Достапни линкови

Вести

Заев: Носете маска за да и се спротивставиме на пандемијата

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук порача дека носењето заштитна маска засега е наједонставниот и најсигурен начин за спротивставување против пандемијата.

„Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата" напиша Заев дополнувајќи:

"Јас носам маска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен. Ве повикувам сите редовно да носите маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со Ковид-19"

Од Министерството за здравство, пак, денеска соопштија дека заедно со Владата започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на мерките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.

Кампањата, е со слоганот "НосамМаска"

"Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка во цела Европа", се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Корона плус сезонски грип - следните недели нема да биде полесно

Новите мерки кои ги донесоа властите со донесувањето на законските измени во последните денови од октомври подразбираат задолжително носење маска на отоврено.

За неносење маска спред новите законски обврски казната изнесува 20 евра.

Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истото семејство, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Mаска на отворено не се носи и ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, ако лицето е помладо од 6 години или има специфична здравствена состојба.

види ги сите денешни вести

ДИК ќе направи увид во избирачкиот материјал од едно гласачко место во Дебар

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за формирање комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на денешната седница по формирањето на комисија ќе се закаже јавна седница. Увидот во избирачкиот материјал е по барање на членот на ДИК Кренар Лога. Тој бара да се спроведе споредување на отпечатоците од прсти за избирачко место 543 каде од записникот, како што рече, се гледа дека 172 избирачи имаат гласано без совпаѓање на отисок во уредот.

Членот на ДИК Оливер Ристовски, претходно рече дека ова е предлог по кој ДИК не одлучува и реагираше да се утврдат критериуми врз основа на што ќе се утврдува дека се исполнети законските услови за ова право.

„Тоа е законски предлог и нема зошто да го гласаме, но сакам и за сега и за во иднина да поставиме некои критериуми. Прво, врз основа на што ние утврдуваме дека е процентот исполнет од законската обврска, и второ, за ова одлучува Претседателот на Комисијата, бидејќи за мене е се чисто на избирачко место 543“, изјави Ристовски.

Претходно, членовите на ДИК со четири гласа „против“ и три „за“ го отфрлија приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар.

Претставникот на Алијанса за Албанците и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО.

Хрватската академија на науките бара условување на српските евроинтеграции

Илустрација

Хрватската академија на науките и уметностите и предложи на владата како еден од условите за пристапување на Србија во ЕУ, да побара од владата во Белград „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик“ како посебен и независен стандарден јазик и еден од официјалните јазици на ЕУ.

Во соопштението на Академијата е наведено дека Одборот за нормирање на хрватскиот стандарден јазик на ХАЗУ доставил изјава до Владата и Премиерот Андреј Пленковиќ во врска со процесот на пристапување на Србија кон ЕУ. Со неа и предлага на Владата да побара еден од условите за пристап на земјата кон Унијата да биде токму јавно и недвосмеслено признавањето на хрватскиот јазик.

Одборот, како се наведува, ја усвоил изјавата „земајќи го предвид фактот дека културните и јавните тела на Србија, како и институциите финансирани од нејзиниот буџет, често со години го негираат постоењето на хрватскиот јазик и неговата историја и го присвојуваат хрватското книжевно наследство, особено хрватската книжевност на Дубровник, објаснувајќи го тоа со тезата дека дубровничките писатели наводно пишувале на српски јазик“.

Изјавата, како што е наведено во соопштението е доставена „поради фактот што во образовната програма во училиштата во Република Србија хрватскиот јазик лажно е претставен како српски јазик кој само се нарекува со хрватско име“.

Претходно, Пленковиќ во пресрет на самитот на ЕУ-Западен Балкан во Словенија изјави дека негирањето на хрватскиот јазик во учебник на Република Србија е срамно и недозволиво.

Хрватска очекува Србија да ги „отстрани таквите аномалии во учебниците“, кои исто така покажуваат „недостаток на почит“ кон соседната земја.

Во учебникот по граматика од група автори „Од зборови на дела“ за учениците од осмо одделение е наведено дека српскиот, словенечкиот, македонскиот и бугарскиот јазик припаѓаат на групата јужнословенски јазици, а „Хрватите, Бошњаците и некои Црногорци српскиот јазик го нарекуваат хрватски, босански, бошњачки и црногорски“.

Ердоган се закани со протерување на амбасадорите од западните земји

64 годишниот Осман Кавала е притворен и обвинет дека сака да ја дестабилизира Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги протера амбасадорите од десет земји, вклучително и Франција, Германија и САД. До оваа најава дојде откако оваа недела со заедничко соопштение амбасадорите повикаа на ослободување на опозицискиот активист и покровител Осман Кавала.

„Му реков на нашиот министер за надворешни работи дека не можеме да си дозволиме да ги примиме во нашата земја“, изјави денеска Ердоган.

Во соопштението објавено во понеделникот вечерта, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и Соединетите Американски Држави побараа „брзо и праведно решавање на случајот на Осман Кавала, турски издавач, покровител и противник на режимот, кој веќе четири години е во притвор без судење“.

„Вие ќе давате поуки на Турција? Кои сте вие?“, реагирал турскиот претседател, истакнувајќи дека „турското судство е независно“, објавија локалните медиуми.

Следниот ден по нивното заедничко соопштение, во вторникот наутро, амбасадорите на десетте земји беа повикани од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој го нарече „неприфатлив“ нивниот повик во корист на Кавала.

Дипломатите во соопштението оценија дека „постојаното одложување на неговото судење фрла сенка врз почитувањето на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста на турскиот судски систем“.

64 годишниот Осман Кавала беше обвинет дека сака да ја дестабилизира Турција. Тој е богат бизнисмен и филантроп, роден во Париз. Во декември 2019 година, Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) нареди негово „итно ослободување“, но безуспешно.

ДИК одби десетина приговори за првиот изборен круг од помалите партии, големите партии немаа забелешки

Aлександар Даштевски, претседател на ДИК

Државната изборна комисија на денешната седница ги одби сите шест приговори на Левица кои последни ги разгледуваше поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази. Левица имаше поднесено шест приговори од кои четири за Штип и два за Кисела Вода.

Отфрлен е и приговорот на партијата Твоја поради тоа што е поднесен по рокот.

Претходно, членовите на ДИК со четири гласа „против“ и три „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар.

Претставнилот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога.

Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО, но и дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од ОИК Дебар, но продолжил да ја врши функцијата.

ДИК не го прифати ниту приговорот на Движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги повлекоа своите приговори за првиот круг од гласањето на локалните избори.

Инаку на локалните избори што се одржаа во неделата вкупно 34 општини добија градоначалник во првиот круг од кои 22 се од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ доби девет. Во голем дел општини ќе се одржи втор изборен круг на 31 октомври

Починати 11 и нови 490 случаи на ковид-19

Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 490 случаи на заразени со ковид -19 од направени 3.073 тестирања. Речиси половина од нив се во Скопје.

Министерството за здравство евидентирале и 11 починати лица од кои четворица од Скопје, тројца од Куманово, двајца од Прилеп меѓу кои и најмладиот починат пациент со 25 години, и по едно починато лице од Струмица и Радовиш . Сите се починати во болнички услови, велат од министерството.

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.

Според бројот на активни случаи на заболени со ковид-19 на врвот на листата е Скопје со вкупно 3008 активни случаи. Веднаш по него е Куманово со активни 481, па Велес со активни 294 случаи.

Рудници од регионот, Русија и Турција заинтересирани за тендерот за јаглен

Илустрација, архивска фотографија Јаглен за РЕК Битола

Компании од Русија, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово испратиле вкупно 13 понуди за отворените тендери за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола“ и осум понуди за РЕК „Осломеј“. Понуди се доставени од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

Вкупно девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа, вели Ковачевски.

„Во прва фаза утврдено е дека за „Осломеј“ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК „Битола“, понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет“, изјави Ковачевски.

Тој најави дека следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават, а потоа ќе биде донесена одлуката за избор.

Народна Банка- Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите

Илустрација

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, соопшти денеска Народната банка. Во нивното соопштение е наведено дека на месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.

Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата.

Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти и 0,8 проценти. Растот во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари.

Најголем раст е забележан кај потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити има месечно зголемување од 2,4 проценти, а на годишна основа продолжува трендот на намалување. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат и месечно и годишно намалување.

Пукнатина во цевка предизвика исклучување на нуклеарен реактор во Русија

Вработени во руска нуклеарна централа

Реактор во нуклеарна централа во југозападниот регион Ростов во Русија беше исклучен по откривањето на истекување на пареа. Операторот соопшти дека нивото на радијација е нормално.

„Втората енергетска единица беше исклучена од мрежата при рутинска контрола за одржување на термичката и механичката опрема“ соопштија од подружница на државната нуклеарна централа Росатом.

Претходно истиот ден, работниците во нуклеарната централа Ростов пронајдоа пукнатина од 18 милиметри во заварен спој на цевка што се користи за контрола на влажноста и нивото на пареа. Во соопштението од централата е наведено дека цевката во која е пронајдена пукнатината не спроведува радиоактивна вода.

Рускиот надзорник за јавно здравје соопшти дека нивото на радијација на местото е во рамките на нормалното.

Нуклеарната централа со четири единици се наоѓа на брегот на сливот за складирање вода во Цимљанско езеро , 250 километри од регионалната престолнина, Ростов на Дон во југоисточна Русија.

Нов обид за составување влада во Романија

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го назначи пензионираниот генерал Николае Чиука за мандатар за состав на новата влада.

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го назначи пензионираниот генерал Николае Чиука за мандатар за состав на новата влада. Со оваа одлука на претседателот Јоханис се стави крај на едномесечниот политички ќорсокак.

„Политичката криза мора да заврши сега. Сега. Сега сите заедно треба да ставиме крај на оваа криза, што трае предолго, со оглед на пандемиската криза и драматичната состојба во болниците како што доаѓа зимата“ изјави Јоханис.

54 годишниот либерал Чиука кој сега е вршител на должноста министер за одбрана, служел во воените мисии под водство на САД во Ирак и Авганистан. Тој како мандатар има рок од десет дена да ги зацрта владините насоки на делување и да ја добие довербата од парламентот.

Претходниот мандатар Дачијан Чиолос вчера не успеа да ја добие довербата на парламентот за неговата центристичка малцинска влада.

Романскиот претседател му даде мандат на Чиолос, лидерот на партијата УСР, да формира нова влада, откако неодамна беше изгласана недоверба на коалициската влада предводена од Флоријан Циту, која траеше само девет месеци.

Русија пријави нова варијанта на ковид-19, позаразна од Делта-сојот

Илустрација, ковид центар во Русија

Русија пријави нова варијанта на ковид-19, за која се верува дека е уште позаразна од Делта-сојот. Во земјата расте бројот на заразени и починати од ковид, што ги натера властите повторно да воведат рестриктивни мерки.

„Можно е варијантата AY.4.2 да се прошири“, изјави вишиот истражувач Камил Хафизов, кој работи во Роспотребнадзор, тело за надзор на здравствениот систем.

„Новата варијанта би можела да предизвика скок на бројката за нови случаи, па дури и да ја замени Делта варијантата на крајот, иако процесот најверојатно ќе биде бавен“, рече Хафизов.

Предупредувањето на Хафизов доаѓаат во време, кога руските власти пријавија дека во изминатото деноноќие од ковид починале 1 036 лица, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Пријавен е и рекорден број на инфекции - 36.339.


Русија има убедливо најголем број официјални жртви од ковид во Европа-227.389, додека на светско ниво е на четврто место.


Порастот на случаи во последните недели го натераа московскиот градоначалник Сергеј Собјанин денеска да објави повторно воведување на мерки со кои градот ќе се затвори од 28 октомври до 7 ноември. Предвидено е да се затворат сите продавници, барови и ресторани, освен оние што продаваат основни производи.
Потегот доаѓа еден ден откако претседателот на Русија Владимир Путин прогласи национална „неработна“ недела, која ќе почна на 30 октомври.

ДИК – Болните и немоќните и тие со ковид да се пријават за гласање за втор круг избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска информираше дека лицата на кои им е признаено правото на глас како болно и немоќно лице тоа право ќе го остварат и во вториот изборен круг, на ист начин и под исти услови. За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице, наведуваат од ДИК. Нови барања ќе треба да поднесат и лица со ковид-19 и во изолација.

Болните и немоќните и лицата кои се ковид позитивни или во самоизолација гласаат еден ден пред денот на изборите, во случајов на 30 октомври.

Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице е до 23 октомври, до 24:00 часот.

Тие пак што се позитивни на ковид или се во самоизолација треба да поднесат ново барање за гласање до Општинската изборна комисија. Рокот за поднесување на нови е до 25 октомври, до 24:00 часот.

Во првиот изборен круг, според информациите од ДИК, право на глас имале 7.921 болни и немоќни лица, а биле пријавени и 476 лица со ковид-19 и во самоизолација.

Триесет и пет Авганистанци кои времено престојуваа во земјава заминаа во Грција

Архивска фотографија - Група Авганистанци пристигнаа на аеродромот во Скопје. 15 септември 2021.

Триесет и пет државјани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште.

Од Владата соопштија дека станува збор за активисти за човекови права и за женски права и членови на нивни семејства.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Македонија им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

„Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“, наведуваат во Владата.

Скринингот на учениците за ковид досега не покажа позитивен тест

Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Скринингот на учениците почна вчера, а се тестираат ученици од средни училишта во Скопје и од повеќе основни училишта низ земјата.

Министерот верува дека до крајот на неделава ќе се истестираат за ковид-19 околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат изјавите со согласност од родителите.

„Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак. Но, да почекаме се уште е рано. Тие родители кои не даваат согласност се оди на алтернатива на друго дете во класот согласно методологијата. Досега некаков отпор нема, не верувам дека ќе има. Апелирам да се свесни родителите дека со земање обичен брис не е никаков ризик и како метода многу ќе научиме за ситуацијата со епидемијата кај нас“, рече Филипче.

Во врска со скринингот за хронично болните, посочи дека за скринингот разговараат со претставници на Светската здравствена организација и ќе ги вклучат и тие експерти и тоа ќе трае подолго време.

Скринигот треба да опфати 8200 ученици, а според Министерството за здравство има за цел рано детектирање на ковид-19. Но, експерти, претходно во анализа за РСЕ, оценија дека тестирањето или треба да се врши редовно или да се прави само на учениците кои ќе пројават симптоми за да го има посакуваниот ефект.

Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против ковид-19

Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против ковид 19, лекот Молнупиравир, информираат од Министерството. Од таму велат дека ставиле во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

„Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 проценти“, соопштуваат од Министерството.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против ковид 19 не може да се споредуваат.

„Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на ковид -19“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Светска банка – Годинава инфлацијата од 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира

Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти, а инфлацијата 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира, покажува најновиот Извештај на Светска банка.

„И покрај економското закрепнување се уште постојат ризици, пред се поради бавното темпо на вакцинација во земјата“, беше речено на денешната онлајн презентација на извештајот.

„Проекцијата за раст е 4,6 проценти во 2021 година, многу повисока од пролетните проекции. Овие позитивни изгледи и понатаму се опкружени со надолни ризици како резултат на бавното темпо на имунизација и сè уште нарушените синџири на снабдување, како и со тоа што условите за финансирање почнаа да се затегнуваат“, рече директорот на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи.

Според него, економиите на сите земји во Западен Балкан, освен на Црна Гора, до крајот на година ќе се вратат на ниво пред пандемијата.

Укажувајќи на надолните ризици, Паолучи нагласи дека стапката на вакцинација во Западен Балкан која заостанува зад другите европски земји, може да предизвика нови рестрикции како резултат на појава на нов КОВИД бран. Од друга страна, тесниот фискален простор и големото ниво на долг и натаму владеат во регионот. Во земјава, според податоците на Министерството за здравство, 38 отсто од населението е вакцинирано.

Од Светска банка велат и дека политичката несигурност исто така ќе го забави закрепнувањето на домашните и странските инвестиции кои му се потребни на регионот за да се зголемат потенцијалните резултати и да се креираат работни места.

Русија распиша потерница по Љубов Совол, соработничка на Навални

Руската опозициска активистка Љубов Собол.

Руските власти распишаа потерница по опозициска активистка Љубов Собол, која е блиска соработничка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални. Таа избега од земјата откако беше прогласена за виновна за кршење на мерките за коронавирус.

Името на Собол се појави во базата на податоци за барани лица на Министерството за внатрешни работи, со ознака дека е „барана по член од Кривичниот законик“.

Собол која има 34 години и е адвокатка, побегна од Русија во август, неколку дена откако беше осудена на 18 месеци ограничување на слободата. Судот во Москва ја прогласи за виновна за јавно повикување на кршење на санитарните и епидемиолошките безбедносни мерки. Таа ги прекршила мерките кога го организираше собирот во знак на протест против затворањето на Навални во јануари. Неколку соработници на Навални се прогласени за виновни по слични обвиненија.

Медиумите објавија дека Собол моментално се наоѓа во соседна Естонија.

Талибанците нападнале новинари кои известувале од протест на жени

Авганистан - Марш на жени во Кабул.

Талибанските милитанти нападнале неколку новинари што известувале од собир во Кабул на група жени кои барале „работа, леб и образование“.

Откако ја соборија меѓународно признатата влада во Кабул во средината на август, талибанците тврдеа дека ќе бидат поумерени во споредба со нивното претходно владеење од 1996 до 2001 кога беа побрутални. Во тој период на девојчињата не им беше дозволено да одат на училиште, а на жените им беше забрането да работат, да се образуваат и да спортуваат.

Меѓутоа, Обединетите нации и групите за човекови права ги критикуваат талибанците што ги прекршија ветувањата дека ќе им дозволат на жените да работат и на девојките да имаат пристап до сите нивоа на образование. Тие ги обвинија талибанците дека воведуваат широки ограничувања за медиумите и за слободата на говор.

Група од околу 20 жени маршираа низ Кабул во одбрана на нивните права, оти во само пет од вкупно 34 авганистански провинции на девојчиња им е дозволено да посетуваат средни училишта и затоа што на огромното мнозинство жени им е наредено да не се враќаат на работа.

Демонстрантите извикувале „Не го политизирајте образованието“ пред да интервенираат талибанците.

Новинската агенција АФП пренесува дека талибанците во еден момент почнале да удираат странски фотограф.

Најмалку двајца други новинари биле погодени додека се обидувале да си заминат од месото на протестот откако талибанците почнале да ги удираат со клоци и да замавнуваат со тупаници, објави АФП.

„Ситуацијата е таква што талибанците не почитуваат ништо: ниту новинарите, дали се странски или домашни, ниту жените“, рече Захра Мохамади, една од организаторите на протестот.

Талибанските власти веднаш не дадоа коментар за настанот.

Во Украина рекорден број на заразени од ковид во еден ден

Украина - Луѓе со маски во градски автобус

Во Украина е регистриран нов рекорд на заразени од ковид. Во земјата неколку расте бројот на заразени и на починати лица и покрај тоа што властите донесоа построги мерки.

Министерството за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22.415 нови случаи на коронавирус, со што е надминат претходниот рекорд од 20.341 заразени во еден ден, регистриран на 3 април.
Вкупниот број на смртни случаи во изминатите 24 часа беше исто така е рекорден, регистрирани се 546 смртни случаи. Досега во земјата која има 41 милиони жители од ковид починале околу 62.000 луѓе.

Украинските власти започнаа со заострување на мерките против ковид минатите месеци и најавија дополнителни ограничувања во последните денови. Пратениците, исто така, ја продолжија вонредната состојба што им овозможува на властите да воведат такви ограничувања до крајот на годината.

Со трета доза досега вакцинирани над 2300 граѓани

Заклучно со 20 октомври вкупно против ковид се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Од крајот на минатиот месец и во Македонија почна вакцинација со трета доза. Одлуката првин важеше за лица над 60 години, здравствени работници и луѓе со послаб имунитет, а условот беше да поминеле шест месеци од последната доза. Потоа се донесе одлука тоа да важи за сите без разлика на возраста, доколку сакаат. Пред неколку денови Националниот комитет за имунизација препорача, граѓаните кои се вакцинирани со „Синовак“ и „Синофарм“, да може да примат трета доза Фајзер три месеци по вакцинирањето.

Хјуман рајтс воч бара да се зголеми поддршката за Авганистанците во ризик

Да се зголеми поддршката за Авганистанците кои се во ризик, кои бараат да ја напуштат својата земја или веќе избегале и сега се наоѓаат во соседните земји или во други транзитни земји, побара Хјуман рајтс воч (ХРВ) од агенциите и од земјите членки на Обединетите нации.

Организацијата за човекови права бара агенциите на ОН и владите кои ги прифаќаат авганистанските бегалци и баратели на азил „да се фокусираат на зголемување на преселбата на бегалците и на изнаоѓање безбедни и издржливи решенија за оние Авганистанци на кои им е потребна заштита“.

Откако Талибанците во август ја презедоа контролата врз поголемиот дел од Авганистан, многу Авганистанци се под голем ризик од одмазда од страна на тврдокорната исламистичка група, вклучително и бранители на човекови права, активисти за женски права, медиумски работници, судии и други кои претходно работеа во администрацијата или во безбедносниот сектор.

„Овие Авганистанци зависат од тоа владите да им го испочитуваат правото на азил“, се наведува во изјавата на Бил Фрелик, директор во Хјуман рајст воч за правата на бегалците и мигрантите.

Реакцијата на ХРВ успеди откако Амнести интернешенел соопшти дека Авганистанците кои се изложени на ризик од одмазда од страна на Талибанците се соочуваат со ужасни пречки во потрагата по сигурност надвор од Авганистан.

Српската десница најавува меѓународен собир на Косово

Постер на Миша Вачиќ, претседател на Српската десница, Белград

Меѓународната организација Алијанса за мир и слобода (АПФ), која собира екстремно десничари, планира митинг на северот на Косово, потврдено е за Радио Слободна Европа (РСЕ). Како што изјави за РСЕ лидерот на десничарското движење Српска десница Миша Вациќ, намерата е да им се „обезбеди меѓународна поддршка“ на Србите во Косово на митингот во средината на ноември. „Да видат Србите дека не се само наши традиционални браќа - како што се Русите и Грците, туку дека има луѓе во сите европски нации кои се на политичка позиција дека Косово е Србија“, рече Вациќ.

Борел - Само дијалогот под медијаторство на ЕУ е решение за Србија и Косово

Алијансата за мир и слобода (АПФ) собира екстремно десничарски политички партии и движења низ Европа. Членовите на Алијансата се, меѓу другото, италијанската партија Форца Нуова, Францускиот национален фронт, а соработува и со забранетата грчка неонацистичка организација Златна зора. Алијансата, исто така, одржа конференција „Нации на Европа“ во Белград на 26 септември во хотелот Москва, на која, според извештајот од страницата, се слушале пораки со кои се негира пандемијата, но и независноста на Косово.

НАТО ќе бара канали со Русија и покрај шпионската афера

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата сепак ќе треба да разговара со Русија откако Москва ја прекина дипломатската мисија во НАТО поради спор за шпионажа. Тоа значи потпирање врз телефонската линија помеѓу началникот на Генералштабот на Русија, Валериј Герасимов и Тод Волтерс, врховен командант на НАТО во Европа, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавија официјални претставници и дипломати. Русија, исто така, ја остави отворена можноста за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, иако формалните состаноци во форматот на Советот НАТО-Русија сега се замрзнати. „Односот меѓу НАТО и Русија сега е на најниско ниво од крајот на Студената војна. За нас, тоа всушност не е аргумент против дијалогот“, рече Столтенберг.

Русија ја затвора Мисијата во НАТО и ја укинува Мисијата на НАТО во Москва

Русија - Американски воен брод навлезе во руски води

Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине активностите на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако западната воена алијанса протера осум Руси, тврдејќи дека се шпиони. Москва ги отфрла сите обвинувања. Лавров, исто така, рече дека на вработените во воената мисија на НАТО во Москва ќе им биде одземена акредитацијата од 1 ноември, а информативната канцеларија на Алијансата во руската престолнина ќе биде затворена. Западот и Русија остануваат спротивставени околу Украина и дали НАТО има право да се прошири на исток, но седниците на Советот Русија-НАТО им овозможуваа на двете страни да изразат поплаки и да се обидат да избегнат какви било случајни судири во регионот.

Во Бугарија нови правила против ковид-19

Во Бугарија неопходен ковид-пасош

Во Бугарија од денеска, како што нареди Министерството за здравство, сите активности во затворени простории ќе се изведуваат само со поседување зелен сертификат. Документот се однесува на завршен циклус на вакцинација, прележан ковид-19, антиген тест не постар од 48 часа или ПЦР тест кој важи 72 часа. Условот за зелен сертификат важи за кино сали, театри, концерти, музеи, галерии, трговски центри, продавници над 300 квадратни метри, спортски сали, спортски сали, клубови, базени, ресторани, хотели, пазари, пазари, чаршии, фудбалски натпревари.

Учениците во Софија на онлајн настава

Во Романија и Бугарија расте трговијата со лажни сертификати за вакцини


За работодавачите во администрациите, работното време со променливи ограничувања треба да биде помеѓу 7.30 и 10 часот наутро, при што работата на растојание се распределува на најмалку 50% од персоналот. Суспендирани се посети на болници, социјални услуги за деца и возрасни, центри за дијализа и други за работа со зелен сертификат, ова барање се воведува и за вработените во домовите за стари лица во земјата. Во јавниот превоз нема да се воведе зелен сертификат. Во случај на непочитување на новите мерки - законот предвидува парична казна, а во случај на груба или систематска повреда се испраќа сигнал до обвинителството. Во Бугарија постојано се зголемува бројот на пациенти и смртни случаи од коронавирус.

Поранешниот претседател на САД Трамп со платформа за социјални медиуми „TRUTH“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе лансира сопствена апликација за социјални медиуми, TRUTH Social, за која рече дека „ќе им се спротивстави на големите технолошки“ компании како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи. TRUTH Social ќе биде создадена преку нова компанија формирана со спојување на групацијата „Трамп медиа и технологија“ и специјална компанија за аквизиција, се вели во соопштението за печатот што двете организации го објавија синоќа.

Трамп на суд бара Твитер да му ја прекине забраната на неговиот профил

„Живееме во свет каде што Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, но вашиот омилен американски претседател е замолчен. Ова е неприфатливо", наведе Трамп во писмената изјава вклучена во соопштението. „Возбуден сум што ќе ја испратам мојата прва TRUTH (ВИСТИНА) за TRUTH Social многу наскоро“, вели Трамп. Социјалната мрежа, поставена за бета-лансирање во следниот месец и целосна реализација во првиот квартал на 2022 година, е првата од трите фази во плановите на компанијата, проследена со претплата за видео услуги наречена TMTG+ која ќе содржи забава, вести и подкасти, се наведува во соопштението за печатот.

САД и ЕУ сериозно загрижени за „реториката на поделби“ во Босна и Херцеговина

Националното собрание на Република Српска, Бања Лука, 20.10.2021.

Во заедничката изјава на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, се наведува дека САД и ЕУ се „обединети во нивната цврста поддршка за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и во нивната заедничка работа за промовирање на изборните и уставна реформа и одржување на функционалноста на нејзините државни институции“. Изјавата беше објавена откако пратениците во Република Српска, ентитетот со српско мнозинство, кој сочинува дел од Босна и Херцеговина, усвои нов закон кој потенцијално го поткопува уставот на земјата.

Република Српска ги укинува надлежностите на Агенцијата за лекови на БиХ

Законот за медицинска опрема и лекови -- усвоен од Националното собрание на Република Српска на 20 октомври -- предвидува формирање на Агенцијата за медицинска опрема и лекови во регионот како „независна административна организација“ со „статус на правно лице“. Новото тело во суштина ќе ги преземе овластувањата и одговорностите на Агенцијата за медицинска опрема и лекови во земјата, федерална агенција формирана во 2009 година.

Босанските лидери убедени дека нема да има поделба на БиХ

Претходно и високиот претставник на Меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит предупреди дека усвојувањето на законот за основање на Агенцијата за лекови на Република Српска е сериозен предизвик за надлежностите и непреченото функционирање на БиХ. Шмит посочи дека субјектите се должни целосно да го почитуваат Уставот и одлуките на државните институции, како што е Законот за лекови и медицински помагала на БиХ. Според него, ова е директно насочено против заштитата на јавното здравје, а со тоа и опасен и непотребен ризик за животот и благосостојбата на сите граѓани на БиХ.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG