е едно село за да се поддржи човек во хуманитарна криза“. Ова го наведуваат Обединетите нации по повод денешниот светски ден на хуманитарната помош. Со рекордно високи хуманитарни потреби ширум светот, овогодинешниот Светски ден на хуманитарна помош се надоврзува на оваа метафора на колективен напор да се зголеми глобалната благодарност за хуманитарната работа Секогаш и секаде каде што луѓето имаат потреба, има и други кои им помагаат. Тие се самите погодени луѓе - секогаш први што реагираат кога ќе се случи катастрофа - и глобална заедница која ги поддржува додека закрепнуваат. Далеку од центарот на вниманието и надвор од насловите, тие се здружуваат за да го олеснат страдањето и да донесат надеж.

Нова акција на „Ретвитни оброк“ за полно срце и полн стомак

Кампањата на Светски ден на хуманитарна помош за 2022 година ги осветлува илјадниците волонтери, професионалци и луѓе погодени од криза кои обезбедуваат итна здравствена заштита, засолниште, храна, заштита, вода и многу повеќе. За оваа година е предвидено преку дигитална уметност да се раскажат приказните на луѓето на кои им е потребна и оние кои им помагаат. Во центарот на кампањата е серија на илустрирани профили на хуманитарните работници кои ја покажуваат широчината и длабочината на хуманитарната работа и колективно го симболизираат поширокото хуманитарно село.

Израелска делегација во обид осигура дека Еврејската агенција не е странски агент

еврејската Агенцијата во Русија

Московскиот суд Басмани во минатата недела почна да ја разгледува тужбата поднесена од руското Министерство за правда за ликвидација на канцеларијата на Еврејската агенција во Русија. Израелската правна делегација во Русија во понеделник се сретна со претставници на руското Министерство за правда за да разговара за тоа како еврејската Агенцијата во Русија ќе може да работи според новите закони за приватност во земјата. Московскиот суд Басмани почна да ја разгледува тужбата поднесена од руското Министерство за правда за ликвидација на канцеларијата на Еврејската агенција во Русија.

Русија го обвини Израел дека ги поддржува „неонацистите во Украина“

Судското рочиште е закажано за денеска. Непосредно пред судската седница, израелската делегација на правни советници во министерството и високи функционери од владините министерства и Еврејската агенција пристигна во Москва за да им помогне на адвокатите на Агенцијата, иако тие не зборуваат руски и немаат основно разбирање за рускиот правен систем.

Американски инвеститор со проукраински ставови, пронајден мртов во Вашингтон

Вашингтон

Американскиот брокер на акции, кој заработил богатство на рускиот пазар во 1990-тите и 2000-тите, а подоцна и основал луксузен московски ноќен клуб пред да ја напушти земјата, починал откако бил пронајден како лежи на тротоар во Вашингтон, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека ја истражува смртта на Ден Рапопорт (52), кој беше пронајден пред станбена зграда во северозападниот кварт на американскиот главен град, но нема индикации за валкана игра. Во прелиминарниот полициски извештај се вели дека полицајците одговориле на пријавата за човек на улица кој подоцна бил идентификуван како Рапопорт, бил однесен во блиската болница, каде што бил прогласен за мртов.

Уште еден руски тајкун почина под чудни околности по руската инвазија врз Украина

Во полицискиот извештај се вели дека полицајците пронашле 2.620 долари во готовина на Рапопорт кога го пронашле неговото тело на тротоарот, заедно со слушалки, напукнат мобилен телефон, возачка дозвола од Флорида и други предмети. Полицијата соопшти дека нема сведоци. Брајана Бурч, портпарол на полицијата, за РСЕ изјави дека нема информации што би сугерирале дека оставил белешка за самоубиство. Тој неодамна се вратил во Вашингтон откако поминал неколку години работејќи во финанскиот сектор во Украина.

Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна

илустрација

Националниот парк „Маврово” доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост, која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил.

Волци, мечки и лавчиња - егзотични незаконски миленичиња во Македонија

„Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, објавено е на Фејсбук страната на Националниот парк „Маврово”. Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП Маврово.

