Достапни линкови

Студентите не ги знаат лидерите на факултетите


Над половина од студентите на УКИМ незнаат да го кажат името на студентскиот лидер, а не се ретки тие што знаат кој им се претставници на факултетите. Досегашниот претседател Борјан Ефтимов вели ги решавале наталожените проблеми, но не гледа шанси наскоро за суштински подобрувања во образованието.

Сите факултети во изминатава година добија свои нови претставници кои треба да ги решаваат проблемите кога ќе се појават на факултетите, но и натаму не се ретки студентите кои не си ги знаат претставниците на матичните високо образовни институции.

Секој втор студент, односно дури 63,6 % од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје не го знаат името на актуелниот претседател на Универзитетското студентско собрание, а половина од анкетираните не знаат како им се вика претствникот на матичното факултетско студентско собрание.

Ова го покажа истражувањето на МОФ за работата на студентските собранија на најстариот државен универзитет "Свети Кирили и Методиј" во Скопје, спроведено со анкета во која учестувале 780 студенти.

До овие резултати доаѓа по една година од изборот на претставниците на студентските организаци и по две години од носењето на законот за високо образование кој беше инициран по големите студентски протести во кои и учествуваше и досегашниот студентски лидер.

Борјан Ефтимов кој беше претседател на Универзитетското Студентско Собрание во изминатата година, вели дека студентското тело ги решавало проблемите на студентите повразни со повеќе прашања меѓу кои и со студентскиот стандард, стипендиите како и најновите предизвици поврани со пандемијата, но дополнува дека состојбите на УКИМ се многу лоши и дека тешко е да се излезе на крај со нив. Тоа ,како што вели, влијаело да не учествува во трката за втор мандат кој му истече во фервруари.

Ефтимов наведува дека бројот на студенти на државните факултети постојано се намалува, а оти меѓународното признание постојано опаѓа. Според него, потребни се радикални промени, но нема кој да слуша за тоа зашто недостасува воља и кај академската заедница за барање решенија.

"Не гледам потенцијал за радикални и суштински промени во Македонија. Треба да бидеме свесни дека нашето високо образование е катастрофално, пропаѓа со години и да се случат радикални промени мора да има расположение кај сите засегнати субјекти. Во моментов не гледам такво расположение за тоа кај академската зедница и не гледам потенцијал тоа да се промени и не гледам луѓе кои тоа би го промениле. Не гледам шанси нашето вискоко образаование да се опорави и да тргне напред барем не во блиска иднина. Мојата идеја е да направиме суштински промени. Како студенти ние сме ограничени во моментов, нема реално моќ да излеземе и да се бориме, не гледам потенцијал да се измени трулиот систем. И затоа одлучив да не се кандирам за следниот мандат. Не може да има промени без воља кај останатиот дел од академската заедница," вели Ефтимов.

Студентскиот стандард, застарена опрема на лабораториите, невложувања во реновирање, немање пари за научни истражувања, недостигот на млад кадар на факултетите, скромна трпеза во студентските домови, се стара болка на факултетите со години наназад, со која Ефтимов со соочи на почетокот од мандатот. Многу од проблемите и натаму претставуваат пречка за студентите да стекнат доволно квалитетно образование какво што имаат нивните колеги во други држави, особено во европските земји кои издвојуваат двојно повеќе пари за образование од Македонија .

Како и да е, од лидерот се очекува да има слух за потребите на студентите и да делува во согласност со тоа кон насочување на политиките на факултетите на МОН на квалитативно повисоко ниво.

На прашање да наброи некои од проктите кои тој ги реализирал оваа година Ефтимов вели дека имале над 40 проекти, како и шест одржани студентски научни конференции на кои биле изработени над 100 трудови и одржани повеќе работилници. Дополнува дека тоа било организирано онлајн поради пандемијата и поради тоа не може реално да се каже колку биле вклучени студентите.

Инаку, освен одржување јавни форуми или други достапни механизми каде студентите ќе може да ги споделат своите мислења, барања и поплаки, во анкетата на МОФ анкетираните студенти, изјавиле дека собранијата треба повеќе да ги застапуваат студентските права и студентскиот стандард.

