Достапни линкови

Студентите од 6-та година на Медицина ќе помагаат во борбата со Ковид-19


Министерот за здравство Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, на средба со студентите од шестта година по општа медицина

Министерот за здравство Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, денеска се сретнаа со студентите од шестта година по општа медицина и разговараа за вклучување на студентите - идните лекари, во процесот на справување од коронавирусот.

„Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, студентите по медицина, иднината на нашето здравство, активно се вклучува во поддршка на своите колеги. Студентите се едногласни дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува. Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците“, рече министерот Филипче по средбата.

Тој нагласи дека тие студенти нема да имаат физички контакт со пациенти заболени или суспектни на Ковид-19.

Ангажманот на студентите ќе трае шест месеци и ќе биде поделен во три фази. На секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје.

XS
SM
MD
LG