Парламентот на Црна Гора ќе гласа за разрешување на владата на Абазовиќ

Дритан Абазовиќ

Собранието на Црна Гора денеска треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање е неизвесен. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 пратеници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, кој не е доволно мнозинство за гласање недоверба. За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник. Абазовиќ, чија партија заедно со ДПС, СДП, СНП и малцинските партии ја „урнаа“ владата на Здравко Кривокапиќ и парламентарното мнозинство кое застана зад неа на крајот на април, пред седницата изјави дека нема ништо против конституирањето на новото мнозинство. Тој претходно најави можност за обновен дијалог со партиите кои победија на изборите во 2020 година.

Потпишан Основниот договор меѓу Владата на Црна Гора и СПЦ

Директна причина за денешното гласање недоверба на владата на Абазовиќ е ненајавеното потпишување на Основниот договор со СПЦ на почетокот на август во Подгорица. ДПС, СДП и другите партии собрани околу оваа иницијатива сметаат дека Владата го „изгубила својот легитимитет“, бидејќи Основниот договор ја фаворизирала СПЦ пред другите верски заедници. Иницијативата, која денеска ќе ја разгледува Собранието на Црна Гора, е трет предлог за гласање недоверба на владата во последните осум месеци.

Генералниот секретар на ОН Гутереш во Одеса

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Лвив, 18.08.2022.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ќе престојува во украинскиот град Одеса, по што ќе замине за Турција. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека тој и Гутереш се договориле за параметрите на можната мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа во Запорожје. По вчерашните разговори со Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Лвив, тој рече дека евентуалната посета на МААЕ треба да се изврши „легално преку територијата ослободена од окупаторите“. Зеленски додаде дека Русија треба веднаш да ги повлече своите сили и да престане да ја гранатира нуклеарната централа. Русија ја освои електраната во март по тешки борби, а со неа сè уште управуваат украински техничари.

Русија би можело да ја затвори нуклеарната централа Запорожје

Русија вчера соопшти дека постои ризик од вештачка катастрофа во украинската нуклеарна централа Запорожје и ги обвини Киев и Западот дека планираат „провокација“ таму за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Висок украински функционер го отфрли она што го опиша како цинично тврдење од Москва и рече дека наједноставно решение за ситуацијата ќе биде руските сили да се повлечат од централата, да ја отстранат секоја муниција складирана таму и да ја минираат.

Времето денеска: сончево и многу топло

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се движи од 31 до 42 степена. Во Скопје и околината слично време, со температура до 39 степени.

Поради вонредните услови ДКСК не може да утврди корупција при јавните набавки во пандемијата

Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција

Најголем дел од јавните набавки за стоки и услуги во време на ковид-пандемијата биле спроведени со преговарање без објавување оглас поради итност. Антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отвори предмет, на денешната седница одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат пред се на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет.

Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), образложувајќи го предметот соопшти дека во нивната анализа избрале одредени јавни набавки на неколку институции – Владата на РСМ – Генерален секретаријат, Град Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, ЈЗУ Клиничка болница Штип, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Општина Бутел, УКИМ – Медицински факултет.

Од нив побарале и добиле документација за набавките, а од Државниот завод за ревизија побарале ревидирање на постапките за да се утврди незаконитост при спроведувањето и ДЗР го објавил извештајот на неговата веб-страница.

Извештајот нотира бројни слабости при реализација на договорите за набавките и не е обезбедена задоволителна транспарентност, посочи Николовска.

Поради итност на набавките не е вршено квалитетно планирање на набавките и покани за преговарање се доставени до помал број економски оператори и без анализа на количините на средства и опрема што се потребни. Дел од тендерските документации не им обезбедувале на економските оператори целосни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките и не е обезбедена конкурентност за економските оператори.

При анализата ДКСК предвид ги имала и полугодишните извештаи од мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации кои, како што рече Николовска, постојано укажуваат на огромни разлики во цените за набавка на ист производ. Сепак посочи на вонредните услови во кои се правеле набавките и пречките со кои се соочувале економските оператори – зависност од увоз поради немање сопствено производство, обезбедување на транспортот врз кој влијаело и затворените граници итн.

„Во една таква хаотична ситуација која владееше не само во Македонија, туку во целиот свет, кога побарувачката за овие стоки беше изместена од нормала на светско ниво, сметам дека е прилично големо постигнување да се обезбедат потребните средства, па дури и во поголеми количини за да се спасат човечки животи, рече Николовска.

Според ДКСК, треба да се воведе база на референтни цени и така да се надмине шареноликоста на цените за ист производ што го набавуваат различни институции.

Проблем и натаму се јавните набавки на добра кои не може да се класифицираат како неопходни во услови на ковид, а и во сегашната економска криза. Тука беа посочени набавките на возила во рангот на луксузни. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска соопшти дека се набавени 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, рече, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.

Русија испрати авиони со хиперсонични ракети во Калининград

Руски авион со хиперсонична ракета Кинжал

Руската војска објави дека распоредила воени авиони вооружени со најновите хиперсонични ракети во регионот на Калининград, додека се зголемуваат тензиите во нејзините односи со Западот поради инвазијата на Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека три ловци МиГ-31 со хиперсонични ракети Кинжал пристигнале во воздухопловната база Чкаловски во енклавата на Балтичкото Море како „дополнителна стратешка мерка за одвраќање“.

Министерството најави дека воените авиони ќе бидат ставени во 24-часовна готовност.

На видеото објавено од Министерството за одбрана се гледа како ловците слетуваат во базата, но не ги носат проектилите, кои очигледно биле испорачани одделно.

Зеленски бара преговори без одложување, Русија потврди дека користела хиперсонично оружје

Министерството за одбрана на Финска во четвртокот соопшти дека два руски борбени авиони МИГ-31 се осомничени дека го нарушиле нејзиниот воздушен простор во Финскиот залив во близина на јужниот град Порво, западно од Хелсинки, на 150 километри од руската граница. Граничната стража на нордиската земја започнала прелиминарна истрага за инцидентот.

Распоредувањето на ракетите Кинжал во Калининград се чини дека има за цел да ја покаже способноста на руската војска да му се заканува на НАТО. Регионот се граничи со Полска и Литванија, членки на НАТО.

Москва остро ги критикуваше испораките на оружје од Запад за Украина, обвинувајќи ги САД и нивните сојузници дека го поттикнуваат конфликтот. Руската војска тврди дека ракетата Кинжал има дострел до 2.000 километри и се движи со десет пати поголема од брзината на звукот, што го отежнува пресретнувањето и веќе го употребило оружјето против неколку цели во Украина.

Поради својата локација, Калининград е ставен на чело на напорите на Москва да се спротивстави на она што таа го смета за непријателска политика на НАТО. Кремљ постепено ги градеше своите воени сили таму, вооружувајќи ги со најсовремено вооружување, вклучувајќи ги ракетите Искандер и низа системи за противвоздушна одбрана.

Mакедонскиот тим на Историската комисија: неосновани се обвинувањата за наводна бугаризација

Членовите на макеоднскиот тим од Заедничката комисија за историски и образовни прашања

По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања усвоени во 2018 и 2019 година во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците, се наведува во денешната реакција на македонскиот тим на Комисијата.

„Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата,“ се наведува во реакцијата.

Според членовите на Комисијата, најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем, иако при секоја можност досега е наведувано дека заедничко чествување е една, а препораките за учебниците сосема друга тема на дискусија.

„Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност“, посочуваат од македонскиот тим на Комисијата.

Во однос на Св. Кирил и Методиј, членовите на Комисијата посочуваат дела во текстот никаде не се толкува дека тие се „бугарски словенски просветители“ и дека „словенската писменост старобугарска“.

Тие посочуваат дека во однос на Климент и Наум доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис, по што „Климент во 886 година официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица“, каде што се наоѓал Охрид.

Тие посочуваат и дека уште поинтересно е што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование, меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација“.

„ Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат“ Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата“ на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале?“, се додава во реакцијата на Македонскиот тим на историската комисија.

Тие додаваат дека и во однос на Цар Самоил со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале, бидејќи македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што го нотирала Комисијата.

Меѓудругото, македонските историчари потенцираат дека Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG