Достапни линкови

Меркел: Новиот бран корона инфекции е сериозен, да бидеме одговорни


Ангела Меркел

Германската канцеларка, Ангела Меркел , синоќа го опиша неодамнешниот бран на инфекции со коронавирус ширум Европа како „сериозен“ и ги повика земјите-членки на Европската унија да научат од грешките направени кога пандемијата првпат го погоди континентот.

Канцеларката, говорејќи онлајн на конференцијата на Комитет на регионите, рече дека карантинот предизвикал пад на бруто домашниот производ дека „мораме да покажеме дека ја научивме нашата лекција“.

„Мораме да ги замолиме луѓето од Европа да бидат претпазливи, да ги следат правилата, да се држат на дистанца, да ги покриваат устата и носот и да сторат се што можат за да го елеминираат вирусот, а притоа да ја одржуваат економската активност“, додаде Меркел за време на видео конференцијата.

XS
SM
MD
LG