Во таа насока Ефтимов вели дека издејствувале промена на методот на стипендирање на студенти кои сега се издаваат на месечно нивно, а не еднаш во годината како претходно. Започнат е и процес на измена на стипендиите односно во МОН е формирана работна група која треба да направи анализа за критериумите по кои се издаваат стипендии и за потребата од воведување на нови стипендии.

Ефтимов рече дека донесени се и мерки за финансиска помош на студентите во време на пандемија.

"Може да дискутираме дали беа доволни или не, но би издвоил дека се даваат по 3000 илјади денари за секој студент и по 100 евра за студент за партиципација од социјално загрозени семејства. Дали е ова доволно. Се разбира не. Но, во време од една година особено во време на корона вирус прашање е колку може да се направи" вели Ефтимов.

Дополни дека на барање на студентите од септември ќе почне да се применува и законот за субвенциониран студентски оброк односно секој студент на дневно ниво ќе има по 120 денари за исхрана.

"Следното Универзитетско студентско собрание треба да ги продолжи проектите кои се започнати и верувам дека ќе има поместување во студентскиот стандард, но тој е поврзан и со животниот стандард. Но, кога има низок државен стандард во државата не може да се очекува повисок стандард во образованието", вели Ефтимов.

Инаку, во истражувањата направени во изминатите неколку години само околу пет проценти од студентите се изјаснува дека знаат кои се нивни претставници во студентските организации. Ефтимов коментира дека добро е што оваа година таа бројка се зголемува, но оти тоа не е доволно. Според неговите зборови, главна цел во иднина освен подобрување на видливоста на студентските органзиации треба да биде и што е можно вклучување на студентите во работата на овие тела.

„Проблем беше годинава дека е се онлајн и потешко беше. Но кога ќе се вратат универзитети во нормална ситуација треба да се вклучат што е можно повеќе во студентските организација“

Повеќе младински тела, поголема гласност на младите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Истражувачот Матеј Тројачанец, вели дека сепак во споредба со други години има зголемување на бројот на студенти кои се запознаени со студентските претставници на матичните собранија и на Универзитетското собрание, но оти сè уште постои незаинтересираност за тоа кои студенти ги раководат собранијата.

Во анализата што тој ја изработи се наведува дека мал дел од студентите се информирани за работата на Универзитетското Студентско Собрание, УСС- односно 12,2 % од студентите се целосно запознаени со активностите на УСС, 34,6 % од студентите се делумно запознаени, а 31,9 % се малку запознаени. Но, студентите се поинформирани за активностите на матичните студентски собранија – 20,4 % се изјасниле дека целосно се запознаени со работата на ФСС, 33,5 % делумно и 23,9 % се малку информирани.

Тројачанец истакнува дека потребно е во иднина да се осмисли и покреативна комуникација која ќе биде брз и ефикасен пристап за информирање меѓу младите и нивните претставници. Тој вели дека има работи кои треба да се подобрат и во студентското организирање, но сепак вели дека главниот проблем е што кај надлежните нема воља за спроведување на проектите кои ги засегаат младите.

"Има многу мала соработка со МОН и со Ректоратот за да може да се направат реално промени. Тоа може да се постигне само со подобрување на комуникацијата, како што почнува помалку сега да се прави со МОН, преку формираната работната група во МОН за млади з а креирање на политики. Но, тоа е мал чекор напред. Треба и Ректоратот и МОН да сакаат да ги туркаат овие политики за младите напред", вели Тројачанец.

Инаку, од 14 ти февруари кога му истече мандатот на Борјан Ефтимов Универзитетското собрание нема претседател. Според процедурата, Ректорот на УКИМ треба да свика конститутивна седница на која треба да се соберат сите делегати од сите факултети и потоа тие треба да изберат претседател.

Од друга страна на факултетите на УКИМ изборите за претседатели на Факултетските Собранија се завршени и на 23 те матични факултети студентите имаат нови претставници.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG