Достапни линкови

Вархеји: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа


Еврокомесарот Оливер Вархеји

Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската комисија, изјави денеска во Сараево комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји. По разговорите со домаќините, Вархеји пред новинарите изјави дека Комисијата многу ревносно работи од првиот ден за да даде до знаење дека Западен Балкан е приоритет на ЕК.

„И не само тоа, ние го гледаме Западен Балкан како дел од Европа и го гледаме на долг рок или на краток рок како целосно интегриран во Европската унија“, порача тој.

Зборувајќи за иницијативата „мини Шенген“, Вархеји рече дека тоа значи брза можност за проток на стоки и луѓе и оти тоа ќе овозможи прилив на инвестиции и ќе го олесни платниот промет.

„Затоа започнавме да работиме на нова методологија за проширување, почнаа преговори со Северна Македонија и Албанија. Работиме и на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија“, истакна еврокомесарот Вархеји.

Вархеји: Во интерес на Северна Македонија и Бугарија е да најдат решение

XS
SM
MD
LG