Достапни линкови

Стартапите се решение за многу предизвици во општеството


Стартап Македонија

2021-ва година носи предизвик и поттик за младите од сите градови во земјава за да ги развиваат своите иновативни идеи и заедно со многуте расположливи програми и ресурси да ги преточат во стартап бизниси што во иднина ќе се двигател на економијата во земјава, заклучуваат од Стартап Македонија по завршувањето на караванот низ повеќе македонски градови.

Неодамна заврши патувачкиот караван на Стартап Македонија, кој се одржа во Битола, Тетово, Гостивар, Струмица и Велес. Во рамки на караванот се дебатираше за развивање на еко систем.

„2020 е година во која стартап компаниите покажаа дека се решението за многу предизвици во општеството во Македонија а и во светски рамки. Светот стана се помал и поповрзан и се зголеми значењето на помалите градови кои прераснуваат во регионални стартап хабови“, заклучуваат од Стартап Македонија.

Тие сметаат дека оваа година ќе донесе предизвик и поттик за младите од сите градови во Македонија за да ги развијат „своите иновативни идеи и заедно со многуте расположливи програми и ресурси да ги преточат во стартап бизниси“. Од организацијата истакнуваат дека овие бизниси „во иднина ќе се двигател на економијата во земјава“.

Ко-основачот на Стартап Македонија, Игор Маџов изјави дека воочиле потенцијал секаде низ градовите каде поминале.

„Драго ни е што имаме млади кои започнуваат бизниси со голема перспектива, да се развиваат, едуцираат и сакаат да ги движат работите напред. Ние, како Стартап Македонија заедно со целиот екосистем на младите ќе им овозможиме поврзување со сите расположливи програми, директно менторство, едукација, како и алатки кои ќе им помогнат да се развиваат и надградуваат. Знаеме дека секој стартап за да премине во успешен бизнис, треба разумни потези, познавање на пазарот, директна комуникација со потрошувачи и финансиски средства, така што треба да се засукаат ракавите и младите вистински да го развиваат својот стартап. Овој караван ни даде насоки дека младите од помалите градови имаат капацитет да се доразвиваат и да чекорат вистински со своите врсници од цела Европа и пошироко. Нашата дигитална платформа ги прави сите сервиси, ресурси, настани достапни за стартапи само со еден клик и веќе брои 124 регистрирани стартапи и 45 поддржувачи организации кои ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата“, вели Маџов, кој додаде дека платформата и караванот се изведени со поддршка на УСАИД.

Последниот град за посета годинава на Стартап Македонија беше Битола каде што имаа настан со соработниците Фондацијата Преда плус. Фондацијата ја претстави реализацијата на третата по ред стартап програма за поддршка на стартапи во Пелагонискиот регион, „И од Битола се може(и)” преку која 12 бизнис идеи, учесници во двомесечната програма на Преда плус ги презентираа своите идеи и се натпреваруваа за грант од 185.000 МКД.

Најдобрите идеји добија грантови

„Најдобрите 4 старт-ап идеи добија грантови кои ќе им помогнат да ги стартуваат своите бизниси. 200 часови менторство, 36 часови тренинзи, 100 часови заеднички сесии и онлајн предавања на Zoom платформата не донесе до 336 часови вкупно време посветено за поддршка на нашите апликанти. Ова е најдобрата од вкупно три досегашни генерации на програмата “И од Битола се може(и)” што само дава надеж дека сме на вистинскиот пат да креираме можности и да инспирираме на успех. Преку воспоставената соработка со Стартап Македонија и предавачите кои беа вклучени во програмата на Преда плус претприемачите од Пелагонискиот регион имаа можност да слушнат предавања за актуелни теми од стартап еко системот. Кон средината на месец јануари 2021, Преда плус ќе го објави повикот за аплицирање со бизнис идеи во четвртата генерација од стартап програмата и од Битола се може(и)“, рече Лидија Ангелкова, проектна координаторка во Преда Плус.

Во декември Стартап Македонија одржа хибриден караван во пет градови,Битола, Велес, Тетово, Гостивар и Струмица, со партнер организациите а тоа се ПРЕДА Плус во Битола, X Factor во Велес, SEEUTechPark во Тетово, CoWork во Гостивар и Business Incubator Center & PowerAD во Струмица. Тие преставуваат локални центри за иновативност и развој на стартапи и со кои континуирано комуницира и соработува со цел основачите на старапи да бидат информирани за тековните инцијативи, отворени повици и идни видови на поддршка за развој на своите бизнис идеи.

XS
SM
MD
LG