Достапни линкови

Зошто некои луѓе своеволно напуштаат работни позиции во пандемија?


Стефан Митиќ, студент на Њујоршкиот универзитет во Абу Даби

Нешто чудно им се случува на преморените и финансиски безбедни работници „Миленијалци“ во светот, главно на оние кои се привилегирани, работници со бела јака, дел од горната средна класа, пишува Стефан Митиќ, студент на Њујоршкиот универзитет во Абу Даби.

Како што поминува времето во пандемија, милиони луѓе ширум светот продолжуваат да жалат за загубата на своите работни места и своите најблиски затоа што не сите можат да си дозволат да се потпрат на можностите за претпазливост. Очајот и несигурноста од претходната година отстапува место за нов вид професионална бестрашност за зголемениот број луѓе со финансиска сигурност и вештини кои моментално се бараат на пазарот на трудот.

Нешто чудно им се случува на преморените и финансиски безбедни работници „Миленијалци“ во светот, главно на оние кои се привилегирани, работници со бела јака, дел од горната средна класа. Тие ги отфрлаат внимателно осмислените чекори во нивните животи и избираат да го стават секој план на коцка, сето тоа по една година помината подгрбавено над нивните лаптопи, страдајќи од еден по друг Зум конференциски повик помешан со пауза за леб со банана и далгона кафе.

Некои луѓе се откажуваат од своите безбедни работни места за да започнат нова компанија, да го претворат споредниот бизнис во работа со полно работно време или да го завршат сценариото што со месеци го одолговлекуваат. Другите се потсмеваат на барањата за враќање на работа и се закануваат дека ќе си дадат оставка освен ако не можат да работат каде и кога ќе посакаат.

Овие привилегирани луѓе стекнаа самодоверба бидејќи процентот на вакцинација се зголеми и пазарот на трудот се подобри, барем во Европа и Северна Америка. Нивните апетити за ризик пораснаа, бидејќи нивните банкарски салда се здебелија од една година штедење и зголемени цени на активата. Иако некои од нив едноставно ја менуваат работаната позиција, други целосно ја напуштаат својата кариера. За жал, не секој ја има таа опција да одлучува за кариера на ист начин како што би се одлучил за следниот појадок - ова е изолиран феномен за оние што можат да си го дозволат тоа.

Ако има фраза која го отсликува ова движење, тоа е „ЖСЕ“, што значи „живееш само еднаш“. Овој термин неодамна беше популаризиран меѓу трговците со акции на Редит, кои го користеа за да опишат ризични обложувања кои понекогаш се исплаќаат. Во поширока смисла, терминов го претставува менталитетот на одреден вид вработен, дел од горната средна класа, кому му е здосадено да седи во канцеларија.

Незадоволни вработени со заштедени пари отсекогаш пробувале да се пронајдат себеси. И, ако ги потрошат сите заштеди или нивните нови проекти не успеат, некои од овие авантуристи сепак ќе пронајдат начин да одржат стабилна работна позиција. А, прекумерните достигнувачи кои одбиваат ризик и кои обично се држат до скалилата во кариерата и правилата, се чини дека се заразени со дух на лукавство, што е навистина чудно.

Голем дел од ова се должи на фактот дека повеќе луѓе од кога било досега можат да си дозволат да искористат дадена шанса, што значи дека голем дел од работната сила е запоставена. Тековната состојба со пандемијата ги натера шефовите да отпуштаат вработени, да затвораат бизниси и да одржуваат поголем економски диспаритет. Иако владите ширум светот им даваат парична помош на своите граѓани, економската нееднаквост диктира каде ќе одат тие пари, а не слободната волја на самите луѓе. Преземањето ризици за некои е прифатливо, додека други немаат слободно време доброволно да го напуштат своето работно место - мораат да заштедат пари за храна, кирија и комунални услуги.

Некои среќни граѓани сега имаат поголеми безбедносни мрежи поради државни економски пакети, зголемен надоместок за невработеност и подем на берзата. Некои индустрии доживуваат сериозен недостиг на работна сила, што значи дека работниците од тие области нема да имаат проблем да најдат ново вработување доколку им треба. Овие индустрии не се само високо-технолошки; многу ресторани и фирми за камиони, на пример, имаат проблеми со пополнување на отворени позиции.

Луѓето со привилегија да учат на добри универзитети, да работат во високо-престижни индустрии и никогаш да не бидат етикетирани како „неопходни работници“ може да ја изгубат довербата во своите кариери во бели јаки. Ова е затоа што нивните врсници создаваат стартапи и нуркаат во крипто-валути. Во меѓувреме, нивните работодавци ги закопаа во рутинска работа, се обидуваа да ја автоматизираат нивната кариера и не им помагаа во текот на една од најтешките години во животот.

Последните 12 месеци покажаа колку бизнисите ги ценат своите вработени. Стана тешко да се работи за бизниси кои се обидуваат да ги прават деловните активности на нормален начин, без да размислат како се сменија нашите животи преку ноќ. Она што е најитно во моментов е вклученост, правичност и разновидност.

На вработените им е потребен одговорот на прашањето: „Дали оваа компанија ќе ме поддржи со текот на времето?“

Работодавците треба да разберат дека не секој доживува големи проблеми и загрозувачки ситуации на ист начин, па треба да постапуваат соодветно. Работодавците треба да помогнат на работници на кои им треба повеќе простор, време или двете. На крај, тие треба да иницираат свој удел во минимизирање на ефектите од нееднаквоста помеѓу оние со попривилегирано потекло и оние кои треба да подлегнат на тешките услови за работа само за да обезбедат приход за себе и семејството.

Иако е силен контраст, авантурата, пак, е присутна за оние кои можат да си го дозволат тоа. Какви импликации ќе имаат овие ненадејни активности врз економијата? Само времето ќе покаже.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG