Достапни линкови

Еврокомесарот Вархеји веќе не е во самоизолација


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека веќе не е во самоизолација затоа што вчера добил негативен резултат од последниот тест за коронавирусот.

„Веќе не сум во самоизолација и продолжувам со своите активности, целосно почитувајќи ги упатствата за здравјето", напиша тој на Твитер.

Вархеји во неделата објави дека оди во самоизолација додека чекал резултат од тестот, откако член на неговиот тим имал позитивен тест.

Вархеји: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа

Во минатата недела, тој го посети Западен Балкан, каде им го претстави на владите извештајот на Европската комисија за напредокот во европската интеграција и економско-инвестицискиот план за регионот.

XS
SM
MD
LG