Достапни линкови

Европа ги заострува ограничувањата поради голем број на случаи на коронавирус


Европските земји воведуваат голем број нови ограничувања бидејќи вториот бран на коронавирус го погоди континентот. Низ цела Европа има огромно зголемување на случаите на коронавирус во последните неколку недели по повторното отворање на големите сектори на економијата и на училиштата и универзитетите. Бидејќи инфекциите во регионот надминуваат 100.000 на ден, се зголемуваат стравувањата дека без брза акција за ограничување, болниците ќе бидат презаситени во следните недели во време на зголемен ризик од грип.

Рекордна бројка на заболени од коронавирус во Русија

Досега, стапките на смртност беа далеку помали отколку во март и април, но бројките се зголемуваат, како и стапките на хоспитализација. Најмногу заразени бележат во Британија, Русија, Шпанија, Франција и Чешка. Инфекциите на коронавирусот во Русија достигнаа нов рекорд за 24-часовен период на 11 октомври, со над 13.000 нови потврдени случаи.

XS
SM
MD
LG